13 декември — Славата на светот во вечноста

Мараната — Господ доаѓа
Славата на светот во вечноста
13 декември
„Ти ми го покажа патот на животот; полнота од радост има пред Твоето присуство; вечно блаженство е во Твојата десница.“ (Псалми 16:11) {МАР 355.1}
„Пред мене се отвори слика на славата на вечниот свет. Сакам да ви кажам дека Небото вреди да се бориме за него. Целта на вашиот живот треба да биде да се подготвите за дружење со откупените, со светите ангели и со Исуса, Откупителот на светот. Кога би можеле само еднаш да погледнеме во небесниот град, никогаш повеќе не би посакале да живееме на Земјата. На Земјата има прекрасни предели и јас уживам во сите овие слики на природна убавина. Ги поврзувам со Творецот. Но знам дека, ако Го љубам Бога и ги држам Неговите заповеди, на Небото ме чека вечна и далеку поголема слава.“ (The Faith I Live By, стр. 364) {МАР 355.2}
„Оваа Земја … очистена со оган, тогаш ќе биде многу поубава. Тревата ќе биде свежо зелена и никогаш нема да овене. Таму ќе има рози и кринови, како и секаков вид цвеќе. Тоа никогаш нема да биде уништено, ниту ќе овене, ниту ќе ја изгуби својата убавина и мирис. {МАР 355.3}
Лавот, од кого овде толку сме се плашеле, таму ќе лежи покрај јагнето, и сè на новата Земја ќе биде мирно и хармонично. Дрвјата на новата Земја ќе бидат исправени и величествени, без неправилности. {МАР 355.4}
Светиите ќе носат круни на слава на своите глави и златни харфи во рацете. Ќе свират на златните харфи и ќе пеат за откупителната љубов и ќе Му пеат на Бога. Нивните минати искушенија и страдања на овој свет ќе бидат заборавени и изгубени среде славата на новата Земја.“ (The Youth’s Instructor, октомври 1852.) {МАР 355.5}
„Сè што е убаво во овој наш дом на Земјата нека нè потсетува на кристалната река и зелените полиња, на дрвјата што се нишаат и живите извори, на блескавиот град, на пејачите облечени во бели облеки, на нашиот небесен дом — на светот на убавина кој ниту еден уметник не може да го наслика, ниту еден смртен јазик да го опише.“ (Мојот живот денес, стр. 175) {МАР 355.6}
„Вашата мечта нека го наслика домот на спасените, и сетете се дека тој ќе биде многу пославен отколку што може да го наслика и вашата најжива мечта.“ (Патот кон Христа, стр. 86) {МАР 355.7}
„Човечкиот јазик не е соодветно средство за да се опише наградата на праведните. Тоа ќе го разберат само оние што ќе ја видат.“ (The Story of Redemption, стр. 430,431) {МАР 355.8}
