1. БОРБАТА ПРОТИВ САМИОТ СЕБЕ
Недела, 26 јули 2026
а. Како Павле ја опишал христијанската борба и опремата што ни е потребна за неа?
„Сатаната го напаѓал Христа со најжестоки и најлукави искушенија, но во секој судир бил одбиен. Овие битки се водени заради нас; овие победи ни овозможуваат и ние да победиме. Христос ќе им даде сила на сите што ја бараат. Ниеден човек не може да биде совладан од сатаната без своја сопствена согласност. Искушувачот нема власт над човечката волја ниту може душата да ја присили на грев. Тој може да ја мачи, но не може да ја извалка. Тој може да предизвика душевен страв, но не може да опогани. Фактот дека Христос го победил треба да ги поттикне Неговите следбеници храбро да се борат во борбата против гревот и сатаната.“
Извор: Големата борба, стр. 510.
б. Каде сатаната се обидува да воспостави целосна власт?
„Човекот е онаков како што мисли во своето срце. Срцето мора да биде обновено од Божјата милост, зашто без тоа истото напразно ќе копнее за чистота во животот. Оној што се труди независно од Христовата милост да изгради благороден карактер полн со доблести, ѕида куќа на песок. Во жестоката луња на искушенијата таа куќа сигурно ќе се урне.“
Извор: Патријарси и пророци, стр. 460.
