4. БОЖЈОТО ОТКРОВЕНИЕ
Среда, 2 септември 2026
а. Каде Христос ги сместил најјасните откровенија на Божјиот план за спасението на човекот?
„Бог ни говори во Своето слово. Во него го имаме најјасното откривање на Неговиот карактер, Неговото однесување кон луѓето, и големото дело на откуп.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 87.
б. Што треба секојдневно да прават сите што сакаат да растат во Божјата сила и моќ?
Јован 6:53,63; Колосјаните 3:1,2.
„Откупувањето е тема во која ангелите би сакале да ѕирнат; со неа ќе се занимаваат и за неа ќе пеат откупените во текот на бескрајните векови на вечноста. Зарем тоа не е и сега вредно за внимателно размислување и проучување? Бескрајното Исусово милосрдие и Неговата бескрајна љубов, жртвата која Тој ја даде за нас – сето тоа нè повикува на најсериозно и најсвечено размислување. Треба да размислуваме за мисијата на Оној, кој дојде да го спаси Својот народ од неговите гревови.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 88.
в. Како треба да ја примиме Божјата Реч во нашите срца?
„Ако некој го вреднува учењето на Библијата, нема да може да прочита ниту еден единствен стих од неа, а од него да нѐ извлече некоја полезна мисла. Но, највредните поуки од Библијата не можат да се добијат со повремено или неповрзано проучување. Нејзиниот голем систем на вистини не е прикажан така што ќе може да го разбере некој забрзан или невнимателен читател. Многу нејзини богатства лежат длабоко под површината и можат да се најдат само со вредно истражување и долготраен труд. Вистините, кои ја сочинуваат големата целина, мораат да се истражуваат и собираат ’малку тука, малку таму’ (Исаија 28:10). Кога ќе се истражат и присоберат на ваков начин, ќе се покаже дека совршено си одговараат една на друга. Секое Евангелие ги надополнува другите, секое пророштво го објаснува другото, секоја вистина понатаму развива некоја друга вистина. Евангелието ги објаснува симболите на јудејскиот систем. Секој принцип во Божјата Реч има свое место, секој факт свое значење. А севкупната структура, и според нацртот и според изведбата, сведочи за својот Автор. Таквата структура не можел да ја замисли ниту да ja создаде ниту еден друг ум, освен умот на Бесконечниот.“
Извор: Воспитување, стр. 123.
