Вистинска љубов или заслепеност
Адвентен дом
Вистинска љубов или заслепеност
Љубовта е скапоцен Исусов дар. – Љубовта е скапоцен дар, кој го примаме од Исус. Чистата и света наклонетост не е чувство туку начело. Оние кои ги придвижува вистинската љубов не се ниту неразумни ниту слепи. {АД 50.1}
Денес има малку права, искрена, посветена и чиста љубов. Овој скапоцен дар е многу редок. Денеска страста ја нарекуваат љубов. {АД 50.2}
Вистинската љубов е возвишена и света вредност, која целосно се разликува од таа љубов, која се заснова на нагоните и која одненадеж умира кога ќе се најде пред сериозен тест. {АД 50.3}
Љубовта е билка со небесно потекло која мора да се негува и храни. Предадените срца, искрените љубезни зборови ќе ги направат семејствата среќни и позитивно ќе влијаат на сите оние со кои доаѓаат во допир. {АД 50.4}
Вистинската љубов не е страст. – Љубовта… не е неразумна, ниту слепа. Таа е чиста и света. Меѓутоа, страста на телесното срце е нешто сосема друго. Додека чистата љубов секогаш го прашува Бога за своите планови и секогаш избувлива, неразумна, ги отфрла сите ограничувања и својот избраник или избраничка го прави идол. Божјата милост ќе се покаже во целокупното однесување на оној кој ја негува вистинската љубов. Верноста, едноставноста, искреноста, почитувањето и верата во Бога ќе го одбележат секој чекор кој води кон основање на бракот. Оние кои се одликуваат со овие вредности нема да бидат толку окупирани со својата взаемна врска, така што тоа би довело до губиток на желбата да присуствуваат на молитвените и други богослуженија. Нивната ревност за вистината нема да изгасне поради невнимателноста кон можностите и предностите кои Бог милостиво им ги дал. {АД 50.5}
Љубовта која нема подобар темел од телесните задоволства ќе биде тврдоглава, слепа и неприбрана. Честа, вистината и секоја благородна и возвишена сила на разумот, ќе биде потчинета на страстите. Човекот кој е окован со синџирите на оваа заслепеност не го слуша гласот на разумот и совеста; никаков доказ ниту молба не можат да го наведат да ја види лудоста на својот пат. {АД 51.1}
Вистинската љубов не е силна и неконтролирана страст. Напротив, таа е по природа мирна и длабока. Таа не застанува на надворешноста, туку ја привлекуваат внатрешни особини. Таа е полна со мудрост и расудување, и нејзината верност е вистинска и трајна. {АД 51.2}
Љубовта со која не господарат страстите и нагоните, добива духовно обележје и се открива во зборовите и делата. Христијанинот се одликува со посветена нежност и љубов во која нема нетрпение и нерасположение; грубите и нагли постапки мораат да исчезнат под влијание на Христовата милост. {АД 51.3}
Чувајте се од болната чувствителност како од лепра. – Чувајте се од фантазирањето со болна чувствителност како од лепра. Во современиот свет на многу момчиња и девојчиња им недостигаат вредности; затоа е потребна голема внимателност… Оние кои го сочувале таквиот карактер, иако можеби им недостасуваат други потребни особини, се одликуваат со морална вредност. {АД 51.4}
Има и такви кои извесно време се претставувале како побожни, но во сите свои намери покажале дека се без Бога и без просветената совест. Тие се зли и површни. Нивните разговори не се угодни. Нивните мисли се оптоварени со додворување и женење, а во сето тоа се запоставува сѐ што е благородно и возвишено. {АД 51.5}
Младите се опседнати со манијата на додворување и женење. Во нивниот живот преовладува болната чувствителност. Од овие лоши влијанија младите можеме да ги сочуваме со голема будност и тактичност. {АД 52.1}
Ќерките не се упатувани на вредноста на самоодрекувањето и самоконтролата. Нив им се попуштало и така е поттикнувана нивната злоба. Дозволувано им е да го прават она што го сакаат, сѐ додека не станале тврдоглави и своеволни, а вие станувате беспомошни во желбата да им помогнете и така да ги сочувате од пропаст. Сатаната ја искористил нивната самостојна слобода, недостатокот од воздржување и личната скромност, и затоа станале приказна во устите на непрепородени луѓе. Исто така и на момчињата им се дозволува да го прават она што го сакаат. Сѐ уште не достигнале до годините на зрелост, а веќе пред себе имаат девојки на свои години, кои ги испраќаат до нивните домови и на кои им се додворуваат. Родителите толку се врзани за својата попустливост и неразумна љубов кон своите деца, што немаат ниту сила ниту храброст да направат промени и да го да го приберат неконтролираното однесување на своите деца во овој расипан свет. {АД 52.2}
Совет до една заљубена девојка. – Ти си направила жална грешка, која преовладува во ова искривено време, особено помеѓу жените. Ти си премногу наклонета кон другиот пол. Ти го сакаш нивното друштво; твоето внимание им ласка, ти ги охрабруваш, или дозволуваш семејство кое не е секогаш во согласност со советот на апостолот кој вели: „Отстранувајте се од секое зло”…. {АД 52.3}
Престани да се занимаваш со романтични планови. Со својата побожност ја мешаш романтичната, болна чувствителност, која не воздигнува туку понижува. Тоа не те погодува само тебе, затоа што твојот пример и влијание им нанесува штета на другите… Твоето фантазирање и ѕидање на кули во воздухот те онеспособиле за полезен живот. Живееш во светот на фантазијата. Така си станала вообразен маченик и христијанин. {АД 52.4}
Верското искуство на младите од нашето време често е измешано со оваа болна чувствителност. Сестро моја, Бог очекува од тебе повторно да се родиш. Те молам облагороди ги своите чувства. Посвети ги своите умствени и телесни сили на служба за својот Спасител, кој скапо те откупил. Посвети ги своите мисли и своите чувства, за да можат твоите дела да бидат исполнети во Бога. {АД 53.1}
Предупредување до еден млад студент. – Ти си станал студент; настојувај твоите мисли да се занимаваат со духовни предмети. Отстрани ја од својот живот секоја болна чувствителност. Биди сериозен во личното превоспитување и труди се секогаш да владееш со себе. Си стигнал во времето кога треба да го обликуваш својот карактер. Не го сметај за неважно и безначајно она што би го намалило твојот највозвишен и најсвет интерес, твоето влијание да го направиш делото кое Бог ти го одредил. {АД 53.2}
Последици од неразумно додворување во бракот. – Можеме да забележиме како на секој чекор се соочуваме со безбројни тешкотии. Беззаконието кое се појавува во животот на младите и на постарите, непромисленото, непосветеното додворување и бракот сигурно ги оставаат своите последици несогласувања, расправија, отуѓување, попуштање на страстите, обострано неверство на брачните партнери, неподготвеност да се отстрани себичната желба и рамнодушноста кон вечните вредности… {АД 53.3}
Светите Божји зборови малку се ценат дури и помеѓу мнозина кои велат дека се христијани. Со своето нејасно и непостојано однесување покажуваат дека тежнеат кон други цели. Таквите не сакаат да ги ограничат своите себични тежнеења на своите чувства. {АД 54.1}
Чувајте ги склоностите. – Контролирајте го својот ум, вели апостолот; контролирајте ги своите мисли и не дозволувајте им да завладеат над вас,. Мислите треба да се чуваат и внимателно да се надгледуваат. Мисли на она што е правилно, па и постапките ќе ти бидат добри. Внимавајте на своите чувства и не им дозволувајте да се насочуваат и задржуваат на она што не е соодветно. Исус ве откупил со Својот живот и за тоа Нему му припаѓате; во сѐ прашајте Го за совет, особено како да ги активирате силите на вашиот ум и чувствата на вашето срце. {АД 54.2}

