Развивање на расудувањето

Сподели го ова:

5. РАЗВИВАЊЕ НА РАСУДУВАЊЕТО

Четврток, 5 ноември 2026

а. За разлика од саботата, седмиот ден од Десетте заповеди (Излез 20:8-11), во каков поинаков контекст се употребува зборот „саботи“ во Колосјаните 2:16, 17? Објаснете ја разликата. Левитска 23:37-39; Евреите 10:1-4.

„Павле настојувал мислите на своите слушатели да ги насочи кон големата жртва за гревовите на светот. Прво им укажал на жртвите што биле само симбол и сенка на стварноста што требало да дојде, а потоа го истакнал Христос како стварност на сите тие церемонии и како цел на која тие укажувале – на единствениот извор на животот и надежта за паднатиот човек. Светите луѓе уште од дамнина всушност се спасувани само со вера во Христовата крв. Набљудувајќи ја смртната агонија на жртвуваните животни, тие преку амбисот на вековите својот поглед го насочувале кон Божјото Јагне кое било наменето да ги земе на себе гревовите на светот.“

Извор: Делата на апостолите, 424.

б. Наведете примери за она на што Павле нè предупредува во Колосјаните 2:18-23.

„Учителите на спиритизмот им пристапуваат на луѓето на привлечен и заводлив начин за да ги измамат; и ако ги слушате нивните измислици, ќе бидете заведени од непријателот на правдата и сигурно ќе го загубите спасението. Штом еднаш ќе потпаднете под маѓепсувачкото влијание на големиот измамник, ќе бидете затруени од неговото влијание, а неговото смртоносно учење ќе ја уништи вашата вера во Христос како Божји Син и ќе престанете да се потпирате на заслугите на Неговата крв. Оние што се заведени од таквата филозофија се восхитуваат од наградата што, всушност, е само сатанска измама. Тие се потпираат на сопствените заслуги и доброволно поднесуваат понижување. Дури се подготвени и да се жртвуваат, но притоа го жртвуваат сопствениот здрав разум, верувајќи во целосни бесмислици и прифаќајќи најапсурдни идеи преку оние за кои веруваат дека се нивни починати роднини и пријатели. Сатаната толку им ги заслепува очите и им го изопачува расудувањето, што тие не го забележуваат злото и прифаќаат упатства што, наводно, доаѓаат од нивните починати роднини и пријатели, за кои веруваат дека сега се ангели во некоја повисока сфера.“

Извор: 1. Сведоштво, 297.

Сподели го ова:

Поврзани статии