4 август — Христос — нашиот Помошник и Откупител

Мараната — Господ доаѓа

Христос — нашиот Помошник и Откупител

4 август

„Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни.“ (Римјаните 5:19) {МАР 224.1}

„Откако човекот паднал и не можел да го победи сатаната со својата човечка сила, Христос дошол од царските дворови на небото за да му помогне со Својата човечка и божествена сила. Христос знаел дека Адам во Едем, со сите предности што ги уживал, можел да им се спротивстави на сатанските искушенија и да го победи. Исто така знаел дека надвор од Едем, одвоен од Божјата светлина и љубов по падот, човекот нема да може со сопствената сила да им се спротивстави на сатанските искушенија. За да му донесе надеж и да го спаси од целосно уништување, се понизил Себеси и ја зел човечката природа. Со Својата божествена и човечка сила можел да допре до човекот таму каде што се наоѓал. На паднатите Адамови синови и ќерки им обезбедил сила што самите ја немале. Со таа сила, во Негово име, тие можат да ги победат сатанските искушенија. … {МАР 224.2}

Адам и Ева живееле во Едем во најповолни околности. … Не биле под осудата на гревот. … Создателот на нивното постоење бил нивни учител. Но тие им подлегнале на искушенијата на лукавиот непријател и потпаднале под неговата власт. Четири илјади години сатаната дејствувал против Божјото владеење и стекнал сила и искуство преку практиката. Паднатите луѓе ги немале предностите што ги имал Адам во Едем. Четири илјади години биле одвоени од Бога. Мудроста да ги препознаат сатанските искушенија и силата да им се спротивстават се намалувале, сè додека не изгледало дека сатаната победоносно владее со земјата. Апетитот и страстите, љубовта кон светот и дрските гревови биле големите гранки на злото, од кои се умножувала секоја расипаност.“ (Selected Messages, книга 1, стр. 279,280) {МАР 224.3}

„Нашиот живот може да ни изгледа многу замрсен, но ако се довериме на грижата на мудриот Бог, Тој ќе креира модел на живот и карактер, кои ќе бидат на Негова слава. И оној карактер, кој одразува слава — Христовиот карактер — ќе биде примен во Божјиот рај.“ (Копнежот на вековите, стр. 331) {МАР 224.4}

„Секој што со вера ги слуша Божјите заповеди ќе ја достигне безгрешната состојба во која живеел Адам пред својот престап.“ (Signs of the Times, 23. јули 1902.) {МАР 224.5}