Вистинската причина за сомнежот

Сподели го ова:

4. ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗА СОМНЕЖОТ

Среда, 16 септември 2026

а. Како можеме да направиме разлика меѓу она што е важно и она што не е важно?

2 Коринтјаните 13:5; Тит 3:9–11.

„Иако Бог дава доволно докази во прилог на верата, Тој никогаш не го отстранува сето она што би можело да послужи како изговор за неверување. Оние што бараат докази за сомневање, ќе ги најдат. А оние што одбиваат да го прифатат Божјото слово и да му се покоруваат сѐ додека не биде отстранет секој можен приговор, така што повеќе да нема никаква причина за сомневање, никогаш нема да дојдат до светлината.“

Извор: Големата борба, стр. 527.

б. Кои благослови ќе ги примат понизните?

Јаков 4:6,10; 1 Петрово 5:6,7.

„Секоја моја потреба беше задоволена, заситен гладот на мојата душа, и Библијата сега ми е откровение на Исуса Христа. Прашувате зошто верувам во Исуса? – Затоа што Тој ми е божествен Спасител! Зошто ѝ верувам на Библијата? – Затоа што се уверив дека тоа е глас со кој Бог ѝ зборува на мојата душа! Ние самите себеси можеме да си посведочиме дека Библијата е вистинита, дека Христос е Божји Син. Ние знаеме дека не се поведуваме по лукаво измислени бајки.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 112.

в. Како апостол Павле го опишува искуството на верникот сега и во иднината?

1 Коринтјаните 13:12.

„Во овој живот можеме само да почнеме да ја сфаќаме прекрасната тема за откупот на нашиот род. Со нашиот ограничен ум можеме најискрено да размислуваме за срамот и славата, животот и смртта, праведноста и милоста што се сретнале на крстот, па сепак, ниту со најголемиот напор на нашите духовни сили не можеме да го сфатиме неговото целосно значење. Должината и ширината, височината и длабочината на спасоносната љубов, човекот може само донекаде да ја разбере. Планот на спасението нема да биде потполно сфатен дури ниту тогаш кога откупените ќе го видат неговото остварување со свои очи и кога ќе познаваат како што се познати; низ вечните времиња пред нивниот восхитен ум постојано ќе се откриваат нови вистини.“

Извор: Големата борба, стр. 651.

„Со вера ние можеме да гледаме во вечноста и да се држиме за Божјото ветување дека човечкиот разум ќе се развие, човечките способности ќе се соединат со божествените, а секоја душевна сила ќе дојде во директен допир со Изворот на светлината. Ние можеме да се радуваме, затоа што сè што нè збунувало во Божјото провидение, тогаш ќе биде разјаснето, дека сè што ни било тешко сфатливо, ќе добие свое објаснување; и таму каде што со нашиот ограничен ум сме наидувале само на збрки и изјаловени намери, ќе видиме најсовршена и најубава хармонија. ’Сега гледаме како на огледало, нејасно, а тогаш лице в лице. Сега сфаќам делумно, а тогаш ќе сфатам потполно, како и самиот што сум наполно познат’ (1 Коринтјаните 13:12).“

Извор: Патот кон Христа, стр. 112.

Сподели го ова:

Поврзани статии