Читател ја проучува Библијата покрај прозорец на изгрејсонце

Како да се спасиме

Вовед

Сподели го ова:

Бог е извор на сета мудрост и знаење. Првиот чекор кон Бога се прави со вера. Стравот Господов е почеток на мудроста, и колку повеќе Му се приближуваме, толку повеќе напредуваме во вистинското знаење и разбирање. Ние Му припаѓаме на Бога според создавањето, а исто така и според откупот преку Исуса Христа. Живееме и се движиме благодарение единствено на Неговата милост. Во нашата грешна природа не можеме да Го видиме и да останеме живи. „Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина“ (Јован 4:24).

Исус Христос е Божјиот Син, кој дошол од небото да му ја открие на грешниот човек славата на својот Отец. Преку Исуса стекнуваме сознанија за личноста на Бога, чија љубов кон паднатиот свет најмногу дошла до израз во жртвувањето на Својот сакан Син за откуп на човечкиот род. Бог нѐ љубел уште пред да Му се обратиме; и најмалку што можеме да сториме е да Му ја возвратиме таа љубов, пренесувајќи им ја на другите.

Оваа брошура јасно укажува на патот по кој треба да одат сите оние што сакаат да Го најдат Христа. Мнозина се прашуваат како да го започнат христијанскиот живот и како да го прифатат повикот на евангелската вест. Целта на оваа книшка е да даде одговор на тие прашања на начин што лесно ќе можат да го сфатат и старите и младите.

Сесрдниот читател на овие зборови ќе биде богато благословен и, кога ќе ги прими тие драгоцени вистини, своето искуство и радост ќе им ги пренесува и на другите.

ИЗДАВАЧИТЕ

Сподели го ова:

Поврзани статии