Сподели го ова:

4. РОДИТЕЛИ И ДЕЦА

Среда, 18 ноември 2026

а. Објаснете ја нашата должност кон родителите. Второзаконие 5:16; Колосјаните 3:20.

„Децата кои не ги почитуваат и не ги слушаат своите родители и не се грижат за нивниот совет и упатства, нема да имаат удел на новата Земја. Очистената нова Земја нема да биде место за бунтовните, непослушните и неблагодарни синови и ќерки.“

Извор: Адвентен дом, 295.

„Не постои време кога децата можат да им ги ускратат почитта и љубовта на својот татко и својата мајка. Сè додека родителите се живи, децата треба со радост да ги почитуваат и ценат. Во животот на своите остарени родители треба да внесат што е можно повеќе ведрина и радост… Помислата дека им биле утеха на своите родители ќе им донесува задоволство на децата во текот на целиот живот, а особена радост тогаш кога и ним самите ќе им бидат потребни сочувство и љубов. Оние чии срца се исполнети со љубов ќе ја сметаат за непроценлива предност можноста да им ги олеснат последните денови од животот на своите родители. Ќе се радуваат што придонеле последните денови на нивните сакани родители да бидат исполнети со утеха и мир.“

Извор: The Review and Herald, November 15, 1892.

б. Како родители, што треба да правиме за на своите деца да им ја олесниме должноста кон нас? Колосјаните 3:21; Ефесјаните 4:32; 6:4.

„Младите се неупатени и неискусни, а библиската љубов и нејзините свети вистини не доаѓаат сами по себе. Ако не се вложи голем труд за околу нив да се направи бедем кој ќе ги штити од измамите на сатаната, младите ќе подлегнат на неговите искушенија и тој ќе ги зароби и ќе ги води според својата волја. Уште во најраните години децата треба да бидат поучени за барањата на Божјиот закон и за верата во Исус, нашиот Спасител, која донесува очистување… На децата може да се влијае додека се мали. Но годините во кои нивните срца се нежни и подложни на влијанието на вистината поминуваат, а малку време се посветува на нивниот морален развој. Драгоцените поуки за вистината и должностите мораат секојдневно да се влеваат во нивните срца.“

Извор: 5. Сведоштво, 329.

„Кога татковците и мајките ќе сфатат колку нивните деца ги имитираат, внимателно ќе внимаваат на секој свој збор и постапка.“

Извор: Sermons and Talks, vol. 1, p. 325.

„Блажени се оние родители кои живеат богоугоден живот, така што ветувањата и заповедите Божји будат кај нивните деца чувство на благодарност и длабоко почитување; родителите кои со својата нежност, праведност и долго трпение им ја укажуваат на децата љубовта, правдата и долгото Божјо трпение.“

Извор: Пророци и цареви, 245.

Сподели го ова:

Поврзани статии