Наследство од родителите за децата

Адвентен дом

Наследство од родителите за децата

Закон за наследство. – Физичката или душевната состојба на родителите се пренесува на потомството. За ова недоволно се размислува. Секогаш кога навиките на родителите се спротивни на телесните закони, штетата која си ја нанесуваат себеси се пренесува на нивното потомство… {АД 172.1}

Со телесната, умствена и духовна култура сите можат да станат Христови соработници. Меѓутоа, многу зависи од родителите. Од нив ќе зависи дали ќе донесат на свет деца кои ќе бидат благослов или проклетство. {АД 172.2}

Колку се целите поблагородни, толку се повозвишени душевните и духовните способности; колку се поразвиени телесните способности на родителите, толку повеќе нивните деца ќе бидат поподготвени за живот. Негувајќи го во себе она што е најдобро, родителите го шират влијанието кое ќе го обликува општеството и идните генерации. {АД 172.3}

Многу родители живеат во незнаење. – Оние на кои им е доверена грижата за Божјата сопственост, која ја претставува душата и телото на децата, создадени според Неговото обличје, треба да подигнат ограда против сетилното попуштање во овој век, кое кај илјадници го упропастува телесното и морално здравје. Кога би се открила вистинската причина за многу злосторства во ова време, би се констатирало дека за тоа е виновно незнаењето на татковците и мајките кои се рамнодушни кон ова прашање. Здравјето, па и самиот живот се жртвуваат на ова жално незнаење. Родители, ако на своите деца не им пружите воспитание за кое сте од Бога должни да го дадете со совет и пример, вие ќе му дадете одговор на Бога за сите последици. Тие нема да се задржат само на вашите деца. Ќе продолжат кај поколенијата. Како што трнот кој се остава во полето ќе го донесе својот вид народ, така и гревовите кои потекнуваат од вашата негрижа ќе ги упропастат сите што ќе дојдат под нивно влијание. {АД 172.4}

Последици од неумереноста. – Раскошниот живот и пиењето на вино доведуваат до расипување на крвта, ги распалуваат страстите и предизвикуваат заболувања од секој вид. Но, тука не е крај на злото. Родителите ги пренесуваат болестите на своите деца како сигурно наследство. И поправило секој неумерен човек што одгледува деца, ги пренесува на нив своите склоности и зли желби. Со својата расипана и загреана крв ги предава болестите на своите деца. Разузданоста, болеста и лесноумноста се пренесуваат како тажно наследство на чемер од татко на син, од колено на колено. Тоа е она што во светот создава страдање и маки и не е ништо друго туку повторување на човековиот пад… {АД 173.1}

Сепак, мажите и жените од нашата генерација не мислат на ништо, со својата неумереност во јадењето и пиењето како наследство на идните генерации оставаат болест, ослабен ум и расипан морал. {АД 173.2}

Потребно е разбирање и трпение. – Татковците и мајките можат да го проучуваат својот карактер на своите деца. Тие можат често да ги читаат понижувачките поуки кога ќе го видат своето несовршенство кое се повторило кај нивните синови и ќерки. Настојувајќи кај своите деца да ги задушат и коригираат наследените склоности кон злото, родителите треба да покажат двојно повеќе трпение, истрајност и љубов. {АД 173.3}

Кога во животот на детето ќе се забележат лошите особини кои ги наследило од своите родители, дали родителите ќе се кренат против ова повторување на своите сопствени недостатоци? Не! Родителите треба внимателно да се контролираат и да се чуваат од секоја непристојност и грубост, затоа што во спротивно овие недостатоци ќе ги препознаат кај своите деца. {АД 174.1}

Во своите постапки кон тврдоглавите малечки покажете ја Христовата смиреност и благост. Секогаш имајте на ум дека таа расипаност ја примиле како наследство од својот татко или мајка. И тогаш имајте сочувство кон децата кои ги наследиле вашите црти на карактерот. {АД 174.2}

Родителите мораат да имаат неограничена доверба во Христовата сила за да ги преобразат склоностите кон злото што тие ги пренеле на своите деца. {АД 174.3}

Татковци и мајки, имајте трпение! Често вашето невнимание од минатото ќе ви ја отежнува работата. Но, Бог ќе ви даде сила, ако верувате во Него. Постапувајте мудро и нежно со своите деца. {АД 174.4}

Осми дел

СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО