13 февруари — Искорнете го секое семе на сомневање

Мараната — Господ доаѓа
Искорнете го секое семе на сомневање
13 февруари
„И така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда. Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното; зашто уште малку, сосем малку и ’Оној што иде, ќе дојде и нема да задоцни. А праведниот преку верата ќе биде жив; Јас не се радувам за ниеден кој отстапува.‘ Ние, пак, не сме од оние што отстапуваат и гинат, туку од оние кои веруваат и се спасуваат.“ (Евреите 10:35,36,37,38,39) {МАР 52.1}
„Покажано ми е дека ние сега се наоѓаме во времето на решетање. Сатаната работи со сите свои сили да ги оттргне душите од Христовите раце, наведувајќи ги да го исмеваат и навредуваат Божјиот Син. … {МАР 52.2}
Карактерот секојдневно се развива. Божјите ангели ја одмеруваат неговата морална вредност. Бог на тој начин го испитува и проверува Неговиот народ. Ангелот ми укажа на следните зборови на апостолите: ’Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог. Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: ’Денес‘, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот; зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога‘. На Бог не му е по волја некој од оние што ја запознале силата на Неговата благодат да ги искажува своите сомнежи и така да стане орудие во рацете на сатаната, пренесувајќи ги неговите дошепнувања и во мислите на другите. Еднаш засеаното семе на неверување и зло не е лесно да се искорени. Сатаната постојано го потхранува и тоа расте и станува сѐ посилно. Доброто семе треба постојано да се одгледува, да се наводнува и чува; бидејќи секое отровно влијание на кое може да биде изложено го спречува неговото растење и доведува до негово потполно изумирање. Денес сатаната вложува поголеми напори од било кога порано, бидејќи знае дека има уште малку време. … {МАР 52.3} {МАР 52.4}
Божјиот народ ќе биде решетан како што се решета пченка во решето, додека потполно не се одвои од плевата и остане само чисто зрно. Ние треба постојано да гледаме на Христос, следејќи го Неговиот пример на смиреност и чистота. … {МАР 52.5}
Покажана ми е наградата на светите: бесмртното наследство. Потоа видов дека припадниците на Божјиот народ, колку и да поднесат поради Христос, на крајот сепак ќе заклучат дека небото беше доволно евтино. Тие знаат дека страдањата низ кои овде мораат да поминат не се ништо во споредба со славата што на крајот ги очекува. Припадниците на Божјиот народ нема да бидат поштедени од неволји во овие последни денови. Но, наскоро наидува и нивната последна проба, и тогаш ќе го примат дарот на вечниот живот.“ (1. Сведоштво, стр. 429–432) {МАР 52.6}
