2010 • 4. Квартал
1. лекција – Живот и здравје
2. октомври 2010
„Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сé да ти биде добро, како што и е добро на душата.“
— 3 Јованово 2
„Секоја животворна сила доаѓа само од Него. Кога некој ќе оздрави од која и да е болест, Бог е Тој, Кој го исцелил“
— Здравје и среќа, 71.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христијанска умереност, 205-213.
Недела — 26. септември
1. БОЖЈА СОПСТВЕНОСТ
а. Кои се двете главни причини поради кои Му припаѓаме на Бога? Создавање 1,27; 1 Коринтјаните 6,20 (прв дел); 1 Петрово 1,18.19.
„Вие сте Господови, бидејќи Тој ве создал. Негови сте и според откупот; бидејќи Тој го дал животот за вас.“
— Синови и ќерки Божји, 171.
б. Какво сочувство Бог откри во Својата желба за нас? Исаија 63,9; 3 Јованово 2.
„Нашиот Небесен Татко ја гледа жалната состојба во која мнозина се наоѓаат затоа што ги запоставуваат начелата на науката за чување и негување на здравјето, а мнозина од нив го прават тоа од неупатеност и незнаење. И, поради Својата љубов и сочувство кон човечкиот род, Тој ја испратил светлината за здравствената реформа.“
— Христијанска умереност, 8.
в. Каква треба да биде нашата желба кон Бога? 1 Коринтјаните 6,20 (втор дел); 10,31.
„Зачувајте го секој дел од живата машина, за да можете да го употребите за Бога. Сочувајте го тоа за Него. Вашето здравје зависи од тоа колку правилно се служите со организмот на своето тело. Не злоупотребувајте ниеден дел од своите од Бога дадени сили - физички, умни или морални. Сите свои навики држете ги под контролата на умот, кој треба во целост да се потчини на Божјата власт“
— Синови и ќерки Божји, 171.
Понеделник — 27. септември
2. ЗДРАВЈЕ И СПАСЕНИЕ
а. Зошто здравјето можеме да го споредиме со богатство или скапоцен бисер? Матеј 13,44-46.
„Од сите овоземни добра, здравјето е најскапоцено. Трупањето богатства (од материјална природа), образование и чест е премногу скапо ако поради тоа се загуби силата на здравјето. Ниедно од овие предности не може да обезбеди среќа ако здравјето е загубено. Злоупотребувањето на здравјето, на тој дар што ни го подарил Бог, претставува страшен грев; таквото злоупотребување, дури и кога би успеале да стекнеме некакво воспитување, ги ослабнува нашите животни сили и ни донесува само загуба.“
— Христијанска умереност, 205.
б. Што се случува често со оние кои се преоптоварени со грижите на овој свет и го запоставуваат своето здравје? Лука 21,34; 9,25.
„Некои ги жртвуваат своите физички и морални обврски, мислејќи дека на тој начин ќе ја пронајдат среќата, а тие ја губат и душата и телото. Другите ја бараат среќата во уживање на неприродниот апетит, и сметаат дека задоволувањето на вкусот е повеќе пожелен од здравјето и животот. Мнозина си дозволуваат себеси, оковани од сензуалните страсти, да ја жртвуваат физичката сила, интелектот и моралната сила, за да ги задоволат страстите. Тие ќе се доведат до прерана смрт, а на страшниот Суд ќе бидат обвинети за самоубиство.“
— Синови и ќерки Божји, 61.
в. Кој благослов Бог ни го дал за да се обнови нашето здравје?
„Природата е Божји лекар. Чистиот воздух, милното сонце, убавите цвеќиња и дрвјата, лозјата и овоштарниците, како и вежбите на отворено среде оваа околина се здравствен еликсир на животот. Живот на отворено е единствениот лек кој што на многу инвалиди им е потребен. Неговото влијание е моќно да ги лекува болестите предизвикани од модерниот живот, живот кој ги слабее и уништува физичкото, менталното и духовните сили.“
— Совети за здравјето, 170.
г. Кој е најголемиот дар кој Бог го дал на човекот за да може да добие вечниот живот? Јован 3,16; 17,3.
Вторник — 28. септември
3. ЗДРАВСТВЕНА РЕФОРМА
а. Која порака ни е дадена со цел да го сочуваме нашето здравје? Римјаните 12,1.2.
„Нашиот небесен Татко ни ја испратил светлината за здравствената реформа за да нѐ заштити од злата што настануваат поради попуштањето на изопачениот апетит, а оние што ги сакаат чистотата и светоста да знаат како разумно треба да се употребуваат добрата што ни се подарени и, применувајќи умереност во секојдневниот живот да можат да бидат посветени со вистината.“
— Христијанска умереност, 66.
б. Кои се резултатите од практикувањето на здравствената реформа? Еремија 33,6. Каква корист од пораката за здравствена реформа имала сестра Вајт?
„Здравствените принципи се мошне значајни за нас и како поединци и како народ. Кога пораката за здравствена реформа за прв пат дојде до мене, јас бев слаба и изнемоштена, подложна на чести несвестици. Барав од Бога да ми помогне, и тој го отвори пред мене големиот предмет на здравствената реформа. Тој ми покажа дека оние кои ги држат Неговите заповеди мораат да воспостават свет однос со Него, и дека со умереност во јадење и пиење мораат да го чуваат умот и телото во најповолна состојба за служба. Оваа светлина беше голем благослов за мене. Јас ја прифатив должноста на здравствен реформатор, знаејќи дека Господ ќе ме зајакне. Денес имам подобро здравје и покрај староста отколку во млади години.“
— Совети за здравјето, 132.133. (Сестра Вајт го пишувала сето ова кога имала околу 75 години).
в. Кои се трите главни цели на здравствената реформа? Тит 2,11-14.
„Пазете се од противење на делото на здравствената реформа… затоа што тоа е Божјо средство за намалување на страдањата во нашиот свет, и за прочистување на Неговиот народ.“
„Светлината за здравствената реформа што ја дал Бог е за наше спасение и спасението на светот.“
„Со години Господ вниманието на Неговиот народ го насочувал на здравствената реформа. Таа е една од големите гранки во делото за подготовка на доаѓањето на Синот Човечки.“
— Совети за животот и исхраната, 38. • Совети за животот и исхраната, 461. • 3 Сведоштво, 59.
Среда — 29. септември
4. ЗАКОНИ НА ЗДРАВЈЕТО
а. Што воспоставил Бог за да човечката машина функционира добро? Второзаконие 6,16.17.
„Создателот на човекот ја обликувал живата машина на нашето тело. Секоја функција е прекрасно и мудро воспоставена. Бог се заветувал дека ќе ја чува оваа човечка машина да работи во добро здравје, доколку човекот биде послушен на Неговите закони и соработува со Него. Секој закон кој што управува со човечката машина треба да биде сметан толку вистински, божествен по своето потекло, карактер и важност како и Божјата реч. Секоја безгрижна, невнимателна постапка, секоја злоупотреба на прекрасниот организам кој што е Божји, преку непочитување на Неговите одредени закони во човечкиот организам, е кршење на Божјиот закон.“
— Совети за животот и исхраната, 17.
б. Со каква цел здравствените закони биле вклучени во законодавството дадено во Израел? Второзаконие 6,24.
„Она што јадеме и пиеме има големо значење врз нашиот живот и карактерот, и своите навики во поглед на јадење и пиење христијаните треба да ги прилагодуваат во согласност со законите на природата. Ние мораме во тој поглед да бидеме свесни за своите обврски кон Бога. Потчинувањето на законите на здравјето треба да биде прашање за искрена студија, бидејќи свесното игнорирање на ова прашање претставува грев.“
— Совети за детето, 392. 393.
в. Кој е Творецот на животот и како Тој сочувствува со болните? Плачот на Еремија 3,33; Јован 1,4; 5,26; 10,10 (последен дел).
„Нашиот небесен Татко не е склон да ги измачува или жалости синовите човечки ниту да им задава болка. Тој не е зачетник на болест и смртта. Тој е извор на животот. Тој сака луѓето да живеат, и за да живеат, тие треба да бидат послушни на законите на животот и здравјето.“
— Совети за здравјето, 563.
г. Од сите закони кои го регулираат здравјето, кој се издвојува како особено значаен? 1 Коринтјаните 9,25; 6,12.
„Со цел да се зачува здравјето, потребно е умереност во сѐ, потребно е умереност во работата, умереност во јадење и пиење.“
— Христијанска умереност, 66.
Четврток — 30. септември
5. ИСХРАНАТА НА ДАНИЕЛ
а. Каков успех постигнал Даниел како млад заробеник во Вавилон, и каква улога во тоа имала неговата исхрана? Даниел, 1,8-20.
„Со цел да се постигне највисок стандард на морални и интелектуални достигнувања, неопходно е да се бара мудрост и сила од Бога и да се почитува строгата умереност во сите животни навики.“
— Совети за животот и исхраната, 32.
б. Кои се оние кои, за жал, се покажуваат како непријатели на Христовиот крст, дури и кога ќе бидат исцелени од својата болест? Филипјаните 3,18.19; 1 Петрово 2,11.
„Оние кои говорат гордо: 'Господ ме исцели, и јас немам потреба да ја ограничувам својата исхрана; можам да јадам и пијам според својата волја, наскоро ќе мораат, во телото и душата да ја почувствуваат потребата за Божјата обновувачка сила… Апетитот не смее да биде вашиот бог.“
— Совети за животот и исхраната, 25.
в. Како можеме да му одолееме на својот попустлив апетит? Даниел 1,8; Филипјаните 4,13; 1 Коринтјаните 9,26.27.
„(Даниел) имал доверба во силата која Бог им ја ветил на сите кои ќе дојдат кај Него во понизност и целосна зависност, потпирајќи се целосно на Неговата сила.“
— Христијанска умереност, 25.
Петок — 1. октомври
Личен преглед на прашањата
1. Како фактот дека сме Божји созданија се доведува во врска со нашето здравје?
2. За што треба сериозно да размислат сите оние кои мислат дека немаат време да се грижат за своето здравје?
3. Зошто здравствената реформа е толку важна?
4. Што строгото почитување на законите на здравјето јасно открива?
5. Како во поглед на здравјето се излагаме на опасност да ја пречекориме границата на дозволеното што се однесува до Божјата милост?
Продолжение
2. лекција – Човековото тело
9. октомври 2010
„Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае.“
— Псалм 139,14
„Ние овде можеме да се восхитуваме на Божјите дела во светот на природата, но човечкиот организам е нешто највеличествено.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 100.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Воспитување, 195-201.
Недела — 3. октомври
1. ПРОУЧУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО
а. На кој предмет Бог сака да му дадеме прво место? Матеј 6,33; Псалм 86,11; Изреки 9,10.
б. Зошто треба да покажеме интерес за изучување на физиологијата? Псалм 139,14.
„Родителите треба да настојуваат кај своите деца да разбудат интерес за изучување на физиологијата. Од првата мугра на разумот човековиот ум треба да постане интелигентен во поглед на физичката структура... Меѓу избраните студии за децата, физиологијата зазема важно место. Сите деца треба да ја изучуваат. И тогаш родителите треба да сфатат дека тоа практично оди заедно со хигиената.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 100.
в. Што треба да сфатиме за тесната врска помеѓу нашето физичко тело и нашето здравје? Псалм 119,73.
„Законите што управуваат со нашиот организам Бог ги впишал во секој нерв, мускул и влакно во телото. Секое немарно или намерно кршење на овие закони е грев против нашиот Создател.“
— Воспитување, 172.
Понеделник — 4. октомври
2. ПРЕКРАСНО СОЗДАДЕН
а. Што можеме да научиме од функциите на различните делови на телото? 1 Коринтјаните 12,18.14.
„(Учениците) кога ќе согледаат дека навистина се 'чудесно создадени’ (Псалм 134,14), ќе бидат исполнети со стравопочит. наместо да го расипуваат делото на Божјите раце, тие ќе посакаат да сторат сѐ што е во нивна моќ да го исполнат прекрасниот план на Создателот. на тој начин ќе се постигне послушноста на законите на здравјето да не ја сметаат за жртва или самооткажување, туку за она што таа навистина е, непроценливо предимство и благослов.“
— Воспитување, 175.
б. Може ли еден дел од телото да страда без да влијае на другите делови? 1 Коринтјаните 12,26.
„За хармонична акција на сите делови - мозокот, коските и мускулите - потребно е да се обезбеди целосен и здрав развој на целиот човечки организам.“
— Темели на христијанското воспитување, 426.
в. Како треба да се грижиме за нашето тело? 1 Коринтјаните 3,16.
„Бог грижливо и верно го создал човековиот организам и Тој нѐ обврзува да го проучуваме, да ги разбереме неговите потреби и да ја исполниме нашата улога во заштитата од она што му наштетува и го осквернува.“
— Здравје и среќа, 210.
г. Зошто е важно да се сочуваат во добра здравствена состојба дури и најмалите делови на нашиот организам? 1 Коринтјаните 12,25.
„Способностите на умот и телото треба да бидат внимателно чувани. Нашите дарови не смееме да ги ослабиме поради самоугодување. Секоја способност треба внимателно да биде сочувана за да биде секогаш подготвена за употреба. Ниеден дел од физичкиот организам не треба да ослабне поради злоупотреба. Секој дел, иако мал, има влијание врз целината. Злоупотребата на еден нерв или мускул ја намалува корисноста на целото тело. Оние за кого Христос го дал Својот живот треба своите навики и практики да ги доведат во согласност со Неговата волја.“
— Поглед угоре, 379.
Вторник — 5. октомври
3. СЕГАШНИОТ ЖИВОТ
а. Од што зависи животот на секоја ќелија? Левитска 17,14; Второзаконие 12,23.
„За да имаме добро здравје, мораме да имаме добра крв, затоа што крвта е река на животот. Таа го надоместува истрошеното и го храни нашето тело. Таа донесува живот и виталност до секој дел од нашиот организам, кога е задоволена со соодветни хранливи елементи и прочистена и засилена од допирот со свежиот воздух. Колку е подобра нејзината циркулација, толку подобро таа ќе ја извршува својата задача.“
— Здравје и среќа, 210.
б. Што е потребно за да крвта со кислородот и хранливите материи се пренесе до сите делови од телото? Создавање 2,8.15.
„Потребно е на децата да им се даваат едноставни лекции за разните органи на телото и да ги научат напамет. Идејата дека физичките вежби го зајакнуваат секој орган и даваат нов живот и исхрана за секој дел од живата машина треба длабоко да се всади во умот на ова е закон кој според Божјиот налог треба да владее со телото. Секој дел од организмот треба да функционира... Мозокот мора да планира и да дава наредби, а мускулите треба да ја вршат волјата на мозокот.“
— Објавени ракописи В, 222.223.
„Совршеното здравје бара совршена циркулација.“
— Здравје и среќа, 228.
в. Како ферментацијата во стомакот влијае врз целото тело?
„Нарушувања настануваат поради неправилна комбинација на храна, настапува ферментација (вриење); крвта е затруена а мозокот во конфузија.“
— Совети за животот и исхраната, 110.
г. Што треба да бараме од Бога, за да го направиме она што е најдобро за нашата благосостојба? Псалм 51,10.
„Чистиот и благороден живот, живот на победа над апетитот и страстите, е возможен за секој што ќе ја соедини својата слаба, колеблива човекова волја, со непроменливата и непоколеблива Божја волја.“
— Здравје и среќа, 125.
Среда — 6. октомври
4. ОПАСНОСТ ОД ОПИЕНА КРВ
а. Со што најчесто се опијува крвта? Исаија 22,13.
„Пред децата се става раскошен оброк - многу зачинети јадења, богато печено месо, слатки и торти. Многу зачинетата храна го надразнува желудникот и поттикнува желба за нешто што уште повеќе надразнува. Децата се изложуваат на искушение во поглед на апетитот не само со нездрава храна која премногу обилно им се дава за време на оброците, туку им се дава да јадат и помеѓу нив и тие во својата дванаесетта или четиринаесетта година неизлечиво заболуваат од диспепсија (нарушување во органите за варење).“
— Христијанска умереност, 18.
„Лицата кои им се предавале на задоволствата на нивниот апетит и слободно јаделе месо, многу зачинети сосови и разни видови на богати колачи и компоти, не можат веднаш да ја засакаат едноставната, здрава и корисна храна…“
— Совети за животот и исхраната, 158.
б. До какви сериозни последици доведува зачинетата и раздразлива храна?
„Преобилната и раздразлива храна трескавично ја вознемирува крвта… Во Својата голема љубов нашиот небесен Татко ни испратил светлина за здравствената реформа…“
— Христијанска умереност, 181.
„Масите на христијанските родители не треба да изобилуваат со храна која содржи мирудии и зачини.“
— Совети за родителите, учителите и студентите, 101.
в. Со што, во повеќето случаи, можеме да ја замениме употребата на лековите, и зошто? Јован 4,7 (послeден дел); Езекиел 47,12.
„Господ нѐ упатил дека голема ефикасност во лекување може да се постигне со правилна употреба на водата… Постојат едноставни билки кои можат да се користат за закрепнување на болните…“
— Одбрани пораки 2, 288.
Четврток — 7. октомври
5. СОЗДАТЕЛОТ И ЧУВАРОТ НА ТЕЛОТО
а. Кој го одржува човечкото тело? Псалм 36,9; 66,8.9.
„Творецот будно бдее над човековата машинерија, одржувајќи го во движење. Кога не би била Неговата постојана грижа, пулсот би престанал да чука, срцето би престанало да работи, мозокот повеќе не би ја извршувал својата функција.“
— Совети за здравјето, 586.
б. Зошто, тогаш, постојат толку болести? Осија 4,6 (прв дел); Исаија 24,4.5.
„Најголема причина за човечкото страдање е во тоа што не знаат како да го сочуваат своето здравје и како да се лекуваат?“
в. Што треба да научиме за да уживаме во здравјето и да го продолжиме животот? 1 Коринтјаните 10,31; 3,9.
„Оние кои своите навики во јадење и пиење ги држат под контрола на здравиот разум, јадат и пијат во слава на Бога, можат да ги продолжат деновите на својот живот. Јадете за да живеете, не живејте за да јадете“
— Денес со Бога, 123.
„Сите различни способности кои луѓето ги имаат, душата, телото и духот, им се дадени од Бога за да со правилно едуцирање ги развијат до највисок можен степен на совршеност…“
— Денес со Бога, 90.
Петок — 8. октомври
Личен преглед на прашањата
1. Зошто децата треба да имаа длабоко разбирање на физиологијата а не само да ги учат правилата за здравјето?
2. Каков благослов ни донесува проучувањето на физичкото здравје?
3. Зошто крвта е толку важна?
4. Кои се опасностите од јадење на зачинета храна?
5. Каква треба да биде нашата цел во однос на нашето физичко тело?
Продолжение
3. лекција – Умот и телото
16. октомври 2010
„Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.“
— 1 Коринтјаните 6,20
„Поврзаноста која постои помеѓу телото и духот е многу длабоко всадена. Кога едното од нив страда, другото сочувствува и страда заедно со него. Состојбата на духот влијае врз здравјето на целиот организам.“
— Христијанска умереност, 13.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 114-123.
Недела — 10. октомври
1. ИНТИМНА ВРСКА
а. Кои се составните делови на човечкото битие? 1 Солунјаните 5,23.
„Божјиот народ треба да расте во благодат посветувајќи ја со вистината духот, душата и телото. Кога ќе раскине со секое попуштање кое го уништува и нарушува здравјето, тие ќе имаат појасна претстава за она што претставува вистинската светост.“
— Совети за животот и исхраната, 34.
б. Каква е врската помеѓу она што физички го правиме и духовната состојба? 1 Коринтјаните 3,17.
„Сите закони на природата - кои што се Божји закони - се наменети за наше добро. Послушноста на овие закони ќе придонесе за наша среќа во овој живот и ќе ни помогне во подготовката за животот што доаѓа.“
— Совети за животот и исхраната, 23.
„Да се кршат законите на нашето битие исто така е грев како и да се престапуваат Десетте заповеди. И едното и другото е престап на Божјите закони.“
— Совети за животот и исхраната, 17.
в. Како Светото писмо ја опишува светоста на нашата одговорност во поглед на грижата за нашето тело? Римјаните 12,1.
Понеделник — 11. октомври
2. НИЕ СМЕ ОНА ШТО ЈАДЕМЕ
а. Што кажува Библијата за јадењето и за пиењето, како и за односот помеѓу она што јадеме и што сме ние? Изреки 23,1-3; 6,7.
„Нашите навики во јадењето и пиењето покажуваат дали сме од овој свет или припаѓаме на бројот на оние кои Господ со Својата моќна острица на вистината ги издвоил од светот.“
— 6 Сведоштво, 372.
„Навиките на овој век претставуваат сериозна пречка за усовршување на Христијански карактер. Во физички поглед ние сме составени од она што јадеме, и нашите умови во голема мера се под влијание на нашите тела.“
— Знаците на времето, 6 јануари, 1876.
б. Како храната што животните ја јадат ќе влијае на нивната природа и на новата земја? Исаија 11,6.7; 65,25.
в. Како погрешните навики во исхраната влијаат на карактерот и умот од детството?
„Шеќерот не е добар за стомакот. Тој предизвикува ферментација, а тоа го помрачува мозокот и создава мрзоволно расположение.“
— Совети за животот и исхраната, 327.
„Нашите деца треба да се научат да се откажат од такви непотребни работи како бонбоните, гумите за џвакање, сладоледот и други ситнурии.“
— Совети за животот и исхраната, 329.
„Мајките прават голема грешка дозволувајќи им на децата да јадат помеѓу оброци... Таа му дава парче колач или некоја друга слатка за да го смири, но со тоа злото само станува уште поголемо.“
— Христијанска умереност, 78.
„Вашите деца ја јадат онаа иста храна која ги поттикнува нивните животински страсти... Прво морате да ја извршите својата задача...“
— 2 Сведоштво, 402.
Вторник — 12. октомври
3. ИЗМЕНЕТИ НЕРВИ
а. Објасни зошто начинот на кој се храниме влијае на нашето однесување? Проповедник 10,17; Исаија 22,12-14.
„Исхраната има многу заедничко со религијата... Нетрпеливи зборови се зборуваат, и сурови дела се прават... а сето тоа се случува бидејќи нервите на мозокот се вознемирени поради злоупотреба на стомакот.“
— Совети за здравјето, 577.578.
б. Која благодат на духот оди рака под рака со трпението? 2 Петрово 1,5.6.
„За да може човекот да биде трпелив треба да практикува умреност во исхраната.“
— Совети за животот и исхраната, 65.
в. Кои навики ни помагаат да имаме јасни мисли и расудување? Левитска 10,9.10; Даниел 12,3.
„Оние кои преку навиките на неумереност му нанесуваат штета и на умот и на делото не се во состојба да размислуваат за духовните работи...“
— Знаците на времето, 27 јануари, 1909.
Среда — 13. октомври
4. МОРАЛНИТЕ СЕТИЛА ПОГОДЕНИ
а. Со што човекот ја покажува својата одговорност и кон создадените животни? Изреки 12,10 (прв дел). Која е, од дуга страна, најголемата причина за страдањето на животните?
„Токму поради човековиот грев 'сите созданија заедно со нас стенкаат како во породилни болки' (Римјаните 8,22)... иде ден кога ќе биде изречена пресуда над оние што ги малтретираат Божјите созданија.“
— Патријарси и пророци, 464.
б. Зошто консумирањето на месна храна го зголемува ризикот од добивање на болест?
„Месото никогаш не било најдобра храна, но сега имаме двојно повеќе причини против неговата употреба, бидејќи болестите кај животните брзо се зголемуваат.“
— Здравје и среќа, 242.
„Самото товење на животните за продажба... во организмот се внесуваат предизвикувачи на болести...“
— 2 Сведоштво, 66.
в. Која е главната причина за болеста? Второзаконие 25,15.21.
„Сатаната е основоположник на болеста... Гревот и болеста се однесуваат едно со друго како причина и последица.“
— Здрав живот, 60.
„Болестите се предизвикани поради кршење на здравствените закони.“
— 3 Сведоштво, 164.
Четврток — 14. октомври
5. ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ
а. Која храна може да биде ризична за нашето здравје, и зошто? Римјаните 8,22.
„Ќе дојде време кога млекото, јајцата, кајмакот или путерот нема да можат да се употребуваат без опасност...“
— 7 Сведоштво, 135.
б. Ако го сочуваме нашето тело во добра здравствена состојба, кој дел од нашето битие може да биде развиен подобро? Изреки 4,23.
„Мозокот е орган и инструмент на умот... Ако со правилни навики... ја одржуваме крвта чиста, мозокот правилно ќе се храни.“
— Ум, карактер и личност, 60.
в. Каква поука можеме да научиме од првото искушение на Христа во пустината? Матеј 4,3.4.
„Христос победил не согласувајќи се на попуштање на апетитот...“
— Христијанска умереност, 69.
г. Зошто духовното расудување е толку важно за нас денес? 2 Тимотеј 3,13.
Петок — 15. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
- Какви врски Божјиот морален закон има со нашето овоземно тело?
- Зошто шеќерот во исхраната не е препорачлив особено за децата?
- Која е мошне честопати сокриената причина за конфликт и караница?
- Кои фактори треба да ги имаме на ум во постапката со животните?
- Зошто Христовата победа во пустината на искушенијата е исто така важна за нас?
Продолжение
4. лекција – Божја медицина
23. октомври 2010
„Благословувај Го, душо моја, Господа, и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести.“
— Псалм 103,2.3.
„Постојат многу начини вештината на лекување да се примени во пракса, меѓутоа небото одобрува само еден начин. Божји лекови се едноставните природни средства кои не го оптоваруваат ниту слабеат организмот преку нивните моќни својства.“
— 5 Сведоштво, 443.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Healthful Living, pp. 224-235.
Недела — 17. октомври
1. БОЛЕСТ И СТРАДАЊА
а. Зошто има толку многу болести и страдања околу нас? Исаија 24,4-6.
„Голема добивка е да се обезбеди здравје ставајќи се во прав однос кон законите на животот, и во тоа мнозина не успеваат. Повеќето болести и страдања меѓу нас се резултат на престапување на физичките закони, прифаќање на погрешни навики.“
— Counsels on Health, p. 49.
б. Што можеме да направиме за да ги избегнеме болестите? Излез 15,26.
„Во однос на она што можеме да направиме за себе, постои точка којка бара внимателно, промислено внимание. Морам постојано да бидам ученик за да можам здравјето на телото кое ми е дадено од Бога да го сочувам во најдобра здравствена состојба. Морам да јадам она што е најдобро за моето здравје, а особена грижа морам да посветам и на облеката, која придонесува за здрава циркулација на крвта. Не смеам да се лишувам од физичка работа и движење на чист воздух. Морам да ги користам сите благодати кои ги дава сончевата светлина. Морам мудро и совесно да го чувам здравјето на моето тело.“
— Совети за детето, 366.367.
Понеделник — 18. октомври
2. ИСЦЕЛИТЕЛНА СИЛА
а. Кој е тој што нé исцелува од нашите болести, и физички и духовни? Псалм 103,3.
„Господ Исус Христос е единствениот извор на исцелување.“
— Поглед угоре, 141.
б. Што треба секогаш да имаме на ум за тоа кој е Лекар над лекарите? Лука 8,43-48.
„Христос е вистинската глава на лекарската професија. Како главен Лекар, Тој се наоѓа покрај секој богобојазлив практичар, кој работи на олеснување на човечките страдања. И додека ги употребува природните лекови за физичката болест, лекарот треба да ги упати своите пациенти кај Оној, Кој може да ги исцели и душата и телото. Всушност, Христос е Тој, Кој го извршува делото на исцелување, кое лекарите можат само да го потпомогнат. Тие се трудат да и помогнат на природата во процесот на оздравување - Исцелител е единствено Исус. Лекарите се трудат да го спасат животот, а Христос дарува живот.“
— Здравје и среќа, 112.
в. Чија сила се открива во природните лековити средства? Јован 9,5-7; Исаија 38,21.
„Кога е повреден некој дел од телото, процесот на исцелување започнува веднаш; природата почнува да делува за да се поврати нарушеното здравје. Но силата што работи преку природата е Божјата сила. Секоја животворна сила доаѓа само од Него. Кога некој ќе оздрави од која и да е болест, Бог е Тој, Кој го исцелил.“
— Здравје и среќа, 112.
г. Под кои услови Бог може да ни го обнови изгубеното здравје - и колку е далекусежно таквото оздравување? Јован 5,14; 1 Солунјаните 5,23.
„Залуден е напорот да се учат луѓето од Бога да очекуваат исцелување и спас од своите болести и немоќи, а да не се научат да ги отфрлат штетните навики. За да можат да го примат Неговиот благослов како одговор на својата молитва, тие мораат да престанат да прават зло и да се научат да прават добро. Нивното опкружување мора да биде здраво, а нивните животни навики исправни. Тие мораат да живеат во хармонија со Божјиот Закон, и во природен и во духовен поглед.“
— Слуги на евангелието, 195.
Вторник — 19. октомври
3. ПРИРОДНИ СРЕДСТВА
а. Кои помошни природни средства одобрени од Бога за лекување на болестите ние треба да ги прифатиме? Езекиел 47,12.
„Постојат многу начини вештината на лекување да се примени во пракса, меѓутоа небото одобрува само еден начин. Божји лекови се едноставните природни средства кои не го оптоваруваат ниту слабеат организмот преку нивните моќни својства.“
— 5 Сведоштво, 443.
„Ние имаме одобрение од Божјиот Збор (Библијата( за употреба на природните лековити средства. Кога Израелскиот цар Езекија бил болен, Божјиот пророк му донел порака дека ќе умре. Тој повикал кон Бога и Бог го послушал Својот слуга, испраќајќи му порака дека ќе му го продолжи животот за петнаесет години. Еден единствен Божји Збор, можел за миг да го исцели Езекија, но му биле дадени посебни упатства: 'Нека донесат суви смокви, нека ги изгмечат и нека ги стават врз чирот; и царот ќе оздрави (Исаија 38,21).“
„Во една пригода, Исус ги помазал очите на слепиот со кал и му заповедал: 'Оди и измиј се во бањата Силоам... Тој отиде, се изми, и дојде гледајќи' (Јован 9,7). Исцелувањето можело да биде извршено само со посредство на силата на Големиот Исцелител но саепак, Христос употребил едноставни природни средства. Иако Тој не се застапувал за употреба на дроги и медикаменти, ја одобрувал примената на едноставни природни средства.“
— Здравје и среќа, 232.
„Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, одморот, движењето, правилната исхрана, употреба на водата и верата во Божјата сила - тоа се вистински лекови. Секој човек треба да ги знае природните средства за лекување и како да ги примени.“
— Здравје и среќа, 127.
б. Што Господ исто така предвидел за лекување на болестите? Псалм 104,14.
„Господ има обезбедено противотрови за болестите во едноставните растенија, и овие можеме да ги употребуваме, а со тоа да не ја одрекуваме верата; бидејќи со употреба на благословите предвидени за наше добро ние соработуваме со Него. Можеме да ги користиме водата, сонцето и билките кои Тој дава да растат, при лекување на болестите предизвикани поради невнимание или несреќен случај. Ние не покажуваме недостаток на вера кога во молитва бараме од Бога да ги благослови Неговите лековити средства.“
— Одбрани пораки 2, 289.
Среда — 20. октомври
4. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МЕДИКАМЕНТИ
а. Кој бил лекар меѓу првите ученици? Колосјаните 4,14. Каков совет им се дава на лекарите?
„Во својата пракса лекарите треба да тежнеат што помалку да препорачуваат употреба на медикаменти, наместо да ги зголемуваат.“
— Одбрани пораки 2, 282.
б. Кој совет во многу случаи е попрепорачлив отколку употребата на лековите? Изреки 3,7.8; 4,20-22.
„Треба да ја избегнувате употребата на медикаментите и внимателно да им се покорувате на законите на здравјето. Ако се грижиш за твојот живот, треба да јадеш обична храна, подготвена на наједноставен начин, и што повеќе физички да се движиш.“
– Совети за животот и исхраната, 82.
в. Што како народ треба да направиме за да повеќе зависиме од Божјите лекови? Изреки 3,6; Второзаконие 6,1.2.
„Одвикнувајте се од медикаментите. Употребувајте ги сѐ помалку и помалку... Тогаш природата ќе ги прифати Божјите лекови - чистиот воздух, чистата вода, соодветните вежби, чистата совест... Мнозина можат да се закрепнат без употреба на вештачки лекови ако ги почитуваат законите на здравјето. Медикаментите треба ретко да се употребуваат.“
— Одбрани пораки 2, 281.
г. Што треба пациентот да направи во екстремни ситуации? Јаков 5,14-16.
„Наша привилегија е да ги користиме сите од Бога одредени средства во согласност со нашата вера, а потоа со доверба да се потпреме на Божјата ветувања. Ако има потреба од хируршка интервенција, и лекарот е подготвен да го преземе случајот, тоа не е негирање на верата ако се изврши операција. Откако својата волја ќе ја довериме на Божјата волја, пациентот треба со целосна и совршена доверба да се препушти на Големиот и Семоќен Исцелител. Верата на болниот Господ ќе ја награди на начин кој Тој ќе согледа дека најдобро ќе послужи на слава на Неговото име.“
— Одбрани пораки 2, 284.285.
Четврток — 21. октомври
5. ПРОТИВНИЧКИ МЕТОДИ
а. Кој лажно себеси си ја препишува силата дека може да ја лекува болеста? 1 Коринтјаните 11,3; Откровение 12,9.
б. Преку кого сатаната ги мами луѓето, и кои се некои од неговите методи? Дела 8,9-11; Второзаконие 18,9-14; Матеј 7,21-23; 24,24.
„Апостолите од скори сите форми на спиритизмот тврдат дека имаат моќ да лекуваат. Оваа моќ тие ја припишуваат на електрицитетот, магнетизмот, на таканаречените лекови на сочувство или на скриените сили во умот на човекот. Не се малку оние кои, дури и во овој век на христијанство, одат кај овие исцелители, наместо да веруваат во силата на живиот Бог и во вештината на квалификуваните лекари.“
— Ум, карактер и личност 2, 701.
„Ние не треба да бидеме измамени... Божјото Слово изјавува дека сатаната ќе прави чудеса. Тој ќе ги направи луѓето болни, а потоа одеднаш ќе ја отстрани својата сатанска моќ. Тие потоа ќе се сметаат за исцелени. Овие дела на привидно исцелување ќе ги стават Адвентистите на Седмиот ден на тест. Мнозина кои имале голема светлина нема да успеат да одат во светлината, затоа што тие не станале едно со Христа.“
— Одбрани пораки 2, 53.
в. Колку е голема разликата помеѓу Божјиот метод и сатанскиот метод?
„Лековите кои што Христос ги препорачува го чистат организмот. Но сатаната ги искушува луѓето во својот организам да внесат она што го ослабнува, парализира и уништува неговото совршено функционирање кое што Бог толку прекрасно го создал.“
— Одбрани пораки 2, 289.
Петок — 22. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
- Каков завет ние треба да направиме за да го сочуваме своето здравје?
- Што прават најдобрите лекари за да го обноват своето здравје?
- Наведи некои од лековите кои небото ги одобрува?
- Што треба ние да разгледаме во случај на мошне тешки болести?
- На каков тест во врска со лекувањето ќе бидат изложени дури и избраните?
Продолжение
5. лекција – Исхрана, здравје и умереност
30. октомври 2010
„Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пијанство, и тегобни грижи за овој живот, за да не ве затекне оној ден ненадејно.“
— Лука 21,34.
„Малку луѓе има кои правилно сфаќаат во колкава мера нивните навики во јадењето влијаат врз нивното здравје и карактер, врз нивната корисност во овој свет и врз нивната вечна судбина.“
— Патријарси и пророци, 562.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Healthful Living, pp. 68-70.
Недела — 24. октомври
1. НАЈДОБРА ХРАНА
а. Која храна е најдобра за луѓето? Создавање 1,29.
„За да дознаеме која храна е најдобра, мораме да го проучиме првичниот Божји план за исхрана на луѓето. Оној, Кој го создал човекот и Кој ги разбира неговите потреби, му ја одредил храната на Адам. 'Еве' - рекол Бог, 'Ви дадов секаков вид на растение, што дава семе... и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид. Тоа да ви биде за храна!' (Создавање 1,29). Кога го напуштил Едем и тргнал да си обезбеди живот, обработувајќи ја земјата под проклетството на гревот, на човекот му било дозволено да јаде и 'полска трева' (Создавање 3,18).“
— Здравје и среќа, 230.
„Житарките, овошјето, зеленчукот и зрнестите плодови ја претставуваат исхраната што Творецот ја избрал за нас. Оваа храна, подготвена на наједноставен и најприроден можен начин, е најздрава и најхранлива. Таа ја зголемува силата, издржливоста и острината на умот, што не може да се постигне со посложена и постимулативна исхрана.“
— Здравје и среќа, 231.
б. Кој вид на храна може слободно да се јаде? Песна над песните 7,13.
„Иако препорачуваме едноставност во начинот на исхраната, нека биде разбрано дека ние не препорачуваме оскудна, слаба исхрана. Нека нашиот стол биде снабден со изобилство на овошје и зеленчук кои се во добра состојба.“
— Знаците на времето, 30. декември, 1897.
Понеделник — 25. октомври
2. КВАЛИТЕТ И КВАНТИТЕТ
а. Која врста на храна треба да биде избрана за здрав начин на исхрана? Изреки 23,1.
„Првото образование кое децата во раното детство треба да го добијат од мајката треба да се однесува на нивното телесно здравје. На нив треба да им се дава едноставна храна со таков квалитет која ќе им го зачува здравјето во најдобра состојба...“
— Совети за животот и исхраната, 228.
„Нашите тела се изградени од она со што се храниме; и со цел ткивото на нашиот организам да биде со добар квалитет, мораме да употребуваме соодветен вид на храна.“
— Совети за детето, 373.
б. Колку прехранбените навики придонесуваат за доброто здравје, и кои совети треба да бидат вклучени во образовната работа? Проповедник 3,2; 10,17.
„Немајќи време да се одморат, органите за варење слабеат па оттука и чувството на 'изнемоштеност' и желбата за често јадење. Лекот кој што на таквите им е потребен е да јадат поретко и да се задоволат со едноставна, обична храна, која треба да ја земаат двапати или, најмногу три пати на ден.“
— Совети за животот и исхраната, 175.
„По редовниот оброк, на стомакот треба да му се дозволи да одмори барем пет часа. Ниту едно парче на храна не треба да се внесе во стомакот до следниот оброк.“
— Совети за детето, 389.
„Ако вечерата се земе порано, се меша со варењето на претходниот оброк. Ако се земе подоцна, таа не е сварена пред заминување во постела. Така на желудникот не му е даден соодветен одмор. Сонот станува пореметен, мозокот и нервите се заморени, апетитот за доручок е намален, а целиот организам е неосвежен и неподготвен за дневните должности.“
— Совети за животот и исхраната, 176.
в. Кој принцип при избор на храна треба секогаш да го имаме на ум? Јаков 4,17.
„Оние кои, по светлината која успеала да стигне до нив, не се волни во поглед на јадење и пиење да се раководат според принципот, не само што нема да можат да го совладаат апетитот, туку нема да се раководат според принципот ниту во другите работи.“
— Counsels on Health, p. 39.
Вторник — 26. октомври
3. ОПАСНА ХРАНА
а. Какво предупредување ни е дадено и при изборот на овошје и зеленчук? Проповедник 3,1.
„Презреаното овошје и овенатиот зеленчук не треба да се користат. Зеленчукот и овошјето не треба да се јадат во ист оброк.“
— Знаците на времето, 30. декември, 1897.
б. Што кажува Библијата за оние кои не можат да го контролираат својот апетит? Изреки 23,21; Филипјаните 3,19.
„Во желудникот често се создава ферментација преку внесување на различни видови на храна кои меѓусебно не се согласуваат... Не ставајте во желудникот премногу разновидна храна во еден оброк.“
— Денес со Бога, 340.
в. На каква опасност се излагаат луѓето употребувајќи месо во својата исхрана?
„Ракот, туморите и сите воспалителни болести во голема мерка се предизвикани со употреба на месото во исхраната.“
— Совети за животот и исхраната, 354.
г. Кои две нешта биле забранети да се јадат? Левитска 3,17. Што треба да сфатиме за рафинираното брашно, шеќерот, колачите, слатките пудинзи и така натаму?
„Ние не мислиме дека пржениот компир е здрава храна... Јади ја само храната која не содржи маснотии.“
— Совети за животот и исхраната, 354.
„Месото, путерот, сирењето, богатите тестенини, зачинетата храна и мирудиите - сето тоа слободно и без никакво воздржување го јадат и старите и младите. Овие работи го вознемируваат желудникот, ги возбудуваат нервите и ги слабеат умните способности.“
— Христијанска умереност, 236.
„На белиот леб му недостигаат хранливи состојки што можат да се најдат во лебот приготвен од брашно од цело зрно. Белиот леб е честа причина за тврда столица и други нездрави состојби.“
— Здравје и среќа, 233.
„Шеќерот не е добар за стомакот. Тој предизвикува ферментација, а тоа го помрачува мозокот и создава мрзоволно расположение.“
— Совети за животот и исхраната, 327.
Среда — 27. октомври
4. ОПШТА УМЕРЕНОСТ ИЛИ САМОКОНТРОЛА
а. Која особина - која се однесува на здравјето - е една од плодовите на Духот? Галатјаните 5,22.23. Како е дефинирана? 1 Коринтјаните 9,25.
„Вистинската умереност нѐ учи на воздржување од сѐ што е штетно и на разумна употреба на она што е здраво и корисно.“
— Патријарси и пророци, 562.
„Воздржувањето од сите штетни јадења и пијалаци е плод на вистинска вера. Човекот кој потполно се обратил, ќе се откаже од сите штетни навики и желби. Со потполно воздржување, тој ќе ја совлада желбата која го принудува да им попушти на своите каприци, кои го нарушуваат здравјето.“
– Совети за животот и исхраната, 457.
б. Колку се штетни а честопати и трагични последиците од неумереноста? Изреки 25,28.
„Гревот на неумереност во јадењето - премногу честото јадење, премногу, богато зачинетата, мрсна и нездрава храна - го уништува здравјето на органите за варење, влијае на мозокот, го изопачува расудувањето и го попречува рационалното, смирено здраво размислување и делување.“
- Совети за детето, 398.
„Неумереност во јадењето и пиењето, во работата и во речиси сите области во животот, постои на секој чекор... Оние кои ги нарушуваат законите на здравјето ќе мораат еден ден да ја платат казната...“
— Знаците на времето, 30. декември, 1897.
„Кога ќе легнеме да се одмориме, желудникот треба да ја заврши својата работа за да може и тој да се одмори како и останатите делови на телото... Колку повеќе му се попушта на апетитот, толку поголеми ќе бидат неговите барања.“
— Совети за животот и исхраната, 175.
Четврток — 28. октомври
5. КУЛИНАРСКА ВЕШТИНА
а. Која вештина, треба да се научи на рана возраст, и зошто? Изреки 31,15.29.
„Готвењето може да се смета како помалку пожелна работа во однос на некои други видови на работа, но во реалноста тоа е вештина која според вредноста е над сите други знаења...“
— Совети за животот и исхраната, 251.
„Многу е важно да се сфати дека вештината на готвење претставува една од најважните гранки на образованието.“
— 1 Сведоштво, 611.
„Мајките треба да ги водат своите ќерки уште од нивната младост во кујната, поучувајќи ги во вештината на готвењето.“
— 1 Сведоштво, 613.
„Верска должност за оние кои готват е да се научат како се подготвуваат јадења на различни начини така да можат да бидат и вкусни и здрави.“
— Христијанска умереност, 62.
б. Кои видови на леб се најхранливи и најздрави?
„Само пченичното брашно не е најдобро за постојана употреба. Мешавина од пченица, овес и 'рж ќе биде многу похранлива од пченицата на која и се одземени хранливите својства.“
— Совети за животот и исхраната, 321.
в. Што вели Исус за двата вида на леб кои му се потребни на човештвото? Матеј 4,4; Јован 6,33-35; 5,39.
„Божјото Слово е лебот на животот.“
— Погледот угоре, 125.
Петок — 29. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
- Кои благослови ги добиваме од храната со растително потекло?
- Зошто е толку важно да се научиме да го контролираме својот апетит?
- Наведи некои од намирниците чија штетност мнозина не ја сфаќаат?
- Наведи два штетни чекори на неумереност кои често се преземаат по заоѓањето на Сонцето?
- Како Бог, спротивно на мислењето на овој свет, гледа на вештината и значењето на готвењето?
Продолжение
6. лекција – Првобитна исхрана
7. ноември 2010
„И Бог рече: 'Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна!“
— Создавање 1,29.
„Сите закони на природата - се Божји закони - и се наменети за наше добро. Потчинувањето на овие закони ќе придонесе за наша среќа во овој живот и ќе ни помогне во подготовката за животот што доаѓа.“
— Христијанска умереност, 162.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 295-310.
Недела — 31. октомври
1. БОЖЈИОТ ПРВОБИТЕН ПЛАН
а. Каков бил Божјиот првобитен план во создавањето на човештвото? Создавање 1,26-28.
б. Каква храна им била дадена во почетокот на луѓето за да го зачуваат здравјето? Создавање 1,29. Што со оглед на тоа треба да направиме? Еремија 6,16.
„Колку е тоа можно треба да се вратиме на Божјиот првобитен план.“
— Совети за животот и исхраната, 488.
в. После падот, што Бог додал во исхраната предвидена за човештвото? Создавање 3,18.
„Житарките, овошјето, зрнестите плодови и зеленчукот ги содржат сите хранливи состојки потребни да се создаде добра крв. Овие елементи не се толку добро или така целосно содржани во месната храна. Кога употребата на месото би била од суштинско значење за здравјето и силата, храната од животинско потекло би била вклучена во исхраната одредена за човекот во почетокот.“
— Совети за детето, 384.
Понеделник — 1. ноември
2. АПЕТИТОТ СЕ ИСПИТУВА
а. На каков испит биле изложени Адам и Ева? Создавање 2,16.17.
„Кога Адам и Ева биле сместени во Едемската градина, сѐ придонесувало за нивно уживање.“
— Знаците на времето, 24. февруари, 1898.
„Адам и Ева биле проверувани, за да се види дали ќе го почитуваат зборот на нивниот Творец... Се било направено за да на човечкиот род засекогаш да му се обезбеди благослов, и само една лесно ограничување му било дадено на безгрешниот пар за да се провери нивната лојалност кон Бога.“
— Знаците на времето, 8. октомври, 1894.
б. Откако биле ставени на проверка, како нашите прародители паднале и какво завештание следело? Создавање 3,1-6; 1 Јованово 3,4.
„Ева имала сѐ што би можело да ја направи среќна... Таа каснала од плодот, а под нејзиното влијание јадел и нејзиниот сопруг, па така проклетството паднало врз нив двајцата.“
— Совети за животот и исхраната, 145.
в. Што се случило како резултат на лошата одлука од страна на Адам и Ева? Римјаните 5,12.
„Земјата исто така била проколната заради нивниот грев. Почнувајќи од падот, неумереноста се јавува скоро во секој облик. Апетитот владее со разумот.“
— Совети за животот и исхраната, 145.
Вторник — 2. ноември
3. ПРИВРЕМЕНА ПРОМЕНА
а. Кој бил долгорочниот резултат на одлуката на Адам и Ева да покажат непослушност во однос на апетитот? Создавање 6,11-13.17.
б. Како историјата се повторува? Матеј 24,37-39.
„Истите оние гревови кои на светот му донеле пропаст во времето на Ное, постојат и во нашите денови. И денес мажите и жените се оддаваат на јадење и пиење до таа мера така што тоа прераснува во прождрливост и пијанство.“
– Совети за животот и исхраната, 146.
в. До какви промени дошло во исхраната на човекот после потопот? Споредете: Создавање 1,29; 3,18 со Создавање 9,3.4.
г. Зошто била дозволена месната храна после 1500 години без неа? Псалм 90,9.10.
„...јадењето на месо било толерирано за да се скрати периодот на постоење на 'во тоа време' долговечните луѓе. Тоа било дозволено поради тврдоста на срцата на луѓето.“
— Testimonies Studies on Diet and Foods, p. 68.
д. Кои ограничувања во поглед на исхраната дадени на Ное и неговите наследници биле исто така дадени и на Израелците? Создавање 7,2.3.8.9; Левитска 11,46.47.
„...бидејќи тогаш биле уништени со потопот сите зелени растенија, им дозволил да јадат месо од чистите животни што биле сочувани во ковчегот.“
— Патријарси и пророци, 107.
Среда — 3. ноември
4. ОБИД ДА СЕ ОБНОВИ ПРВОБИТНИОТ ПЛАН
а. Каква храна Бог им дал на синовите на Израел кога ги извел од Египет? Создавање 16,14.15.31.35.
„...Ги подложил на дисциплина... Месната храна во голема мера им била отстранета... Изопачениот апетит требал да се доведе во здрава состојба...“
– Совети за животот и исхраната, 377.
б. Каков бил ставот на многуте Израелци во однос на храната, и како Бог одговорил? Второзаконие 11,4-6.18-20; Псалм 78,18-32.
„Мрмореле против Божјите ограничувања и копнееле по Египетските лонци со месо. Бог им дозволил да јадат месо, но се покажало дека тоа било проклетство за нив.“
— Совети за животот и исхраната, 378.
в. Што треба да научиме од овој настан во пустината? Евреите 3,12-19; Псалм 78,18; 1 Коринтјаните 10,5.6.9-11.
„Патувањата на синовите на Израел се верно опишани... Оваа верна слика стои пред нас како предупредување да не го следиме нивниот пример на непослушност и да паднеме како нив.“
— Слуги на евангелието, 159.
Четврток — 4. ноември
5. ВРАЌАЊЕ КОН ПРВОБИТНИОТ ПЛАН
а. Каков бил напредокот во исхраната на Илија? 1 Цареви 17,4-6.12-16; 19,6.
б. Опиши го начинот на исхрана и делото на Јован Крстител, како и нашата задача. Матеј 3,1-4.
„Јован се одвоил од пријателите и од животните удобности... Неговата чиста вегетаријанска исхрана - рогач и див мед - била прекор... Оние кои треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање...“
— 3 Сведоштво, 62.
в. Кој е Божјиот план за Неговиот народ пред Христовото враќање? 1 Солунјаните 5,23. Објасни го предупредувањето дадено во Исаија 22,12-14.
„Бог се обидува да нѐ врати назад, чекор по чекор, кон Неговиот првобитен план - според кој човекот треба да се издржува од природните производи на земјата.“
— Совети за животот и исхраната, 450.
г. Каква ќе биде нашата исхрана на небото и на новата земја? Откровение 21,1.4; 22,2; Псалм 78,24.
„Видов плод од дрвото на животот, мана, бадеми, смокви, нар, грозје и многу други видови на овошје.“
— Рани списи, 19.
Петок — 5. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
- Зошто Бог на нашите прародители им дал само билна храна?
- Зошто тие се искушувани со посредство на апетитот?
- Како да им одговориме на оние кои за употреба на месото се повикуваат на Библијата?
- Какво предупредување треба да имаме од Израелците во пустината?
- Како нашето искуство во поглед на исхраната во овие последни денови треба да се разликува од нивното?
Продолжение
7. лекција – Физички активности
14. ноември 2010
„Ќе јадеш од плодовите на рацете свои: блазе тебе и добро ќе живееш“. - Псалм 128,2.
„Неактивноста е плодоносна причина за болестите. Вежбањето ја забрзува и изедначува циркулацијата на крвта.“ - Мојот живот денес, 144.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 3 Сведоштво, 125-143.
Недела — 7. ноември
1. РАБОТАТА НОСИ СРЕЌА
а. Каква активност Бог му одредил на Адам за негово добро? Создавање 2,15.
„Ако среќата се состоела во неактивност, на човекот — додека се наоѓал во света невиност — не би му било дадено занимање. Но Оној кој го создал човекот знае што е најдобро за неговата вистинска среќа, и штом го создал му дал и соодветно занимање. За да биде среќен, човекот мора да работи.“
– 3 Сведоштво, 77.
б. Зошто животот исполнет со работа е предодреден да биде благослов? Псалм 128,2.
„Друг скапоцен благослов е соодветната вежба. Секој орган и секој мускул во живиот организам на човечкото тело имаат своја задача...
„Без таква вежба умот не може трајно да ја одржи својата работна способност. Станува неактивен, неспособен за остра и брза реакција, што би требало да им даде обележје на неговите способности.“
- Мојот живот денес, 130.
в. Што вели пишаниот збор за оние кои не сакаат да работат? 2 Солунјаните 3,10.12.
„Родителите треба да се погрижат да им обезбедат работа на своите деца. Немарноста и леноста се вистински извори на злото. Физичката работа која доведува до здраво замарање на мускулите ќе го поттикне апетитот за едноставна и здрава храна...“
- Совети за животот и исхраната, 243.
Понеделник — 8. ноември
2. ПРЕОПТОВАРУВАЊЕ
а. Иако сме создадени да бидеме активни, што сепак треба да имаме на ум? Марко 6,31 (прв дел).
„Внесете во секојдневната работа надеж, храброст и љубезност. Не работете прекумерно. Многу е подобро да се остават некои работи планирани за тој ден недовршени отколку да се исцрпите и преоптоварите, губејќи ја неопходната крепост за извршување на задачите за наредниот ден. Не кршете ги денес природните закони за да не ја изгубите силата за утре...“
- Ум, карактер и личност, 376.
„Преоптовареноста во работата понекогаш доведува до губење на самоконтрола... Бог сака да сфатиме дека ние не го прославуваме Неговото име ако се преоптоваруваме со премногу тешки товари, кои го замараат нашето срце и нашиот мозок, предизвикувајќи во нас нерасположение, надразливост и мрморење.“
– Порака за младите, 135.
„Не е мудро да се биде секогаш под притисок на работата и возбудата, дури ниту тогаш кога им служиме на луѓето во духовните потреби, бидејќи на овој начин личната побожност се запоставува, а силите на духот, душата и телото се оптоваруваат. Од слугите на Христос се бара самооткажување и жртви; но Бог исто така од сите очекува да ги запознаат законите на здравјето, и кога работат за Него да се управуваат со разумот за да го одржат животот кој Тој им го подарил.“
„Иако Исус можел да прави чуда и кој таква моќ им дал и на Своите ученици, им наложил на Своите уморни слуги да одат во природата и да се одморат.“
- Слуги на евангелието, 219.
„Одреденото време за одмор им е неопходно на сите, а особено на жените.“
- Евангелизам, 395.
б. Иако не треба да го занемаруваме нашето ментално и физичко здравје, која треба да биде нашата прва цел во животот? Матеј 6,31-33.
„Времето посветено на одржување на физичкото и менталното здравје е правилно употребено. Не смееме да дозволиме поради преоптоварување или злоупотреба на било кој дел од нашето битие да закржлави и ослабне некоја функција на умот или телото. Последиците од таквото однесување неизбежно мораме да ги поднесуваме.“
– Совети за детето, 395.
Вторник — 9. ноември
3. СЕДЕЧКИ НАВИКИ И ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ
а. Што е неопходно за оние кои го поминуваат поголемиот дел од времето седејќи?
„Вежбање на отворено, за оние кои ја извршуваат својата работа седејќи, во затворен простор, ќе биде корисно за здравјето. Сите кои можат, треба да чувствуваат должност да продолжат во таа насока. Тие со тоа нема ништо да изгубат, туку многу ќе добијат. На своите професии ќе се вратат со нов живот и нов елан, со поголема ревност за работа и ќе бидат повеќе отпорни кон болестите.“
- Порака за мланите, 393.
б. Која храна е најдобра за оние кои својата работа ја извршуваат седејќи?
„Еве предлог за сите што работат умствена работа или седејќи; оние кои имаат доволно морална храброст и самоконтрола, нека се обидат да го спроведат во дело: При секој оброк земете само два или три вида едноставна храна и не јадете повеќе отколку што е потребно да го задоволите гладот. Вежбајте активно секој ден и ќе видите дека ќе имате придобивки.“
- Здравје и среќа, 310.
в. Што ни е потребно за да ги победиме навиките кои можеби станале премногу седечки? 2 Коринтјаните 8,12.
„Помогнете ја силата на волјата која ќе се спротивстави на студот и ќе му даде енергија на нервниот систем. За кратко време толку ќе ја сфатите користа од вежбањето и чистиот воздух што не би живееле без овие благослови.“
– Совети за детето, 339,340.
г. Која положба во седењето или стоењето е многу препорачливо да биде во склад со Божјиот првобитен план? Проповедник 7:29.
„Една од примарните цели кон кои треба да се стремиме е правилното држење како при седење, така и при стоење. Бог го создал човекот исправен и Тој сака човекот да се здобие не само со физички, туку и со душевни и морални благослови, отменост, достоинство и сигурност, храброст и сигурност во себеси, каде многу придонесува правилното држење.“
– Совети за детето, 364.
Среда — 10. ноември
4. ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ
а. Кои се предностите на физички активениот живот? Псалм 104,23; Проповедник 5,12.
„Со корисна работа јакнеат не само органите на телото, туку благодарение на нивното движење и умните способности стануваат посилни и поделотворни.“
– 3 Сведоштво, 77.
„Лесни, не толку напорни телесни вежби на чист воздух и во добро расположение ќе ја зајакнат циркулацијата, ќе дадат здрава боја на кожата и на органите ќе им испраќа крв збогатена со свеж воздух.“
– 2 Сведоштво, 530.
„Движењето му користи и на варењето.“
– 2 Сведоштво, 569.
б. Кој е најкорисниот вид на вежбање? Создавање 2:15.
„Вежбањето кое претставува само игра или движење не ни нуди најголема корист. Престојувањето на чист воздух и вежбањето на мускулите ни донесуваат некаква полза, но ако истата сила се вложи во некоја корисна работа, користа би била поголема и би имале чувство на задоволство. Таквите вежби донесуваат чувство на корисност и одобрување на совеста за добро извршената должност.“
– Адвентен дом, 506.
„Движењето на чист воздух треба да се претстави како животна потреба. А всушност не постојат подобри можности за такво движење, отколку обработувањето на земјата.“
– Здравје и среќа, 265.
в. Наместо да се стремиме кон освојување во натпреварувачките спортови што ги практикува светот, која треба да биде нашата цел — и зошто? Софонија 2:3.
„Некои од најомилените забави, како што се американскиот фудбал и боксот, станаа училишта на суровост. Тие игри ги развиваат истите особини како и игрите во стариот Рим. Желбата за истакнување, уживањето во грубата игра, безгрижниот презир кон животот, многу разорно делуваат врз младите.
Другите атлетски игри, иако не наведуваат на толкава суровост, заслужуваат не помал приговор поради претераноста до која се доведени. Тие поттикнуваат љубов кон уживања и возбудувања, развивајќи на тој начин одвратност кон полезната работа и тенденција кон одбегнување на практичните должности и одговорности...“
– Воспитување, 210.
Четврток — 11. ноември
5. ДУХОВНИ ВЕЖБИ
а. Што е уште поважно од физичкото вежбање? 1 Тимотеј 4:8,7.
„Ако умот не е трениран да се занимава со религиозни теми, тој ќе биде слаб и немоќен во оваа насока. Но, додека се занимава со световни работи, тој ќе биде силен; зашто во оваа насока е негуван и зајакнат со вежбање. Причината зошто на мажите и жените им е толку тешко да живеат религиозни животи е затоа што тие не го вежбаат својот ум во побожност... Кога срцето е поделено и воглавно зафатено со светските работи, а малку со Божјите работи, не може да има големо зголемување на духовната сила.“
- God’s Amazing Grace, стр. 297.
б. Што треба да биде вклучено во нашите духовни вежби? Дела 24:16. Која треба да биде нашата прва и највисока цел? Еремија 9:24.
„Сите небесни суштества се во постојана активност. И Господ Исус со Својот живот на постојаната работа, ни оставил пример на секој од нас. Тој поминал низ животот правејќи добро. Бог одредил законите на активност да мора да се почитуваат... Активноста дава сила“
– Мојот живот денес, 130.
в. Кои се земните придобивки од духовната трудољубивост? Римјаните 12:10–12; Евреите 6:11, 12; Филипјаните 2:14–16.
Петок — 12. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
а. Зошто Бог обезбедил работа за човечкиот род?
б. Наведете некои од опасностите поврзани со прекумерната работа.
в. Наведете некои од опасностите поврзани со прекумерно седечки начин на живот.
г. Како ни користат физичките вежби?
д. Како можеме да го примениме концептот на духовно вежбање?
21. ноември 2010
„Ќе им дадам вода.“ - Броеви 21,16.
„Илјадници кои можеле да живеат, умреле од недостиг на чиста вода и чист воздух.“ – Совети за животот и исхраната, 419.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 237, 325–327, 330–335.
Недела — 14. ноември
1. ПОТРЕБА ОД ВОДА
а. Што е запишано во Светото писмо во врска со една од најосновните потреби на човештвото? Јован 4:7; Изреки 25:21.
б. Во времето на патријарсите, кои живееле во полупустински области, кој бил еден од нивните најсериозни проблеми? Создавање 26:18-20.
„И во здравје и во болест, чистата вода претставува еден од најодбраните небесни благослови. Правилната употреба на истата го обновува здравјето. Таа е пијалак, кој според Божјото провидение треба да ја гасне жедта на животните и човекот. Таа ги подмирува потребите на организмот, помагајќи ѝ на природата да се спротивстави на болеста. Надворешната употреба на водата претставува еден од наједноставните и најповолните средства за регулирање на крвотокот. Ладниот или освежувачки туш, претставува одлично средство за зајакнување. Топлата вода ги отвора порите на кожата и на тој начин го потпомага излачувањето на нечистотиите од организмот. Наизменичната употреба на топла и млака вода, ги смирува нервите и ја урамнотежува циркулацијата.“
– Здравје и среќа, 237.
„Најдобрата течност за отстранување на секаква нечистотија и отровни материи од човековиот организам е чистата и природна вода... Кога заболените би биле волни со употребата на чистата и здрава вода да ѝ помогнат на природата во нејзините постојани напори за оздравување, би можеле да се избегнат многу неволји и страдања.“
– Мојот живот денес, 139.
Понеделник — 15. ноември
2. ВОДАТА, ГОЛЕМ БЛАГОСЛОВ
а. Наведете неколку начини на кои Бог ја открива Својата голема милост на човечкиот род. Псалм 104:10, 11, 13; Матеј 5:45.
б. Во кои околности е потребно да се користи многу вода?
„Многумина никогаш не ги доживеале корисните ефекти на водата и се плашат да искористат еден од најголемите небесни благослови. На луѓето кои страдаат од треска, им се одбива вода затоа што се плашат дека ќе им наштети. Ако, во трескавична состојба, им беше дадена вода да пијат слободно, и ако се применуваше и надворешно, би биле поштедени долгите денови и ноќи на страдање и ќе беа поштедени многу скапоцени животи. Илјадници, сепак, умреа од бесни трески кои ги трошеа, додека горивото што ја хранеше треската не беше изгорено, виталните органи не се потрошија и тие умреа во најголема агонија, без да им биде дозволено да добијат вода за да ја смират својата жед.“
- Selected Messages, бк. 2, 453.
в. Зошто луѓето премногу често избегнуваат да користат третмани со вода — и како можеме да имаме корист од таквите третмани? Изреки 26:16; 13:4.
„Лечењето со вода, применето мудро и вешто, би можело да стане средство за спасување на животот на многу болни. Со внимателната примена на ваквиот начин на лечење, треба да се соедини и марливото проучување. За болниот треба и искрено да се молиме со вера, храбрејќи го и самиот преку молитва да се повикува на Божјите ветувања.
Освежувачката вода којашто извира во пуста и сува земја, прави пустината да процвета, и им дава живот на заморените. Таа е симбол на Божјата милост која само Христос може да ја даде, која, како жива вода, ја чисти, ја јакне и ја освежува душата. И таа е благослов, не само за душата во која влегува, туку и како жива река се излива во зборовите и праведните постапки, освежувајќи ги сите жедни околу себе“
– Мојот живот денес, 139.
Вторник — 16. ноември
3. ШТЕТНИ ПИЈАЛАЦИ
а. Кои штетни пијалаци треба да се избегнуваат? Изреки 20:1; 23:20, 21, 29–32. Што треба да сфатиме за таканаречениот „зелен чај“ и другите стимулирачки „високоенергетски“ пијалаци?
„Никогаш не земајте чај, кафе, пиво, вино или некакви алкохолни пијалаци... Чајот е отровен за организмот. Христијаните не треба да го употребуваат. Влијанието на кафето е до одреден степен исто како и на чајот, но последиците од него во организмот се уште полоши.“
– Совети за животот и исхраната, 420, 421.
„Чајот има стимулативно дејство, и до одредена мерка, предизвикува опиеност. Слично дејство имаат и кафето и некои други популарни пијалаци. Првиот ефект од нив е освежување. Стомачните нерви се возбудуваат; тоа ја пренесува дразбата до мозокот, а тој за возврат предизвикува забрзана работа на срцето и краткорочна енергија на целиот организам...
Постојаната употреба на овие стимуланси предизвикува главоболка, несоница, срцебиење, слабо варење, тремор и многу други зла, бидејќи тие ги трошат животните сили.“
– Здравје и среќа, 326.
б. Какво вино се служело на венчавката во Кана, а исто така му било препорачано и на Тимотеј? Исаија 65:8; Јован 2:7–10; 1 Тимотеј 5:23.
„Виното што го обезбедил Христос за свеченоста и она што им го дал на учениците, како симбол на Својата крв бил чист гроздов сок... Неферментираното вино што им го обезбедил на сватовите бил здрав и освежителен пијалак.“
– Копнежот на вековите, 149.
Среда — 17. ноември
4. МУДРО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА
а. Која грешка треба да се избегнува при пиење ладна вода?
„Мнозина грешат пиејќи студена вода со своите оброци. Земена за време на оброкот, водата го намалува лачењето на плунката, а колку е водата постудена, толку е поштетна за желудникот. Водата или лимонадата со мраз, земена за време на оброкот, ќе го запре варењето на храната сѐ додека организмот повторно не постигне доволна топлина за да продолжи со својата работа... Јадете полека и дозволете ѝ на плунката да се измеша со храната... Водата е најдобрата можна течност за чистење на ткивата.“
– Совети за животот и исхраната, 420.
б. Што е потребно за да се подготвиме за средба со Бога? Исаија 1:16, 17; Создавање 35:2.
в. Колку е важна чистотата — и како ни користи и духовно и телесно? Излез 19:10; 40:12; Евреите 10:22.
„Бог бара чистота на срцето и лична чистота сега, како кога им даде посебни упатства на синовите на Израел. Ако Бог бил толку специфичен така што им наредил чистота на оние кои патувале во пустината... Тој не бара ништо помалку од нас.“
– Совети за здравјето, 82.
„Без разлика дали некој е болен или здрав, дишењето станува послободно и полесно ако се практикува капењето. Со тоа, мускулите стануваат пофлексибилни, умот и телото се подеднакво зајакнати... Бањата ги смирува нервите. Го поттикнува општото потење, ја забрзува циркулацијата... Го поттикнува и варењето, а наместо да го ослабне системот, тој го зајакнува.“
– Совети за здравјето, 104.
Четврток — 18. ноември
5. ЦЕЛОСНА ЧИСТОТА
а. Кои духовни вистини се илустрирани преку жедта и водата? Псалм 42:1; Јован 4:10, 14; 7:37, 38.
б. Кое Христово дело е симболизирано со вода? Јован 13:5, 8–10.
в. Колку длабоко ни е потребна чистотата, и како ја добиваме? Псалм 51:2, 7–10; Јаков 4:8.
„Чистењето мора да започне во срцето и умот, и да тече во делата.“
- Review and Herald, 20 август 1903.
„Бог го прочистува народот за да има чисти раце и чисти срца кога ќе застанат пред Него на суд.“
- Ум, карактер и личност, бк. 1, стр. 239.
г. Како можеме да добиеме целосно чистење? 1 Јованово 1:9.
„Никој нека не застане без целосно, безрезервно предавање на Бога. Започнете ја работата во срцето.“
- That I May Know Him, стр. 129.
Петок — 19. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
а. Зошто водата е толку драгоцена?
б. Како можеме да поттикнеме повеќе благодарност за водата како средство за заштита?
в. Какви проблеми произлегуваат кога се прават лоши избори за гаснење на жедта?
г. Објаснете некои од здравствените придобивки добиени од капењето.
д. Зошто водата се користи за да се илустрира делото на Светиот Дух во човештвото?
9. лекција – Дишење на чист воздух
27. ноември 2010.
„Духот Божји ме создал, и здивот на Седржителот ми дал живот.“ - Јов 33,4.
„Здравјето на целиот систем зависи од здравото дејствување на органите за дишење.“ - Selected Messages, bk. 2, p. 473.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Gospel Workers, pp. 254-258.
Недела — 21. ноември
1. „ДУХ ЖИВОТЕН“ И „ЖИВА ДУША“
а. Што е „дух животен“ кој Адам го примил од Бога? Битие 2,7.
„Во Бога живееме, се движиме и постоиме. Секое отчукување на срцето, секој здив, е инспирација на Оној кој во ноздрите на Адам го вдахнал духот животен - инспирација на секогаш присутниот Бог, големиот ЈАС СУМ.“
- Медицинска служба, стр. 9.
б. Што е „жива душа“? Лука 11:1?
„Молитвата е дух животен. Тоа е тајната на духовната сила. Ниту едно друго средство на благодатта не може да го замени и зачува здравјето на душата.“
- Gospel Workers, стр. 254, 255.
в. Каков бил обичајот на пророкот Даниел во врска со молитвата? Даниел 6:10.
г. Што значит да се молиме без прекин? 1 Солунјаните 5:17.
„Постојаната молитва е непрекината заедница на душата со Бога, така што животот од Бога тече во нашиот живот, а од нашиот живот тече чистота и светост назад кон Бога.“
– Патот кон Христа, 97.
„Додека ја работиме нашата секојдневна работа, треба да ги подигнеме нашите души кон небото во молитва.“
- Gospel Workers, 254.
Понеделник — 22. ноември
2. ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ
а. Што можеме да направиме за да ги зајакнеме нашите бели дробови? Исаија 42:5.
„Одете со весел ум. И додека одите, погледнете ги убавините на природата.“
- Синови и ќерки Божји, 172.
„Кога временските услови дозволуваат, сите што можат да го направат тоа треба да шетаат на отворено секој ден, и во лето и во зима. Но, облеката сепак треба да биде соотведна за вежбање, а стапалата да бидат добро заштитени. Прошетката, дури и во зима, би била покорисна за здравјето од сите лекови што лекарите може да ги препишат. За оние кои можат да пешачат, подобро е пешачењето отколку јавањето. Мускулите и вените се поспособни да ја извршуваат својата работа. Виталноста е зголемена, што е толку неопходно за здравјето. Белите дробови ќе ја имаат потребната активност; бидејќи е невозможно да се излезе на свеж воздух во зимско утро без да се рашират белите дробови.“
- Counsels on Health, стр. 52.
„Охрабрете ги (пациентите) да дишат свеж воздух. Подучувајте ги да вдишуваат длабоко и да ги користат стомачните мускули при вдишувањето и зборувањето. Ваквото образование за нив ќе биде од непроценлива вредност“
– Здравје и среќа, 264.
б. Што може да се случи кога нашето дишење не е доволно, било физички или духовно? Псалм 146:4.
„Желудникот, црниот дроб, белите дробови и мозокот страдаат од недоволно длабоко, полно вдишување на воздух кој би го оживеал крвотокот и би дал светла крв, жива боја, која единствено може да се одржи чиста и да подари сила на секој дел од животната машина“.
– 2 Сведоштво, 67,68.
в. Како Бог сака да соработуваме со Него и да ѝ дозволиме и нашата кожа да дише? Излез 19:14.
„Ако облеката што ја носите не се чисти често, порите на кожата повторно ги апсорбираат отпадните материи што се исфрлаат. Доколку на нечистотиите на телото не им се дозволи да излезат, тие се враќаат во крвта и се внесуваат на внатрешните органи.“
„Многумина поради незнаење ги загрозуваат своите животи со употреба на козметика... Кога ќе се загреат... отровот се апсорбира од порите на кожата и се внесува во крвта. Многу животи се жртвувани само поради тоа.“
– Healthful Living, p. 189.
Вторник — 23. ноември
3. ЧИСТ ВОЗДУХ НАСПРОТИ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ
а. Каква средина е најдобрата за закрепнување на вашето здравје? Лука 2:8.
„Многумина од оние што живеат во градовите немаат ниту парче земја обрасната со зелена трева да застанат на него. Година по година, тие гледаат само валкани дворови, тесни улици од кои повеќето се поплочени со камени коцки или калдрми, небо со облаци од прав и чад; доколку таквите би можеле да бидат преселени во некоја земјоделска област, опкружена со зелени полиња, шума, ритчиња и потоци, ведро небо и свеж, чист селски воздух, тоа за нив би изгледало речиси како живот на Небото... Тие би го разбрале Божјиот глас во природата, како им зборува на нивните срца за Неговиот мир и љубов, и умот и душата би одговориле на исцелувачката, животворна сила.“
– Здравје и среќа, 191.
б. Каква средина е меѓу најлошите за здравјето? Наум 2:4.
„Градската врева, возбудување и хаос, напрегнатиот и извештачен живот, најмногу го заморуваат и исцрпуваат болниот. Воздухот исполнет со чад и прашина, отровни гасови и микроби на заразните болести е многу опасен за живот.“
– Здравје и среќа, 262.
в. Која е една од главните причини за смрт во денешно време?
„Жените и децата страдаат од тоа што мораат да дишат од атмосферата што е загадена од лулето, пурата или непријатниот здив на корисникот на тутун. Оние кои живеат во оваа атмосфера секогаш ќе бидат болни. Белите дробови на доенчињата страдаат и се разболуваат со вдишување на атмосферата на просторијата отруена од здивот на тутунарот...“
„Ужалените родители тагуваат за загубата на своите најблиски и се чудат на мистериозното Божјо провидение кое толку сурово ги погоди, кога Провидението не ја планираше смртта на овие бебиња. Тие умреа како маченици на валканата страст за тутун. Секое издишување на белите дробови на тутунскиот роб го труе воздухот околу него.“
– Temperance, pp. 58, 59.
Среда — 24. ноември
4. НОЌЕН ВОЗДУХ
а. Како можеме да уживаме во свеж воздух и да спиеме добро дури и во ладна клима? Изреки 3:24.
„Многумина учеле уште во детството дека ноќниот воздух е многу штетен за здравјето и дека затоа треба да се чуваат од него. Тие ги затвораат прозорците и вратата од собата во која спијат... Тие се лажат... Бог мудро одредил ноќе да вдишуваме ноќен воздух, а дење дневен... Многумина се разболеле затоа што не дозволувале во нивните соби да влезе ноќен воздух. Слободниот, чист воздух е еден од најголемите благослови на небото кои можеме да го уживаме“.
– 2 Сведоштво, 527.
б. Кои мерки на претпазливост треба да ги преземеме кога користиме каков било тип на грејна единица?
„Загреаниот воздух од шпоретот е штетен, а да не беше воздухот што влегува низ пукнатините на прозорците, ќе беше отровен и ќе го уништи животот. Топлината од шпоретот ја уништува виталноста на воздухот и ги слабее белите дробови... Болните луѓе се ослабени од болеста и им треба сиот освежувачки воздух што можат да го поднесат за да ги зајакнат виталните органи за да се спротивстават на болеста.“
- Selected Messages, bk. 2, 305.
в. Што треба да се прави во текот на денот за да се подготви спалната соба за добар ноќен одмор?
„Облеката треба да се отстранува дел по дел од креветот и да се изложува на воздух. Прозорците треба да се отворат, ролетните да се прицврстат наназад, а воздухот да циркулира слободно неколку часа, ако не и цел ден, низ становите за спиење. На овој начин креветот и облеката темелно ќе се проветрат, а нечистотиите ќе се отстранат од собата.“
- Counsels on Health, 58.
Четврток — 25. ноември
5. ЧИСТА ОКОЛИНА
а. Кои се главните придобивки од чистиот, свеж воздух?
„Помогнете ја силата на волјата, која ќе се спротивстави на студот и ќе му даде енергија на нервниот систем. За кратко време, толку многу ќе ги сфатите придобивките од вежбањето и чистиот воздух што не би сакале да живеете без овие благослови.“
– Совети за детето, 339.
б. Колку долго можете да живеете без дишење? Што би се случило ако немаме секојдневна заедница со Бога? Дела 17:24, 25; Јован 15:5.
„Дишењето на чист воздух е од суштинско значење за лекување на болести. И не помалку важно е атмосферата што ја дишеме во духовниот живот да биде чиста. Ова е од суштинско значење за здрав раст во благодатта. Дишете во чистата атмосфера која раѓа чисти мисли и благородни зборови. Изберете христијанска заедница. Христијанинот нема да има духовно здравје доколку не се чува во однос на своето друштво.“
- The Upward Look, 174.
в. Која средина треба да се избере за да се обезбеди физичко и духовно здравје? Псалм 119:37.
„За здравјето и виталноста на душата, божествениот Лекар пропишал заедница со Него.“
- The Upward Look, 174.
Петок — 26. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
а. Зошто молитвата се споредува со дишењето?
б. Зошто е добро да се вежба на отворено?
в. Кои здравствени проблеми се директно поврзани со градскиот живот?
г. Кои чекори може да се преземат за да се поттикне помирен сон?
д. Колку долго можеме да живееме без воздух? Каква духовна поука може да се научи од ова?
10. лекција – Сончева светлина
4. декември 2010.
„Слатка е светлината дневна за гледање, и пријатно е да се биде жив.“ - Проповедник 11,7.
„Сонцето е од Бога даден лекар.“ - Manuscript Releases, vol. 20, p. 25.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Our High Calling, p. 245, 296.
Недела — 28. ноември
1. ЧЕТВРТИОТ ДЕН НА СОЗДАВАЊЕТО
а. Што е создадено на првиот ден од создавањето? Создавање 1:3. А во четврти ден? Создавање 1:16.
б. Како да знаеме дека сончевата светлина е добра за здравјето? Проповедник 11:7.
„Убедете се дека движењето, сончевата светлина и воздухот се благослови кои небото ги дало за болните да оздрават, а здравите да го сочуваат своето здравје. Бог не ве лишува од тие изобилни благодети кои небото ги дарува… Правилно употребени, овие едноставни, но моќни средства ќе ѝ помогнат на природата да ги совлада вистинските тешкотии, доколку такви постојат и ќе дадат здрава сила на умот и телото.“
– 2 Сведоштво, 535.
в. На кого Господ му ги дава Своите благослови? Матеј 5:45.
„(Божествениот Учител) го повикува секој благослов во природниот свет, дождот што паѓа на земјата, росата, блескавата сончева светлина што подеднакво им се дава на благодарните и на неблагодарните. Благословите на Божјата промисла и зборуваат на секоја душа, потврдувајќи го Христовото сведоштво за неверојатната добрина на Неговиот Отец.“
– The General Conference Bulletin, October 1, 1899.
Понеделник — 29. ноември
2. ЛЕКУВАЧКИ ЗРАЦИ
а. Со која споредба Библијата ја истакнува вредноста на сончевата светлина? Псалм 84:11.
б. Како можеме да ја користиме сончевата светлина како лековито средство?
„Тоа (сончевата светлина) е еден од најмоќните лекови на природата. Многу е едноставно да се ужива во зраците на Божјото сонце и да се пушти да го краси нашиот дом... Од сопствена лудост ние се лишивме од благодатите кои Бог ни ги подарил и кои, кога правилно би се користеле, би биле од непроценлива вредност за обновување на здравјето. Ако сакате вашите домови да бидат здрави и навистина привлечни, осветлете ги со воздух и сонце. Тргнете ги своите тешки завеси, отворете ги прозорците и ролетните и радувајте се на изобилството на сонце… Ако чувствувате Божјо присуство и љубов во срцето, еден скромен дом, исполнет со воздух и сонце, во кој владее несебично гостопримство, земјата ќе биде небо и за вашето семејство и за уморниот патник.“
– 2 Сведоштво, 527.
в. Каков благослов добиваме од Сонцето на праведноста? Малахија 4:2.
„Блажени и благотворни се зраците на светлината од Сонцето на праведноста кое сега ги излева своите просветителни и исцелителни зраци врз сите што ќе го отворат прозорецот на својата душа кон небото.“
- The Upward Look, 257.
„Христос е извор на животот. Она што на многумина им треба е да имаат појасно знаење за Него; треба трпеливо и љубезно, но сепак сериозно, да бидат поучени на кој начин целото битие може да биде достапно за Небесните исцелувачки сили. Кога топлите зраци на Божјата љубов ќе ги осветлат темните одаи на душата, уморот и незадоволство ќе исчезнат, а радоста и задоволството ќе му дадат виталност на умот и здравје и енергија на телото.“
– Здравје и среќа, 527.
„Со вакво ангажирање и со слободно користење на сончевата светлина и свежиот воздух, многу изнемоштени инвалиди повторно можат да го повратат здравјето и силата.“
– Здравје и среќа, 526.
Вторник — 30. ноември
3. НЕБЕСНА СВЕТЛИНА
а. Каква корист добиваат растенијата и луѓето од сончевата светлина?
„Бледата и слаба билка, којашто во рана пролет едвај се пробива низ кората на ладната земја, само за неколку дена, под влијание на животодавните сончеви зраци, добива природно здрава темно-зелена боја. Излегувајте често на светлината и топлината на величественото сонце... и заедно со растењето на растителниот свет уживајте во неговите животодавни зраци.“
– Мојот живот денес, 138.
б. Кој е нашиот извор на духовната светлина? Псалм 119:105.
в. Какви благослови сака Бог да ни даде кога ќе ги отвориме очите кон светлината на вистината? Дела 26:18.
г. Како ќе бидеме благословени кога „утринската ѕвезда“ ќе свети во нашите срца (2. Петрово 1:19)? Јован 8:12; 16:33. Која е нашата должност? Матеј 5:16; Филипјаните 2:15, 16.
„Божјиот народ мора да научи многу поуки. Тие ќе имаат совршен мир ако го насочуваат својот ум кон Оној Кој е премногу мудар да погреши и премногу добар за да им нанесе зло. Тие мора да го фатат сјајот на Божјата насмевка и да го рефлектираат врз другите. Тие треба да согледаат колку светлина можат да внесат во животот на оние кои ги опкружуваат. Тие мора да се држат близу до Христа, толку близу како со Него да седат како Негови мали деца, во нежна, света заедница. Тие никогаш не смеат да заборават дека додека ја примаат наклонетоста и љубовта Божја се наоѓаат под најсвечена обврска истото тоа да го пренесат и на други. Така тие можат да го шират влијанието на радувањето, кое донесува благослов на сите до кои допира, осветлувајќи ја нивната патека“.
– Ум, карактер и личност, 378.
Среда — 1. декември
4. ПОД ЖЕШКОТО СОНЦЕ
а. Кои поуки треба да ги научиме за влијанието на сонцето врз тревата и цвеќињата? Јаков 1:10, 11.
„Жешкото летно сонце, кое го зајакнува и созрева тврдото зрно, го венее и уништува она што, иако свежо и зелено, нема длабоки корени, бидејќи нежните влакна не можат да навлезат во тврдата и камена земја.“
- The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 239.
б. Во која смисла вистинскиот христијанин се споредува со палма во пустината? Псалм 92:12.
„Погледнете го уморниот патник како се труди над врелиот песок на пустината, без засолниште за да го заштити од зраците на тропското сонце. Неговото водоснабдување прекинува и тој нема со што да ја згасне жедта што гори. Јазикот му отекува; се тетерави како пијан... Одеднаш гледа во далечината, како се издигнува од мрачната песочна пустелија, зелена и расцутена палма. Надежта му го забрзува пулсот; тој продолжува понатаму знаејќи дека она што и дава сила и свежина на палмата ќе му ја разлади загреаната крв и ќе му даде нов живот.
Како што палмата во пустината е водич и утеха за патникот што паѓа во несвест, така и христијанинот треба да биде во светот. Тој треба да ги води уморните души... до живата вода. Тој треба да ги упати своите ближни кон Оној кој сите ги повикува: ’Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие’ (Јован 7:37).
Небото може да биде како бакар... сепак дрвото живее, свежо и живо. Отстранете го песокот и ќе ја откриете тајната на неговиот живот; неговите корени удираат длабоко во водите скриени во земјата.
Така е и со христијанинот. Неговиот живот е скриен со Христос во Бога. Исус е за него извор на вода кој извира за вечен живот. Неговата вера, како корените на палмата, продира под нештата што не се гледаат, црпејќи живот од Изворот на животот.“
- In Heavenly Places, 240.
Четврток — 2. декември
5. БОЖЕСТВЕН ДАР
а. Кое уверување дадено од Бога го прави овој свет вреден за живеење? Псалм 27:1; Римјаните 8:31.
„Се надевам дека ќе останеш под директните зраци на Сонцето на праведноста, за светлите зраци од лицето на Исус Христос да светлат силно во твоето срце и дека нивните светли зраци можеш да ги рефлектираш на другите.“
- Ellen G. White 1888 Materials, 710.
б. Какво сонце секогаш треба да имаме во домот? Ефесјаните 4:32.
„Домот треба да биде место во кое царуваат ведрина, љубезност и љубов; а каде што се овие убавини, таму ќе има среќа и мир. Можеби ќе ве нападнат проблеми, но тие се судбина на човештвото. Нека трпението, благодарноста и љубовта продолжат да сјаат во срцето, иако денот можеби е многу облачен. Во таков дом престојуваат Божјите ангели.“
– Здравје и среќа, 393.
в. Која духовна поука може да се научи од правилното ценење на светлината? Јован 12:35, 36.
„Драгоцена светлина го осветлува Божјиот народ; но таа нема да го спаси ако тој не се согласи да биде спасен од неа и ако не ја предаде на другите кои се наоѓаат во темнина. Бог го повикува Својот народ на работа. Потребно е лично залагање, признавање, отфрлање на гревот и враќање кај Господа.“
– 2 Сведоштво, 123.
Петок — 3. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
а. Кои големи благослови доаѓаат од сончевата светлина?
б. Зошто Христос е наречен Сонце на праведноста?
в. Исто како што месечината го рефлектира сонцето, што треба ние да рефлектираме во светот?
г. Зошто христијанинот се споредува со пустинска палма?
д. Како можеме да направиме нашите животи да блескаат со духовно сонце?
11. декември 2010.
„Сладок е сонот за оној, кој се труди, - па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие.“ – Проповедник 5,12.
„Сонот, како пријатно природно обновување, го закрепнува и засилува измореното тело и го подготвува за утрешните должности“ – 1 Сведоштво, 395.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 359-363.
Недела — 5. декември
1. БОГ ИМ ДАВА ОДМОР НА ОНИЕ ШТО ГИ САКА
а. Спиењето зафаќа околу една третина од секој 24-часовен период. Што треба да разбереме како и зошто имаме корист од тоа, особено во младоста? Псалм 4:8.
„Бидејќи процесот на изградба на нашето тело и постојаното обновување на виталните клетки во целокупниот организам се одвива токму во часовите на одмор. Многу е важно, особено за младите, да одат на спиење секогаш во одредено време и да спијат доволно.“
– Мојот живот денес, 143.
„Природата ќе им ја врати енергичноста и силата за време на спиењето, доколку нејзините закони не се прекршат.“
– Healthful Living, p. 69.
б. Какви примери имаме во животот на Христос и на учениците во однос на потребата од одмор? Марко 6:31; Лука 8:23.
„На Христовите ученици им било потребно да им се дадат поуки, не само за тоа како треба да работат, туку и како треба да се одмораат. И денес работниците што Бог ги избрал, треба да го послушаат Христовиот налог: ’Дојдете сами во осамено место и одморете се малку.’”
– Мојот живот денес, 133.
„Конечно Спасителот бил ослободен од притисокот на мноштвото па, совладан од умор и глад, легнал на крмата на чамецот и набргу заспал.“
– Копнежот на вековите, 334.
Понеделник — 6. декември
2. „РАНО ЛЕГНУВАЊЕ И РАНО СТАНУВАЊЕ“
а. Кој е најдобриот совет за рано легнување во свет кој останува буден цела ноќ? Псалм 104,23; 127,2; 1 Солунјаните 5:5, 7.
„(Лекарите) треба да научат дека ако учиш по девет часот, ништо не добиваш, туку многу губиш.“
- Manuscript Releases, vol. 8, p. 330.
„Стекнете навика да не седите по девет часот. Секоја светлина мора да се изгасне. Ваквото претворање на ноќта во ден е жалосна навика која го уништува здравјето, а многу читање од страна на мозочните работници пред спиење е многу штетно за здравјето. Ја повикува крвта во мозокот, а потоа доаѓа немир и будност, а скапоцениот сон што треба да го одмори телото не доаѓа кога тоа е посакувано... Особено оние кои работат со мозокот треба да почнат да се смируваат и никако да не се вознемируваат кога ќе се приближат часовите за спиење.“
- Manuscript Releases, vol. 9, p. 46.
„Спиењето вреди многу повеќе пред отколку после полноќ. Два часа добар сон пред дванаесет часот вреди повеќе од четири часа по дванаесет часот.“
- Manuscript Releases, vol. 7, p. 224.
„Во нашите училишта светлата треба да се изгаснат во девет и пол.“
- Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 297.
б. Што вели Јов за оние што се обидуваат да го променат Божјиот план? Јов 17:12.
„Нашиот Бог е Бог на редот и Тој копнее сите Негови деца да се стават во ред и под Негова дисциплина. Затоа, зар не би било подобро да се отфрли таа навика ноќта да се промени во ден и свежите утрински часови во ноќ? Доколку младите формираат навики на редовност и ред, тие ќе го подобрат своето здравје, своето расположение и помнењето.“
– Совети за детето, 111.
в. Исклучоците не го укинуваат правилото. Наведете примери. Лука 6:12; Матеј 14:25.
Вторник — 7. декември
3. ИСТОШТЕНОСТ
а. Каква грижа треба да имаме за здравјето на нашите проповедници, работници и црковни службеници? 2 Коринтјаните 1:6; 2. Тимотеј 2:10.
„Голема грешка е да се држи проповедник постојано на работа, одејќи од место до место и останувајќи буден до доцна навечер присуствувајќи на состаноците на одборот и состаноците на комисиите. Ова води до замор и обесхрабрување.“
- Gospel Workers, 271.
б. Што обично го нарушува сонот и како може да се избегне? Проповедник 10:17.
„Доколку воопшто се земе трет оброк, тој треба да биде лесен и неколку часови перед легнување.
Меѓутоа, кај многу несреќници, уморениот желудник може напразно да се жали барајќи одмор. Во него се внесува повеќе храна, која ги става органите за варење во движење за повторно да ја вршат истата работа и за време на спиењето. Сонот на таквите личности често пати е пореметен со непријатни соништа и наутро тие се будат неосвежени. Се јавува чувство на изнемоштеност и губиток на апетит. Низ целото тело се чувствува недостиг на сила. За кратко време органите за варење се исцрпени, заради тоа што немале време за одмор. Овие луѓе стануваат несреќни болни кои патат од лошо варење и се прашуваат што ги сторило такви. Причината предизвикала сигурни последици.“
– Совети за животот и исхраната, 174.
„Ако оваа практика (јадење доцна, непосредно пред спиење) се практикува долго време, здравјето сериозно ќе се влоши. Крвта станува нечиста, тенот потемнува и често ќе се појавуваат ерупции. Често ќе слушнете поплаки за чести болки и болки во пределот на стомакот; а за време на работата стомакот толку се заморува што е принуден да се откаже од работата и да се одмори. Се чини дека тие не можат да ја објаснат оваа состојба; бидејќи, ако го оставиме ова настрана, тие се очигледно здрави... Откако желудникот, кој е пренатрупан, ја извршил својата задача, тој се исцрпува, предизвикувајќи замор. Овде многумина грешат и мислат дека недостигот на храна предизвикува такви чувства и без да му дадат време на желудникот да одмори, земаат повеќе храна, што за одредено време ја отстранува маката.“
- Healthful Living, p. 165.
в. Спомни два примери кои покажуваат како Божјите слуги постапувале за да го ублажат уморот кај другите. Создавање 18:2–4; Излез 17:11, 12.
Среда — 8. декември
4. ДА ОДМАРАШ НЕ Е САМО ДА СПИЕШ
а. Под кои услови можеме да уживаме во одморот што ни го дава Христос? Матеј 11:28–30; Јован 14:27.
б. Што е Христовиот јарем кој ни дава одмор? Исаија 48:17, 18; Еремија 6:16.
„Јаремот што не впрегнува во служба е Божјиот закон. Големиот закон на љубовта, откриен во Едем, објавен на Синај и во Новиот Завет запишан во срцето е она што го врзува работникот за Божјата волја. Кога би биле препуштени да се поведуваме по своите склоности, да одиме таму, каде што не води нашата волја, би паднале во сатанските редови и би ги поседувале неговите особини. Затоа Бог не ограничува со Својата волја, која е возвишена, благородна и воздигнувачка. Тој сака трпеливо и мудро да ги земеме должностите на служба. Христос во човечкиот облик го понел јаремот на служба. Тој рекол: ’Наоѓам задоволство да ја творам Твојата волја, Боже мој; законот Твој е во Моето срце’. (Псалм 40:8) ’Јас не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати’. (Јован 6:38) Љубовта кон Бога, ревноста за Неговата слава и љубовта кон паднатите луѓе го довеле Исуса на Земјата да страда и да умре. Тоа била силата што управувала со Неговиот живот. Тој не повикува да го усвоиме тоа начело.“
– Копнежот на вековите, 329.
в. Зошто Евреите како народ не успеале да влезат во Божјиот одмор? Како можеме да избегнеме да ги повториме грешките на стариот Израел? Евреите 3:18, 19; 4:1–3, 10, 11.
„Примете го Светиот Дух за вашето духовно просветлување. Следете го Неговото водство за да го запознаете Господ. Одете таму каде што Господ упатува, и правете го она што Тој заповеда. Почекајте на Господа, и Тој ќе ви ја обнови вашата сила.“
- Selected Messages, bk. 2, 230.
„Иако времето е кратко, а задачата што треба да се заврши е голема, на Господа не Му е по волја своето работно време да го продолжуваме толку многу, што нема да ни остане време за одмор, за проучување на Библијата и за разговор со Бога во молитва.“
– Мојот живот денес, 133.
Четврток — 9. декември
5. СЕДУМДНЕВНИОТ ЦИКЛУС
а. Кој седмичен благослов е за физички, духовен и ментален одмор? Излез 20:9–11.
б. Како саботниот одмор е поврзан со нашето откупување? Излез 31:13; Марко 2:27, 28.
„Саботата ќе биде задоволство за сите оние што ја примаат како знак на Христовата создавачка и откупителна моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање, како на доказ на Неговата силна моќ во откупувањето. Саботата потсетува на загубениот Едем и истовремено укажува на мирот, кој е повторно вратен преку Христа.“
– Копнежот на вековите, 289.
в. Што значи да се одмораме во сабота? Исаија 58:13; Матеј 12:12; Дела 16:13.
„На Бога не му е угодно кога луѓето кои ја слават саботата ќе го преспијат поголемиот дел од овој ден. Тие со тоа го срамат својот Творец и со својата постапка зборуваат дека шесте дена во седмицата се премногу драгоцени за да ги поминат во одмор. Мораат да заработуваат пари, па ако треба и да се лишат од потребниот сон, кој го надополнуваат спиејќи во светото време… Овие луѓе погрешно го користат светиот ден.“
– Копнежот на вековите, 289.
г. Каков пример имаме од првите ученици и од Ананија за верното празнување на саботата, без кој тие не би имале добар извештај од Евреите? Лука 23:56; Дела 22:12; 2:47 (прв дел).
Петок — 10. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
а. Во која смисла концептот на одмор е поврзан со умереноста?
б. Зошто е подобро да си легнете рано?
в. Што се случува кога легнуваме со храна сè уште во стомакот?
г. За каков одмор зборувал Христос во Матеј 11:28?
д. Како многумина не го разбираат вистинското значење на саботниот одмор?
12. лекција – Христијанска облека
18. декември 2010.
„Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни“ – 1 Тимотеј 6,8.
„Не може да се процени количината на физичко страдање предизвикано од неприродна и нездрава облека.“ - Counsels on Health, p. 599.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Selected Messages, bk. 2, pp. 465–479.
Недела — 12. декември
1. ПРОМЕНА НА ОБЛЕКАТА
а. Што откриле Адам и Ева кога не го послушале Бога, и со што ја замениле својата небесна облека? Битие 3:7-11.
„И Адам и Ева јаделе од плодот и добиле знаење кое, доколку му се покорувале на Бога, никогаш не би го добиле - искуство на непослушност и нелојалност кон Бога - знаење дека се голи. Исчезна облеката на невиноста, покривка од Бога, која ги обвиваше; и тие ја заменија оваа небесна облека плетејќи смоквини лисја за престилки“
- Review and Herald, 15 ноември 1898.
б. Што претставува покривката од смоквини лисја? Исаија 64:6.
„Листовите од смоква ги претставуваат аргументите што се користат за покривање на непослушноста.“
- Review and Herald, 15 ноември 1898.
в. Што значи да се биде облечен во облеката на Христовата праведност? Исаија 61:10.
„Кога ќе му се покориме на Христа, срцето се соединува со неговото срце, волјата се слева со неговата волја, умот становува едно со неговиот ум, мислите му се покоруват нему; ние живееме негов живот.“
– Христовите поуки, 312.
Понеделник — 13. декември
2. ГОЛОТИЈА
а. Што покажува како Бог гледа на голотијата? Создавање 9:20-25; Излез 20:26.
б. За која цел сатаната ја користи голотијата, и кој е неговиот главен инструмент да го посее семето на неморалот? 2 Самоилова 11:2–4; Матеј 5:27, 28.
„(Седмата) заповед ги забранува не само валканите дела, туку и неморалните мисли и желби и секоја навика што би ги поттикнувала.“
– Патријарси и пророци, 308.
„Кога еднаш ќе се отстранат бариерите на женската скромност, ни најголемата развратност не личи на грев. За жал, денес во светот може да се видат страшните последици од грешното влијание на жените!“
– Адвентен дом, 58.
в. Кои гревови се прават кога се прикажува или гледа делумна или целосна голотија? Галатјаните 5:19–21; 2. Петрово 2:14.
„Намерата на сатаната е умните способности да станат деградирани и сензуализирани; но не е Божја волја некој да го предаде својот ум на контрола на злобниот. Во интелектуалните и духовните определби, Тој сака Неговите деца да напредуваат.“
- Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 237.
г. Каква промена се случува во облеката на човек кој порано го сакал светот, а сега го сака Бога? Лука 8:27, 35; 1 Коринтјаните 4:9 (втор дел).
д. Со што се споредува облекувањето на христијанинот? Матеј 6:28, 29.
„Цело небо будно и со голем интерес набљудува какво влијание шират околу себе оние кои се сметаат за Христови следбеници… Вашата облека зборува или за Христа и за Неговата света облека или за овој свет. За кого сведочиме со својот изглед? Да имаме секојаш на ум дека мораме да полагаме сметка пред Бога и за влијанието кое сме го ширеле.“
– 4 Сведоштво, 641.
Вторник — 14. декември
3. СКРОМНОСТ ВО ОБЛЕКУВАЊЕТО
а. Кои се некои од карактеристиките на добра облека?
„Нашата облека, иако скромна и едноставна, треба да биде и квалитетна, во соодветни бои и погодна за служба. Треба да се избере за издржливост, а не за прикажување. Треба да обезбеди топлина и соодветна заштита...
Треба да ја има елеганцијата, убавината и соодветноста на природната едноставност. Христос не предупредува на гордоста на животот, но не се противи на нејзината елеганција и природна убавина.“
- Counsels to Parents, Teachers, and Students, pp. 302, 303.
б. Каква облека треба да се избегнува? 1 Тимотеј 2:9; Исаија 3:16–24.
„(1. Тимотеј 2:9.) Ова забранува наметливост во облекувањето, раскошни бои, прекумерно украсување. Секој уред наменет да го привлече вниманието на оној што го носи или да предизвика восхит е исклучен од скромната облека пропишана со Божјата реч.“
- Counsels to Parents, Teachers, and Students, pp. 302.
в. Каква разлика треба да се прави помеѓу машка и женска облека? Второзаконие 22:5.
„Се забележува сè посилна наклонетост жените по својот начин на облекување и надворешниот изглед да бидат сè послични со мажите и обликот на нивната облека станува сè посличен на машката, но Бог тоа го прогласува за одвратно…
Бог бара помеѓу машката и женската облека да се истакне јасна разлика.“
– Совети за детето, 427.
г. Што беше тоа што ги направи обрачите нескромни во времето на сестра Вајт - и како многумина денес се виновни за уште поголема нескромност? Изреки 7:10; Исаија 3:16, 17; Еремија 8:12.
„Дамите во долги фустани, особено ако се раширени со обрачи, кога се качуваат и спуштаат по скали, кога поминуваат низ тесните врати на вагоните и автобусите, или кога ги креваат здолништата, за да не ја исчистат калта од улиците, понекогаш ги изложуваат своите фигури до тој степен да поцрвенеат скромните луѓе.“
- The Health Reformer, August 1, 1868.
Среда — 15. декември
4. НЕЗДРАВА ОБЛЕКА
а. Кои делови од телото треба да се заштитат и зошто? Лука 15:22.
„Нашите екстремитети и стапала се соодветно заштитени од студ и влага за да се обезбеди циркулацијата на крвта до нив... Утринска вежба... е најсигурната заштита од настинки, кашлица, конгестија на мозокот и белите дробови, воспаление на црниот дроб, бубрезите и белите дробови и стотици други болести.“
- The Health Reformer, 1 септември 1868.
б. Опишете ги нездравите состојби предизвикани од модата во нашето општество - и објаснете како да се поправи овој проблем.
„Здравјето на целиот систем зависи од здравото функционирање на респираторните органи... Женскиот фустан треба да виси на рамениците.“
- The Health Reformer, 1 февруари 1872.
„Денес поголемиот дел од жените носат облека која е толку припиена до телото што животните органи не можат правилно да функционираат. Секој дел од облеката би требал да биде толку комотен да ја подигнува и облеката со подигањето на раката.“
– Христијанска умереност и библиска хигиена, 88.
„Секој дел од облеката треба да биде доволно широк, за да не ја попречува ниту циркулацијата на крвта, ниту слободното, природно длабоко дишење.“
– Здравје и среќа, 293.
в. Што треба да се земе во предвид кога станува збор за облека за луѓе што живеат во постудени области?
„(Една од) главните причини за смртност кај доенчињата и младите е обичајот да ги оставаат рацете и рамењата голи. Оваа мода не може да се критикува премногу строго... Воздухот, кој ги капе рацете и нозете и циркулира по пазувите, ги лади овие чувствителни делови од телото кои се толку блиску до виталните органи и ја попречува здравата циркулација на крвта, предизвикувајќи болести, особено на белите дробови и мозокот.“
- Selected Messages, bk. 2, p. 467.
„Посебно внимание треба да се посвети на затоплување на крајните екстремитети, тие треба да бидат заштитени исто така добро како и градите и пределот околу срцето.“
– Мојот живот денес, 145.
„Зошто не ја облекувате вашата ќерка толку удобно и соодветно како што го облекувате вашиот син? За време на студот и зимските бури, неговите екстремитети и стапала се облечени со панталони, гаќи, волнени чорапи и дебели чизми. Ова е како што треба да биде; но вашата ќерка е облечена според модата, а не според здравјето или удобноста.“
- The Health Reformer, 1 септември 1868.
Четврток — 16. декември
5. ЗДРАВА ОБЛЕКА
а. Какво внимание треба да посветиме при изборот на нашата облека? Матеј 10:32, 33; Колосјаните 3:23–25.
„Нашите зборови, постапки и нашето облекување се секојдневни, живи проповедници, собирање со Христа или расфрлање низ светот. Ова не е ситна работа, со која треба да се шегувате. Темата за облекување бара сериозно размислување и многу молитва.“
- Counsels on Health, 600.
„Пуританската чистота и едноставноста треба да ги разликуваат живеалиштата и облекувањето на сите кои веруваат во свечените вистини за ова време.“
- Messages to Young People, p. 315.
б. Каква поука можеме да научиме од упатствата дадени на народот на Израел за сината лента? Броеви 15:38–41.
„Ако Бог му дал такви дефинитивни насоки на Својот древен народ во однос на нивната облека, зарем облекувањето на Неговиот народ во оваа доба нема да биде под Негово внимание? Зарем не треба да има разлика во нивната облека во споредба со онаа на светот?“
- Our High Calling, 271.
в. Какво утешно уверување добиваме кога ќе го замениме нашиот вкус за световна убавина со Христовиот повисок идеал за вистинска убавина? 1. Петрово 3:3, 4.
„Тој ни заповеда да ги употребиме најубавите облеки за нашите души. Никаков надворешен изглед не може да се спореди со вредноста на ’постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога’ (1. Петрово 3:4).“
– Здравје и среќа, 289.
Петок — 17. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
а. Како често сме виновни што правиме „облека од смоквини лисја“ во нашите животи?
б. Како што здравјето на дрвото го покажуваат неговите лисја, што открива нашата облека?
в. Опишете некои духовни проблеми предизвикани од употребата на тесна облека.
г. Наведете неколку несоодветни стилови на облекување.
д. Како можеме да го подобриме нашето христијанско сведочење?
13. лекција – Благодарност и радост
25. декември 2010.
„А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господ, вашиот Бог; зашто Тој ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд - пролетен дожд и есенски дожд, како и порано.“ - Јоил 2,23.
„Кога духот ни е среќен и задоволен заради чувството дека сме ја исполниле нашата должност, кога сме свесни дека ги усреќуваме другите, влијанието, кое бодри и облагородува, внесува нов живот во целото битие.“ – Здравје и среќа, 257.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 241-259.
Недела — 19. декември
1. ВЕСЕЛО СРЦЕ
а. Како нашите мисли физички влијаат врз нас? Изреки 17:22.
„Состојбата на умот има многу поголемо влијание врз здравјето, отколку што многумина воопшто можат да сфатат. Многу болести од кои луѓето страдаат се резултат на ментална депресија. Жалоста, загриженоста, незадоволството, грижата на совеста, чувството на вина, неверувањето - сето тоа придонесува за ослабнување на животните сили и води кон уништување и смрт.
Имагинацијата на пациентот честопати ја предизвикува или многу ја влошува неговата болезт.“
– Здравје и среќа, 241.
„Кога тагуваме, оставаме впечаток во нашите умови дека на Бога не му е мило да бидеме радосни, и на тој начин даваме лажно сведоштво за нашиот небесен Татко.“
- Review and Herald, 14 јануари 1890.
б. Каков став е потребен за да се има добро здравје? Псалм 5:11; 1. Солунјаните 5:18.
„Храброста, надежта, верата, сочувството и љубовта го обновуваат здравјето и го продолжуваат животот. Задоволното срце и радосниот дух претставуваат здравје за телото и сила за душата.“
– Здравје и среќа, 241.
„Важноста на силата на волјата и самосовладувањето како за чувањето така и за обновувањето на здравјето… и од друга страна, прекрасната животна сила која се наоѓа во доброто расположение, несебичноста, благодарноста - сето тоа исто така треба да се прикаже.“
- Воспитување, 197.
Понеделник — 20. декември
2. МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
а. Ако го занемариме физичкото здравје, кој дел од нашето битие ќе биде засегнат? 1 Коринтјаните 3:17; 6:19, 20.
„Помеѓу умот и телото постои мистериозна и прекрасна врска. Тие реагираат еден на друг. За да го одржиме телото во здрава состојба... треба да биде првата студија на нашиот живот. Да се занемари телото значи да се занемари умот. Не може да биде на слава на Бога Неговите деца да имаат болни тела или закржлавени умови.“
- Counsels on Health, p. 122.
б. Каков метод користи сатаната за да го уништи нашиот ум? Псалм 101:3.
в. Со што треба да си го наполниме умот? Филипјаните 4:8. Кои правила треба да ги водат нашите постапки? Исаија 33:15, 16.
г. Како можеме да добиеме утеха среде искушенија и тешкотии? Филипјаните 4:4–7; Плач 3:26; Исаија 57:15
„Немојте да ја изгубите својата поткрепа. Држете се до Исус... Ќе се појават тешкотии. Ќе се соочите со препреки. Гледајте постојано во Исус. Кога ќе наидат тешкотии, прашајте: Господе, што сакаш да правиме?“
- Адвентен дом, 540.
„Верата, трпението, толеранцијата, небесното расположение, довербата во вашиот мудар, небесен Татко, се совршените цвеќиња што созреваат среде облаците, разочарувањата и жалоста.“
- SDA Bible Commentary, vol. 7, p. 934.
„Ние треба да ја проучуваме Божјата Реч и да му се покоруваме. Тогаш срцето ќе најде мир, среќа и радост и нашите мисли ќе бидат насочени кон небото. Меѓутоа, ако вистината се чува одделена од животот, во предворјето, срцето нема да биде загреано од пламенот на Божјата добрина.“
– 5 Сведоштво, 547.
Вторник — 21. декември
3. АКТИВЕН И СРЕЌЕН
а. Кои активности носат среќа — дури и на оној што е многу болен? Дела 20:35; Галатјаните 6:9, 10.
„Добрите дела претставуваат двоен благослов; тие се благотворни не само за оние за кои се наменети, туку и за оној што ги прави. Осведочувањето дека го правиме она што е исправно, претставува еден од најдобрите лекови против болестите на телото и душата. Кога духот ни е среќен и задоволен заради чувството дека сме ја исполниле нашата должност, кога сме свесни дека ги усреќуваме другите, влијанието, кое бодри и облагородува, внесува нов живот во целото битие.
Наместо постојано да бара сочувство, инвалидот треба да се потруди да сочувствува со другите... Настојувајте секогаш да бидете благослов за оние што ве опкружуваат и секогаш ќе пронајдете пат и начин како да бидете од помош, како за членовите на своето семејство, така и за другите.
Кога и оние со слабо здравје би можеле да заборават на себе, интересирајќи се за другите... тогаш би ја вкусиле вистинитоста на пророчкото ветување: ’Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје брзо ќе процвета.’”
– Здравје и среќа, 257,258.
б. Кои активности се одличен лек за умот и телото? Исаија 58:6–8; Матеј 25:32–40.
„Секој зрак на светлина кој се расфрла на другите ќе се одрази на нашите сопствени срца. Секој љубезен и сочувствителен збор упатен на нажалените... ќе резултираат во благослови на дарителот. Оние коишто прават така го почитуваат законот на небото и ќе го примат Божјото одобрување. Задоволството на правење на добро на другите ќе им даде елан на чувствата кои пламтат низ нервите, ќе ја забрза циркулацијата на крвта и ќе го подобри менталното и физичкото здравје.“
– Ум, карактер и личност, 642.
Среда — 22. декември
4. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ТАГА
а. Што создаваат горчината, тежината на срцето и чувството на вина во телото? Изреки 12:25.
„Болестите на умот преовладуваат насекаде. Девет десетини од болестите од кои страдаат мажите имаат своја основа тука. Можеби некои проблеми во домот, кои како рак, ја јадат душата и ги ослабува виталните сили. Понекогаш каењето за гревот ја поткопува конституцијата и ја нарушува рамнотежата на умот.“
- Counsels on Health, p. 324.
б. Причини за потиштениот дух? Псалм 55:4, 5; Матеј 6:34.
„(Бог) не сака да одиме со тага во духот. Не треба да гледаме на трњето и трнот во нашето искуство. Треба да одиме во градината на Божјата реч и да ги откинеме лилјаните, розите и миризливите розови цветови на Неговите ветувања.“
- That I May Know Him, стр. 278.
в. Каков лек се препорачува за потиштениот дух? Псалми 100:1–5; 101:1; 1. Солунјаните 5:16, 17.
„Оние кои се возбудени, загрижени или во брзање, би било добро да не јадат сѐ додека не се одморат или опуштат, затоа што животните сили, кои што веќе се тешко оптоварени, не можат да ги произведат потребните сокови за варење.“
– Совети за животот и исхраната, 107.
г. Најдобар лекарски рецепт за обесхрабрените? Псалми 27:14; 31:24.
„Христовата љубов, го проткајува целото битие со својата животворна сила и ги обновува здравјето и силата на најважните животни органи - силата на мозокот, срцето и нервите; таа ги поттикнува на работа највозвишените сили на човечкото битие. Ја ослободува душата од вина и тага, од немир и грижа, кои ги уништуваат животните сили.“
– Здравје и среќа, 115.
Четврток — 23. декември
5. ВРВЕН БЛАГОСЛОВ
а. Како Бог може да остане во нашето срце за да ни даде победа? Јован 16:13; Ефесјаните 5:18–20.
„Ние живееме во свет преполнет со страдања... Многу луѓе си го отежнуваат бремето на животот постојано предвидувајќи само неволји... Нивната среќа во овој живот како и блаженството во идниот, зависи од насочувањето на сопствените мисли кон она што е убаво и пријатно. Пренасочете ги од таа мрачна слика што е плод на нивната имагинација кон благословите, кои Бог ги послал на нивниот пат.“
– Здравје и среќа, 247.
б. Каква треба да биде нашата постојана молитва? Псалм 67:1, 2; Еремија 30:17.
„Оние што го чекаат Младоженецот треба да му кажат на народот: ’Еве го вашиот Бог!’ Откривањето на неговиот карактер полн со љубов е последен зрак на милосрдната светлина, последна порака на милоста што ќе му се објави на светот. Божјите деца треба да ја објават неговата слава.“
– Христовите поуки, 415.
Петок — 24. декември
ПРЕГЛЕД И ПРАШАЊА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ
а. Зошто тагата од наша страна погрешно го претставува нашиот милостив, љубезен Бог?
б. Како нашите мисли влијаат на нашето физичко тело?
в. Наведете еден важен лек кој може да ја ублажи практично секоја болест.
г. Што треба да сфатиме за моќта на Христовата љубов кон нас?
д. Опишете ја сцената што треба постојано да ја чуваме пред очите на нашиот ум.