28 април — Погрешна ревност

Мараната — Господ доаѓа
Погрешна ревност
28 април
„Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не според сознанието.“ (Римјаните 10:2) {МАР 126.1}
„Постои бучна ревност, без цел и смисла, која не е во склад со науката, слепа во своите постапки и деструктивна по своите последици. Тоа не е христијанска ревност. Со вистинската ревност управуваат начела и таа не е повремена. Таа е искрена, длабока и силна и ја проникнува целата душа. Спасувањето на душите и интересите за Божјото царство – тоа се прашања од најголем интерес. Дали во што било е потребна толкава сесрдност како што е потребна за спасување души за слава на Бога? Тоа се предмети преку кои не може површно да се помине. Тие можат да се мерат со вечноста. Во прашање е вечната судбина. Мажите и жените се одлучуваат за блаженство или јад. Христијанската ревност не се пресликува само на зборови, туку во силните и делотворни чувства и постапки. Сепак, таа не се покажува со цел другите да можат да ја забележат. Понизноста мора да го обележува секој напор и мора да се забележува во секоја работа. Христијанската сесрдност наведува на искрени молитви и понизност и верно исполнување на домашните должности. Тогаш, во семејниот круг ќе се одразуваат наклонетост и љубов, добрина и сочувство, а сето тоа е плод на христијанската ревност. … {МАР 126.2} {МАР 126.3}
О, колку малкумина се такви коишто ја чувствуваат важноста на душата! Колку малку се тие кои доброволно поднесуваат жртви за другите да ги запознаат со Христа! Мнозина само зборуваат, само тврдат дека чувствуваат; зборовите ништо не значат. Потребна е искрена христијанска сесрдност која ќе се види во делата. Сите мораат најпрво самите себе да се изградат, а кога ќе Го имаат Исуса во своите срца, тогаш и на другите ќе Го предадат. Душата којашто Го поседува Христа не може а да не зборува за Него, токму како што водите на Нијагара не можат да се запрат да не течат преку водопадите.“ (Сведоштва за црквата, том 2, стр. 232, 233) {МАР 126.4}
„Секој христијанин треба да посвети најголемо внимание на вечниот живот. Да се биде соработник на Христа и небесните ангели во големиот план на спасението, тоа е дело кое не може да се спореди со ниту едно друго! Секоја спасена душа ја зголемува Божјата слава и таа слава ја осветлува како спасената душа така и орудието на нејзиното спасение.“ (Сведоштва за црквата, том 2, стр. 232) {МАР 126.5}
