Грижа за сирачињата

Адвентен дом

Грижа за сирачињата

Сирачиња. – Многу татковци кои умреле во вера, подигајќи се во вечното Божје ветување, ги оставил своите мили во цврста вера дека Господ ќе се погрижи за нив. А како се грижи Господ за тие сирачиња? Тој не прави чудо праќајќи им мана од небото; Тој не праќа гаврани да им донесат храна; но Тој дејствува чудесно на човечките срца, отстранувајќи ја себичноста од душата и отворајќи ги изворите на добродетелта. Бог ја искушува љубовта кај оние кои велат дека се Негови следбеници, доверувајќи ги на нивна нежна грижа оние кои се во неволја и сирачињата. {АД 167.1}

Оние кои Го љубат Бога нека ги отворат своите срца и домови за да ги примат овие деца… {АД 167.2}

Широко е подрачјето на кое можат да бидат полезни сите оние кои сакаат да работат за Учителот, грижејќи се за овие деца и млади кои останале без будното родителско водство и воспитното влијание на христијанскиот дом. Многу од нив наследиле лош карактер; и ако ги пуштиме да растат во незнаење, ќе потпаднат во друштво на оние кои ќе ги наведат на пороци и злосторство. Овие деца, кои не ветуваат многу, би требало да бидат сместени во средина погодна за правилна изградба на карактерот за да можат да станат Божји деца. {АД 167.3}

Одговорност на црквата. – Децата без двата родители се предадени во рацете на црквата, а Христос им вели на Своите следбеници: Земете ги овие незгрижени деца, подигнете ги за мене и ќе примите плата. Во ова сум видела многу себичност. Доколку некои не ја видат личната полза од тоа што во своето семејство ќе ги прифатат оние на кои им е потребен дом, тие наоѓаат изговор велејќи: Не. Таквите или не знаат или не се грижат дали ваквите деца ќе бидат спасени или изгубени. Тие сметаат дека тоа не е нивна работа. Како и Каин, и тие велат: „Зар јас сум чувар на својот брат“? Тие не сакаат да имаат непријатности ниту пак да се жртвуваат за сирачињата и затоа рамнодушно ги препуштаат на светот, кој понекогаш е поподготвен да ги прими отколку оние таканаречени христијани. Во Божјиот голем ден небото ќе се распрашува за оние коишто можеле да се спасат. Меѓутоа, таквите сакале да се ослободат од обврските и не сакале да направат добро дело, затоа што не им ветувало лична полза. Покажано ми е дека таквите кои одбиваат да прават добро, од Христос ќе ги слушнат овие зборови: „Кога не му направивте на еден од овие мои малечки браќа, ни Мене не Ми направивте“. Исаија 58:511. {АД 167.4}

Повик за брачен пар без деца. – Некои кои немаат свои деца треба да се научат да ги сакаат и да се грижат за децата на другите. Тие можеби нема да бидат повикани да го проповедаат евангелието на други места, но можат да бидат повикани да работат во местото каде што живеат. Наместо толку внимание да им обраќаат на своите љубимци (животни) , покажувајќи ја својата љубов кон немите суштества, нека го насочат својот дар кон човечките суштества со кои треба да го придобијат небото и да побегнат од пеколот. Нека посветат внимание на малите деца, чиј карактер можат да го изградат и обликуваат според божествениот Пример. Излејте ја својата љубов на малите бездомници кои живеат околу вас. Наместо своето срце да го затворите за членовите на човечкото семејство, видете колку овие мали бездомници можете да ги подигнете во Господовата наука и страв. Има многу работа за секој кој сака да работи. Ако се посвети на оваа христијанска работа, црквата може да напредува и духовно да се збогати. Работата за спасување на бездомниците и сирачињата е задача за секој поединец. {АД 168.1}

Оние кои немаат деца и на кои Бог им доверил средства, треба да го рашират своето срце за децата на кои им е потребна љубов, грижа, сочувство како и материјална помош; таквите ќе бидат многу посреќни отколку што се денес. Сѐ додека има млади на кои им недостасува татковска грижа и мајчината нежна љубов, кои се под влијание на расипаноста на последните денови, некој мора да им ги замени таткото и мајката. Научете да ги сакате и да сочувствувате со нив. Оние кои велат дека имаат Татко на небото, кои веруваат дека Тој ќе се грижи за нив и на крај ќе ги однесе во домот кој го подготвил за нив, треба да почувствуваат дека на нив почива свечената обврска да бидат пријатели на оние кои немаат пријатели, и родители на сирачињата, да им помогнат на вдовиците и служејќи му на човештвото да бидат од полза на овој свет. {АД 169.1}

Сопругата на проповедникот и присвојувањето на деца. – Се поставува прашањето дали сопругата на проповедникот треба да посвои мали деца. Јас одговарам: Ако таа нема наклонетост ниту способност да учествува во евангелската работа надвор од својот дом, а чувствува дека тоа е нејзина должност, треба да земе сирачиња и да се грижи за нив, зашто на тој начин може да прави добро. Но пред сѐ нека одбере да посвои сирачиња чии родители ја празнувале саботата. Бог ќе ги благослови мажите и жените кои доброволно ќе го делат својот дом со овие бездомници. Меѓутоа, ако сопругата на проповедникот е способна да учествува во работата за воспитување на другите, таа треба да ги посвети своите сили на Бога како христијанска работничка. Таа треба да биде вистински помошник на својот сопруг соработувајќи со него во неговата работа, развивајќи се интелектуално и помагајќи во проповедање на вестите. На понизните, посветени жени удостоени со Христовата милост, им е отворен патот да ги посетуваат оние на кои им е потребна помош и да ги донесуваат на светлина обесхрабрените души. Тие можат да ги подигнат сите кои потклекнале, молејќи се со нив и насочувајќи ги кон Христа. Таквите жени не би требало да ги посветуваат своето време и сила на едно мало беспомошно смртно суштество, кое бара постојана грижа и внимание. Не би требало на тој начин доброволно да ги врзат своите раце. {АД 169.2}

Отворете ги своите домови. – Колку што е во ваша моќ, отворете го домот за оние кои го немаат. Секој нека биде подготвен да го изврши својот дел во развојот на оваа работа. Господ му рекол на Петар: „Паси ги Моите јагниња“! Оваа заповед се однесува на нас и отворајќи ги своите домови за сирачињата, придонесуваме за нејзино исполнување. Не дозволувајте Исус да се разочара во вас. Земете ги тие деца и понудете ги на Бога како мирисна жртва. {АД 170.1}

Молете го да ги благослови и тогаш обликувајте ги и изградувајте ги според Христовиот налог. Дали нашите верници ќе ја прифатат оваа света должност? {АД 170.2}

Тест за Божјиот народ. – Пред повеќе години ми беше покажано дека Божјиот народ ќе биде испитан во ова: отворање на домовите за бездомниците; и дека мнозина ќе станат бездомници поради верата во вистината. Спротивставувањето и прогонствата ќе ги лиши верниците од нивните домови, а оние кои имаат свои домови, должни се вратата на своите домови да ја отворат ширум за оние кои ги немаат. Неодамна ми беше покажано дека Бог во овој поглед на посебен начин ќе ги испита оние кои веруваат во Него. Христос заради нас осиромашил, за ние со Неговата сиромаштија да се збогатиме. Тој принел жртва за да им обезбеди дом на странците и дојденците во овој свет, кои бараат подобра небесна земја. {АД 170.3}