Животот на христијанинот

Крштавање на возрасен верник во река како почеток на нов живот

Како да се спасиме

Животот на христијанинот

Сподели го ова:

Почетокот на христијанскиот живот е дело на Светиот Дух. Не може да се даде подобро објаснување од она што го употребил Христос при разговорот со Никодим.

„А Исус му одговори: Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; зашто, роденото од тело — тело е; а роденото од Духот — дух е. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот“ (Јован 3:5,6,8).

Христос тука се прикажал како Творец на духовниот човек. Никогаш Евреите не чуле такви непобитни вистини какви што му биле кажани на тој учител во Израел. Иако меѓу еврејскиот народ важел како мудар и голем човек, Никодим бил изненаден од тие едноставни зборови за новото раѓање. И денес постојат учени и почитувани луѓе и големи проповедници, но сепак, слично на Никодим, тие ништо не знаат за новото раѓање. Само светиот живот може да докаже дека човекот е наново роден.

Мнозина тврдат дека се наново родени и поминале низ водно крштавање. Крштавањето е неопходно и на свое место, но тоа не дава „пропусница“ за влегување во Божјото царство без свет карактер.

Има многу начини на кои Божјиот Дух дејствува за да го наведе грешникот да се обрати, а вистински Божји синови се само оние кои на таков начин ги води Неговиот Дух. На некого Божјата реч може да влијае при читањето и ќе најде место во неговото срце. Други слушаат живо сведоштво од некоја посветена уста или им доаѓа до рака литература за сегашната вистина. Уверувањето до совеста може да дојде и преку сон. Болеста и жалоста можат да бидат благословени орудија што ќе го обратат нашето срце кон Бога.

Тоа не значи дека нашето срце целосно Му се потчинило на Бога, туку дека е зачнат свет живот и дека ќе се развива сѐ додека не постигнеме целосна големина на маж или жена во Исуса Христа. Примајќи го Божјиот дар, ние Го прифаќаме Христа како свој личен Спасител. Во врска со тоа Павле кажува: „Од Него сте и вие во Исуса Христа, кој за нас стана премудрост од Бога, и правда, и осветување, и откуп“ (1. Коринтјаните 1:30).

Во тој стих наполно е откриена смислата на зборовите „оправдан со вера“, што овде е поделено на четири фази.

  1. Премудрост. — Со тој поим може да се опише почетокот на Христијанскиот живот. „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат Сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно“ (Псалм 111:10).
  2. Правда. — Со тој збор ни се кажува дека нашата сопствена правда во никој случај не нѐ препорачува пред Бога, туку нѐ оддалечува од Него. „Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда — како извалкана облека; Сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветер нѐ однесуваат. Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би настојувал да се држи здраво за Тебе; затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и нѐ остави да гинеме од беззаконијата свои“ (Исаија 64:6–7).

Тука Павле мисли на понудата на Божјиот Син да нѐ стори праведни и прифатливи за Отецот. Примајќи ја облеката на Неговата правда, ние повторно сме примени во Божјото семејство. „Оправдувајќи се со вера, имаме мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос“ (Римјаните 5:1).

  1. Осветување. — Откако ќе ни се простат гревовите и откако ќе бидеме примени во кругот на Божјото семејство, должни сме да ја покажуваме својата љубов и благонаклоност на тој начин што нема да дозволиме светот да ја извалка нашата облека. Делото на осветување е постепено дело и треба да трае во текот на целиот наш живот.
  2. Откуп. — Со тој збор Павле го опфаќа целокупното дело на Христа како Откупител на светот. Тој не само што го проштава нашето беззаконие, туку ветува дека ќе нѐ ослободи од гревот и на крај ќе нѐ поведе со Себе во Своето царство. Тоа дело го опфаќа целиот план на спасение — не само првите чекори по добивањето на милоста, туку и целокупниот развој во Христијанскиот живот кој нѐ приготвува за небото.

Крштавање

Одредувајќи ја големата задача за проповедање на евангелието, Христос тука ја вклучил и заповедта за крштавање на оние што ќе поверуваат:

„А Исус, кога се приближи, проговори и рече: Ми се даде секоја власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!“ (Матеј 28:18–20).

Тоа крштавање што го споменува Христос не е наменето за малечките деца, туку за оние што постигнале зрелост во сфаќањето и што можат да веруваат. Денес мнозина не го сфаќаат значењето на крштавањето, зашто поради погрешни поими станала општа пракса наместо оние што постигнале години на зрелост и одговорност да се крштаваат, (поправилно кажано — да се прскаат со вода) малечки деца. Исто така, мнозина кои биле крстени отстапиле од приврзаноста кон својот завет што го сториле при крштавањето. Но патот по кој се влегува во Божјото царство останува ист. Апостол Павле сметал дека крштавањето има големо значење и дека сите што сакаат да ги користат Божјите дарови треба да поминат низ тој свет обред.

На прво место, крштавањето ја претставува смртта, погребувањето и воскресението на Исуса Христа. „Откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, кој Го воскресна од мртвите“ (Колосјаните 2:12).

Тоа исто така ја претставува смртта на гревот, погребувањето на нашиот стар човек или на грешната природа. Како Христос што воскреснал од мртвите, така крштавањето, кога излегуваме од водата, го претставува нашето духовно воскресение за да почнеме нов живот во Духот. Крштавањето има своја вредност сѐ дотогаш додека го одржуваме својот завет и својата облека чиста. Крштавањето исто така го симболизира проштавањето на гревот и одвојувањето од светот и од секоја лажна вера. Крштавањето не се врши во име на која било црква или човек, туку во името на Отецот, Синот и Светиот Дух.

Оправданиот грешник непосредно е поврзан со Божеството. Откако прописно овластен Божји слуга ќе го изврши обредот на крштавање, дури тогаш на обратеникот му се подава рака како на верник на црквата. За тој среќен настан Павле кажува: „И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и свои на Бога“ (Ефесјаните 2:19).

Мнозина се во недоумица во врска со прашањето кога ја примаат Христовата правда и дарот на милоста (благодатта).

„Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас — Божји дар е“ (Ефесјаните 2:8).

Секој што ги чита овие редови треба да сфати дека, ако Го примил Христа како свој личен Спасител, Божјата црква е должна да го приготви за свечениот обред на крштавање. Кога ќе се изврши крштавањето во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, тогаш Христовата правда се пренесува на верникот.

„Христос крштавањето го сторил знак за влегување во Неговото духовно царство и одреден услов што целосно мора да го исполнат сите што сакаат да бидат признати како оние што го прифаќаат авторитетот на Отецот, Синот и Светиот Дух. Пред да најде во црквата свој дом, пред да го пречекори прагот на духовното Божјо царство, човекот мора да прими печат на божественото име: ‘Господ правда наша’“ (Еремија 23:6); (6. Сведоштво 58).

Сподели го ова:

Поврзани статии

  • Надевање во Бога

    Како да се спасимеНадевање во Бога← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Божјата реч е неисцрпна ризница на поуки за луѓето од сите слоеви. Ниедна друга книга не може да се спореди со неа, бидејќи таа е комплетен патоказ на животот. Можеме да бидеме наполно сигурни само тогаш ако целосно се потпреме врз Бога, примајќи ги советите…

  • Падот на човекот

    Како да се спасимеПадот на човекот← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →На првите страници на Светото писмо јасно е запишано дека Бог ја создал првата човечка двојка — Адам и Ева. „Потоа рече Бог: Да создадеме човек според нашиот образ и подобие, како што сме ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците…

  • Вовед

    Како да се спасимеВовед← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Бог е извор на сета мудрост и знаење. Првиот чекор кон Бога се прави со вера. Стравот Господов е почеток на мудроста, и колку повеќе Му се приближуваме, толку повеќе напредуваме во вистинското знаење и разбирање. Ние Му припаѓаме на Бога според создавањето, а исто така и…

  • Домашни во верата

    Како да се спасимеДомашни во верата← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Иако живееме среде христијанска цивилизација која се фали со голема светлина, сепак има многу такви кои не веруваат дека Бог има на земјата една црква или заедница. Секогаш имало такви луѓе и нив ќе ги има до крај. Иако тие не веруваат во црквата, сепак…

  • Вест која спасува

    Како да се спасимеВест која спасува← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →„Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде и Својот единороден Син, за ниту еден што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3:16). Божјата љубов е толку голема што го опфаќа секој човек, жена или дете кои се…

  • Потеклото на злото

    Како да се спасимеПотеклото на злото← Претходно поглавјеСите поглавјаСледно поглавје →Потеклото на злото за мнозина претставува голема тајна. Секое разумно суштество што размислува е свесно за постоењето на некоја зла сила, спротивна на сѐ што е добро и право. Насекаде гледаме болест, страдање, жалост и смрт. Во секој лист што паѓа и во секој цвет…