5 април — Светот има потреба

Мараната — Господ доаѓа

Светот има потреба

5 април

„Затоа е и далеку од нас справедливоста, правдата не стигнува до нас: чекаме видело, а тоа темнина, – светлина, а одиме во мрак.“ (Исаија 59:9) {МАР 103.1}

„Мнозина го читаат Светото писмо, но не го сфаќаат неговото вистинско значење и неговата смисла. Во цел свет луѓето копнежливо го насочуваат погледот кон небото. Молитви, солзи и прашања се издигнуваат од душите кои копнеат за светлина, за Светиот Дух и за Божјата милост. Мнозина се наоѓаат на прагот на небесното царство, чекајќи само да бидат воведени.“ (Делата на апостолите, стр. 109) {МАР 103.2}

„На сите страни наидуваме на човечки битија, чии срца копнеат за нешто што го немаат. Тие копнеат за сила, која ќе им даде победа над гревот, сила, која ќе ги ослободи од ропството на сатаната, сила, која ќе им даде здравје, живот и мир. Многумина, кои некогаш ја запознале силата на Божјиот збор, живееле онаму, каде што Бог не се признава и тие копнеат за Божјото присуство. {МАР 103.3}

Денес, токму како и пред деветнаесет векови, на светот му е потребно Христовото откровение. Неопходна е една голема реформа за обновување на телото, душата и духот, а таа може да се изврши единствено преку Христовата благодат. {МАР 103.4}

Вистински успех може да се постигне само доколку се примени Христовиот метод за допирање до луѓето. Спасителот се дружел со луѓето како Оној, Кој им посакува добро. Тој го покажувал Своето сочувство кон нив, им служел на нивните потреби и ја задобивал нивната доверба. Потоа ги повикувал: ’Појдете по Мене‘. {МАР 103.5}

Ние треба да се приближиме до луѓето преку лични залагања. … Треба да плачеме со оние што плачат и да се радуваме со оние што се радуваат. Таквото дејствување поткрепено со силата на убедувањето, силата на молитвата и силата на Божјата љубов, не може и нема да остане без плод.“ (Здравје и среќа, стр. 143, 144) {МАР 103.6}

„Небесните битија чекаат да соработуваат со човечките орудија, за да можат да му го откријат на светот, она, што човечките битија можат да станат и она што, соединети со Божјата сила, можат да го сторат за спасението на оние, кои се наоѓаат на работ на пропаста. Не постои граница за полезноста на оној што ставајќи се себеси настрана, ќе дозволи Светиот Дух да дејствува во неговото срце и ќе му го посвети својот живот на Бога во целост.“ (Здравје и среќа, стр. 159) {МАР 103.7}