Како небото ги цени децата

Адвентен дом

Христово охрабрување за мајките

Децата се откупени со Христовата крв. – Христос ја открил возвишената вредност на вашите деца, затоа што го дал Својот живот за нив. Постапувајте со нив како со оние кои се откупени со Неговата крв. Трпеливо и истрајно воспитувајте ги за Него. Одгледувајте ги со љубов и трпение. Ако правите така, тие ќе ви станат венец на радост и ќе светат како светлина во светот. {АД 279.1}

Најмалото дете, кое што Божја љубов и страв е поголемо пред Бога од најспособниот и нај учен човек кој го запоставува големото спасение. Со посветувањето на своето срце и својот живот на Бога, младите стапуваат во врска со Изворот на секоја мудрост и совршенство. {АД 279.2}

„На таквите е царството небесно“. – Душата на детето кое верува во Христа е толку скапоцена во Неговите очи колку и ангелите околу Неговиот престол. Децата треба да се донесат кај Христа и да се одгледуваат за Христа. Водете ги по патот на послушноста, а не по патот на попуштање на желбите или претерувањето. {АД 279.3}

Кога само би ги прифатиле возвишените поуки со кои Исус ги поучувал Своите ученици, земајќи го за пример малото дете, би исчезнало многу од тоа што денес претставува несовладлива тешкотија! Кога учениците му пристапиле на Христа и го прашале: „Кој е најголем во небесното царство… и Исус го повика детето и го постави меѓу нив. И им рече: вистина ви велам, ако не се смените и не станете како деца, нема да влезете во небесното царство. Кој ќе се понизи како ова дете, тој е најголемиот во небесното царство“. {АД 279.4}

Божјата сопственост доверена на родителите. – Децата добиваат живот од своите родители. Сепак вашите деца имаат живот благодарејќи на Божјата создавачка сила, затоа што Бог е дарител на животот. Да имаме на ум дека со децата не можеме да постапуваме како со своја сопственост. Децата се Господово наследство и планот за откупување го опфаќа нивното како и нашето спасение. Тие се доверени на родителите да ги воспитаат во Господовата наука и така да станат подготвени да ја извршат својата задача за времето и вечноста. {АД 280.1}

Мајки, нежно постапувајте со своите деца. Христос некогаш бил дете. Почитувајте ги децата заради Христа. Гледајте на нив како на свето наследство, на кое не треба да му се попушта, угодува и обожува, туку учете ги да живеат чист и благороден живот. Тие се Божја своина; Тој ги сака и ве повикува да соработувате со Него во обликувањето на нивниот совршен карактер. {АД 280.2}

Ако сакате во мир да го сретнете Бога, сега хранете го Неговото стадо со духовна храна; затоа што секое дете има можност да добие вечен живот. Децата и младите се особено Божјо богатство. {АД 280.3}

Младите мораат да ја сфатат вистината дека даровите што им се доверени не им припаѓаат на нив. Силата, времето и разумот се само позајмени богатства. Тие му припаѓаат на Бога и секое младо суштество треба да одлучи да ги употреби за највозвишените цели. Младите се лозници од кои Бог очекува род; таленти кои треба да се размножат; светлина која треба да ја осветли темнината на светот. На секое момче и девојка и на секое дете им е одредена работа која треба да ја извршат за Бог да се прослави и човештвото да се облагороди. {АД 280.4}

Патот за небото е прилагоден за детските способности. – Видов дека Исус ги познава нашите слабости, затоа што во сѐ бил искушан како и ние, но не згрешил. Затоа за нас го подготвил патот кој одговара на нашата сила и способност и како Јаков, полека одел со децата колку што можеле да издржат, за да нѐ крепи со Своето присуство и да ни биде постојан водач. Тој не ги презира, не ги запоставува и не ги остава децата зад Своето стадо. Тој не ни заповедал да одиме напред, а нив да ги оставиме. Тој не се брзал толку за ние со своите деца да заостанеме. О, не! Тој ја израмнил патеката на животот дури и за децата. Тој бара родителите во Негово име да ги поведат по тесниот пат. Бог ни го одредил патот кој одговара на силата и способностите на своите деца. {АД 281.1}