Воспитувањето и здравјето

Деца трчаат и играат на свеж воздух во зелен училиштен двор под грижа на учителка

Христијанска умереност

Воспитувањето и здравјето

Сподели го ова:

Вообичаениот систем на воспитување кој во текот на многу поколенија имал разурнувачко дејство врз здравјето и врз самиот живот, сѐ повеќе преовладува. Многу родители и учители не сфаќаат дека во раните години од детскиот живот најголемо внимание треба да се посвети на неговиот физички развој, за да може да се овозможи умно и телесно здравје. Постои обичај децата да се праќаат на училиште додека уште, практично, се бебиња на кои им е потребна мајчинска грижа. Во многу случаеви малечките се натрупани во непроветрени училници каде, седејќи на лошо конструирани седишта, се принудени телото постојано да го држат во неправилна положба и како резултат на тоа доаѓа до деформации во младиот и нежен скелет на детето. Малите деца, чии екстремитети и мускули сѐ уште не се силни и чиј мозок е сѐ уште неразвиен, се изложуваат на вакви ограничувања на штета на нивното здравје. Мнозина од нив се слаби од раѓање и училишната стеснетост и ограничувањата на кои се изложуваат од ден на ден ги прават нервозни и несреќни. Поради исцрпеноста на нервниот систем тие закржлавуваат во растот и во телесниот развој. Па сепак, кога факелот на детскиот живот ќе згасне, ни родителите ни учителите на сфаќаат дека и тие на извесен начин се одговорни за таа толку чувствителна извесен начин се одговорни за таа толку чувствителна животна искра. Стоејќи покрај гробот на своето дете, ожалостените родители гледаат на оваа болна загуба како на особено управување на провидението, додека младиот живот е уништен токму поради нивните постапки направени во незнаење за кое нема оправдание. Да му се припишува на провидението смрт настаната под вакви околности, значи да се нагрдува Господ. Тој сака малечките да живеат и да примаат добро воспитување, за да можат да развијат прекрасен карактер, славејќи Го Него не само на овој свет, туку и на оној, подобар свет во иднината. {ХУ 81.1}

Родителите и учителите ја прифаќаат одговорноста да ги воспитуваат децата, но помеѓу нив има многу малку такви кои се запознаени со физичките закони на организмот за да бидат во состојба да ги чуваат животот и здравјето на оние што им се доверени да се грижат за нив. Илјадници деца умираат поради незнаењето на оние што се грижат за нив. {ХУ 81.2}

Многу деца остануваат доживотни страдалници, а некои и умираат поради непромисленото постапување на родителите и учителите кои го присилуваат умот на младите на прекумерно напрегање, додека наполно го занемаруваат нивниот физички развој. Тие деца биле премногу млади за да седат во школските училници. Нивниот ум е оптоваруван со школски задачи во време кога требале да бидат слободни од тоа се додека физички не станат доволно силни за да можат да ги издржат и умствените напрегања. Малите деца треба да бидат слободни, да трчкаат надвор и да потскокнуваат како јагниња. Не треба да им се одземе таа најповолна прилика кога се положува темел за здрав и силен организам. {ХУ 82.1}

Младите кои најголемиот дел од своето време го поминуваат на училиште и се принудени да учат во затворен простор, не можат да имаат добро здравје. Поради постојаните умствени напрегања, без соодветно телесно движење, мозокот бара прекумерно количество на крв и така циркулацијата станува неурамнотежена. Мозокот добива премногу крв, додека крајните делови од телото – рацете и нозете добиваат премногу малку. Часовите на учење, одмор и разонода треба внимателно да се распоредат, а еден дел од времето треба да се посвети на физичка работа. Ако учениците и студентите своите навики во јадење, пиење, облекување, работа и спиење ги усогласат со законите на природата, тие ќе можат да здобијат образование, а при тоа да не го жртвуваат своето здравје. На ученикот мора постојано да му се повторува и во свеста да му се влее поуката дека образованието ќе има мала вредност ако тој подоцна нема сила стекнатото знаење практично да го примени во животот. {ХУ 82.2}

Никогаш не треба да се дозволи учениците толку да се оптоварат со учење што ќе немаат време за физичко воспитување. Здравјето на може да се сочува ако секој ден не се оддели време за зацврстување на мускулите со вежбање на свеж воздух. Овие часови треба да се посветат на некој вид физичка активност, на нешто што ќе ги стави во движење нивните тела. Рамномерното оптоварување на умствените и физичките сили ќе го освежи умот на ученикот. Ако ученикот е болен, физичките вежби често помагаат тој да се врати во нормална состојба. Кога ќе го напуштат колеџот, студентите треба да имаат подобро здравје и повисоко сознание за законите на животот отколку кога дошле во него. Здравјето треба да се чува исто толку свето и неприкосновено како карактерот. {ХУ 82.3}

Многу ученици, за жал, не се свесни за фактот дека исхраната во голема мерка влијае врз здравјето. Некои од нив никогаш не вложиле одлучни напори да го контролираат апетитот или да се држат до некое исправно правило во поглед на исхраната. Тие јадат премногу за време на јадењето, а некои од нив јадат и помеѓу оброци, секогаш кога ќе се најдат во такво искушение. Ако оние што тврдат дека се христијани сакаат да најдат решение за прашањата кои за нив се толку сложени: зошто нивниот ум е толку замаглен, зошто нивните верски стремежи се толку слаби, тие најчесто не би требале да одат никаде подалеку од својата трпеза; тука има доволно причини за сето тоа, ако не постои уште и нешто друго. {ХУ 83.1}

Со своето попуштање на апетитот, мнозина се одделуваат од Бога. Тој, што го забележува паѓањето на едно врапче и го брои секое влакно на главата, го забележува гревот на оние кои му попуштаат на изопачениот апетит, трошејќи ја и онака ослабнатата физичка сила, затапувајќи го умот и умртвувајќи ја моралната моќ на воочување. {ХУ 83.2}

И самите учители треба, онака како што тоа доликува, да им обрнат внимание на здравствените закони, за да ги сочуваат своите сили во најдобра состојба и да можат со пример и поука да извршуваат добро влијание врз своите ученици. Учителот, чии што сили поради болест или прекумерна работа веќе почнале да опаѓаат, треба да обрне особено внимание на законите на животот. Тој треба да најде време за одмор и закрепнување и не треба да зима врз себе никакви други обврски освен оние што веќе ги има во училиштето, зашто тоа и умствено и физички толку ќе го оптовари што неговиот нервен систем ќе стане неурамнотежен; и во таква состојба нема да биде способен да постапува мудро и правилно ниту кон себе ниту кон своите ученици. {ХУ 83.3}

Нашите воспитни установи треба да бидат снабдени со сите олеснувања потребни за практично прикажување на поуките за различните функции на човековиот организам. Учениците треба да се учат при дишењето, читањето и говорот да не ги напрегаат грлото и белите дробови (со плитко), туку стомачните мускули (со длабоко вдишување). Во тој поглед сѐ уште треба да се учат и самите учители. Нашите студенти треба да здобијат темелно образование, за да можат во активниот живот да стапат со едно вистинско познавање на организмот што Бог им го дал. Објаснете им дека мораат да учат сѐ додека се живи. И додека ги поучувате, имајте на ум дека тие ќе учат други. Поуките што од ден на ден ги предавате, многу пати ќе се повторат на корист и на благослов на другите. {ХУ 83.4}

Сподели го ова:

Поврзани статии