5. ПРОУЧУВАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
Четврток, 3 септември 2026
а. Што му донело утеха и помош на Еремија во неговото бурно време?
„За јакнење на умот ништо друго не е покорисно од проучувањето на Писмото. Ниедна друга книга нема толкава сила да ги воздигне мислите, да ги оживее способностите, како Библијата со своите длабоки, благородни вистини. Кога Божјото слово би го проучувале онака како што би требало, луѓето би се одликувале со ширина на умот, благородност на карактерот, цврстина на намерите, какви што денес ретко се среќаваат.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 90.
„Оној кој на Светото писмо му посветува големо внимание, низ молитва, ќе стекне јасно разбирање и здрав суд, а свртувајќи се кон Бога ќе достигне и поголем степен на интелигенција.“
Извор: Ум, карактер и личност, стр. 95.
б. Како треба да се проучува Светото писмо и што треба да претходи на таквото проучување на Библијата?
„Божествената вистина, како и златото во рудникот, не се наоѓа секогаш на површината; до неа често може да се дојде само со усрдно размислување и проучување.“
Извор: Gospel Workers, p. 76.
„Како што рударот ги открива жилите на скапоцената руда скриена под земјината површина, така и оној, кој трпеливо го проучува Божјото слово, како да бара закопано богатство, ќе ја најде вистината со најголема вредност која била скриена од погледот на немарливиот барател. Вдахновените зборови, ако сериозно се прифатат во срцето, ќе станат слични на потоците кои течат од изворот на животот. Библијата никогаш не смееме да ја проучуваме без молитва. Пред да ги отвориме нејзините страници треба да бараме просветлување од Светиот Дух, и тоа ќе ни биде дадено… Ангелите од светот на светлината ќе бидат со оние, кои во понизност бараат Бог да им го покаже патот.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 91.
