Одмор кој нуди трајно задоволство
Адвентен дом
Суштината на одморот
Вежби кои ги развиваат рацете, умот и карактерот. – Вежбањето кое претставува само игра или движење не ни нуди најголема корист. Престојувањето на чист воздух и вежбањето на мускулите ни донесуваат некаква полза, но ако истата сила се вложи во некоја корисна работа, користа би била поголема и би имале чувство на задоволство. Таквите вежби донесуваат чувство на корисност и одобрување на совеста за добро извршената должност. {АД 506.1}
Да ја разбудиме желбата кај децата и младите да го претворат своето вежбање во благослов за себе и полза за другите. Вежбите кои го развиваат умот и карактерот, кои ги запослуваат рацете да бидат корисни и ги подготвуваат младите да го носат својот дел од животниот товар се вежби кои даваат физичка сила и ја оживуваат секоја способност. {АД 506.2}
Рекреацијата која е корисна само за нив, нема на децата и на младите никогаш да им донесе толку благослови како рекреацијата која помага да бидат корисни на другите. По природа склони кон воодушевување и подложни на влијание, младите брзо ги прифаќаат предлозите. {АД 506.3}
Исусовиот пример од младоста. – Исусовиот живот бил исполнет со работа и Тој се движел извршувајќи различни работи во склад со развојот на Својата физичка сила. Извршувајќи ја работата што Му била доделена, Тој немал време за уживање во возбудливи, некорисни забави. Тој не учествувал во она што можело да го отруе моралот и да ја намали физичката сила туку се вежбал во корисна работа и се подготвувал да ги издржи тешкотиите. {АД 506.4}
Со Својот земен живот Исус оставил пример за сите луѓе; бил подготвен да помогне во домот. Тој научил дрводелски занает и работел со Свои раце во малата работилница во Назарет… {АД 507.1}
Библијата сведочи за Исус: „А детето растеше и јакнеше во духот, и се полнеше со премудрост, и Божјата благодат беше на Него”. Работејќи во детството и младоста, Тој го развил духот и телото. Тој не ја трошел неразумно Својата физичка сила туку ја зајакнувал за да го сочува здравјето, за да може сѐ да направи најдобро. Тој не сакал да биде невнимателен ниту во ракување со алатот. Бил совршен како работник, како што бил совршен и во карактерот. Со зборови и пример Христос ја подигал секоја полезна работа. {АД 507.2}
Освежување со разновидна работа. – Младите треба да имаат на ум дека се одговорни за сите предности кои ги уживаат, за корисната употреба на своето време и за правилната употреба на своите способности. Тие можат да постават прашање: Зар не можеме да имаме забава или разонода? Зар само ќе работиме, работиме, работиме без никакви промени? {АД 507.3}
Промената која одвојува од физичката работа, која сериозно ја оптоварила силата, повремено е неопходна за да можеме повторно да се посветиме на работата, трудејќи се да постигнеме поголеми успеси. За обнова на физичката сила не е потребно целосно мирување. Дури и тогаш кога ќе се заморат со еден вид на работа, тие не треба да ги трошат своите скапоцени моменти. Тие можат да побараат некоја друга работа која не е толку напорна, но која ќе биде благослов за нивната мајка и сестри. Со олеснување на нивните товари, земајќи ги на себе најтешките товари, тие можат да најдат разонода која произлегува од начелата, кои ќе им пружат вистинска среќа, а своето време нема да го поминат во бесполезно или себично попуштање. Тие секогаш можат корисно да го употребат своето време и секогаш да се освежат со преоѓање на друга работа, а времето да го користат така што секој момент ќе му послужи некому за добро. {АД 507.4}
Многумина тврдат дека за зачувување на физичкото здравје потребно е да учествуваат во себични забави. Вистина е дека за најдобриот развој на телото е потребна промена, затоа што со промена умот и телото се освежуваат и крепат; таа цел не се постигнува со учествување во неразумни забави, на штета на извршувањето на домашните должности кои треба младите да ги извршуваат. {АД 508.1}
Програма за студентите која Бог ја благословува. – Должни сме да ги воспитуваме младите подеднакво да ги употребуваат умствените и физички сили. Здравото вежбање на целиот организам му дава најшироко воспитување. {АД 508.2}
Во воспитувањето на родителите и на младите имавме тешка работа, но со своите напори издржавме, додека не се научи поуката дека за целосно образование, времето на учење мора да се подели меѓу стекнување на теоретско знаење и добивање на знаење од практична работа. {АД 508.3}
Секој ден одредено време беше посветено на корисна работа, учениците учеа како да ја обработуваат земјата и како да градат куќи во време кое инаку би го поминувале во игри и барање на забави. {АД 508.4}
И Господ ги благословил учениците кои на овој начин го посветиле своето време задобивање поуки за полезност. За развој на здравјето Бог предвидел полезна работа, а Тој ќе ги оспособи учениците да си помогнат и на себе и на другите. {АД 509.1}
Наместо да си обезбедиме време за одмор кое служи само за забава, да направиме подготовки за занимавање со она кое ќе ни донесе само добро. {АД 509.2}
Евангелската работа – идеална работа. – Во нашиот свет има многу работи кои се потребни и корисни и кои разонодата и забавата ја прават скоро непотребна. Мозокот, коските и мускулите ќе станат поцврсти и посилни кога се користат со одредена цел, кога се користат за сериозно, длабоко размислување и создавање на планови кои ќе ги оспособат да ги развијат силите на умот и силата на физичките органи, кои практично ќе ги применат своите од Бога дадени способности кои можат да го прослават Бога. {АД 509.3}
Наша должност е секогаш да правиме добро, користејќи ги мускулите и разумот кои Бог ги дал на младите, за да бидат полезни за другите, олеснувајќи ја нивната работа, тешејќи ги тажните, подигајќи ги обесхрабрените, упатувајќи им зборови на утеха на оние кои се без надеж, одвраќајќи ги мислите на учениците од шегите и исмејувањата со што често го срамотат своето достоинство. Господ сака умот да се подигне во барање на повозвишени и поблагородни патишта на полезност. {АД 509.4}
Истата моќ на умот и мускулите може да пронајде можност за повозвишена работа, за извршување на евангелска работа, која ќе ги направи Божји соработници и ќе ги подготви да бидат корисни во овој живот, со извршување на полезна работа која е најважна гранка во воспитувањето.. {АД 509.5}
Не е ли тоа дело по кое треба да тежнее секој млад човек работејќи за Христа? Христовата помош ви е на располагање. Идеите на ученикот ќе се продлабочат. Тие ќе бидат далеку достижни и нивната корисност дури и во вашиот ученички живот постојано ќе расте. Рацете кои Бог ви ги дал треба да се употребат за да прават добро кое ќе го понесе небесниот печат, за на крајот да можете да слушнете: „Добро е, Мој добар и верен слуго“. {АД 510.1}
Совет за инвалиди. – Добив упатство да кажам, дека кога болните, поттикнати да ги напуштат своите соби и одредено време да поминат на чист воздух, негувајќи цвеќиња или извршувајќи некоја друга лесна, пријатна работа, тие нема да се окупирани со себе, туку со она што дава повеќе здравје. Работата на чист воздух треба да се препорача како полезна животворна потреба. {АД 510.2}
Можеме само да се радуваме додека ја слушаме музиката на среќните птици и да ги одмараме очите на бујните ниви и градини. Да ги насочиме своите мисли на сите величествени дела, кои Бог великодушно ни ги дал. Размислувајќи за овие богати дарови, за Неговата љубов и грижа, ќе ја заборавиме слабоста, ќе станеме радосни, а од нашите срца ќе потече песна за Господа. {АД 510.3}
Со години одвреме навреме, ми беше покажувано дека болните треба да се поучат дека е погрешно да се прекине со секоја физичка работа за да се поврати здравјето. На тој начин волјата се успива, крвта побавно тече низ организмот и потоа е сѐ понечиста. Кога болниот ќе се најде во опасност да го смета својот случај потежок отколку што е, неработењето сигурно ќе предизвика најтешки последици. Добро испланираната работа го убедува инвалидот дека не е целосно неполезен во овој свет туку дека и од него има полза. Тоа ќе му пружи задоволство, ќе му даде храброст, ќе му влее сила, која себичната умствена забава никогаш нема да му ја даде. {АД 510.4}
Вистинско задоволство. – Бог секому му овозможил задоволство во кое можат подеднакво да уживаат и богатиот и сиромашниот задоволство кое се наоѓа во негување на чистите мисли и несебичните постапки, задоволство кое произлегува од добрите дела и охрабрувачките зборови со кои сме ги охрабриле другите. Оние кои прават така, со Христовата светлина ги осветлуваат оние чиј живот е затемнет со многу други неволји. {АД 511.1}

