Сподели го ова:

1. ШТО Е СОМНЕЖ?

Недела, 13 септември 2026

а. На што треба да се сетиме кога сме во искушение да се колебаме меѓу верата и сомнежот?

Јаков 1:5–7.

„Но овие ветувања се однесуваат само на оние кои со сето срце се подготвени да го следат Господа. Бог не врши насилство над ничија волја или совест. Затоа Тој и не може да ги води оние кои се премногу горди за да бидат поучувани и кои упорно сметаат дека можат сами да одат по свој пат. За дволичниот човек кој се стреми да ја оствари својата волја, а тврди дека ја твори Божјата волја е кажано: ’Таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ’” (Јаков 1:7).

Извор: Патријарси и пророци, стр. 384.

б. Што ни дал Господ за да го совладаме сомнежот?

Псалм 119:105; Евреите 11:1,3,6.

„Нашата вера мора да почива на личната осведоченост, а не на набројување на доказите. Оние што сакаат да се сомневаат ќе имаат можност, додека пак оние кои навистина копнеат да ја запознаат вистината, ќе најдат изобилство од докази на кои можат да ја потпрат својата вера.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 105.

„Бог во Своето слово дал доволно докази за Неговиот божествен карактер. Големите вистини што се однесуваат на нашето спасение се јасно изнесени. Со помош на Светиот Дух, кој им е ветен на сите што искрено го бараат, секој може сам да ги разбере тие вистини. Бог на луѓето им дал цврст темел на кој можат да ја градат својата вера.“

Извор: Големата борба, стр. 526.

Сподели го ова:

Поврзани статии