1. КЛУЧЕВИ ЗА РАСТОТ
Недела, 16 август 2026
а. На кој начин Светото писмо го прикажува христијанскиот развој?
Исаија 61:3; 1 Петрово 2:2; Ефесјаните 4:14,15; Марко 4:26,27.
„Сета човечка мудрост и знаење не можат да вдахнат живот ни во најмалиот предмет во природата. Само со животот кој самиот Бог го вдахнал, можат да живеат и растенијата и животните. Исто така само со животот од Бога се зачнува духовниот живот во човечкото срце.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 67.
б. Што ни покажува дека во нашиот раст и развој зависиме од Христа?
Осија 14:5–7; 1 Коринтјаните 3:6,7.
„Со ненадминливиот дар на Својот Син, Бог го опкружил светот со атмосфера на благодат исто така вистинска како што е воздухот кој кружи околу земјината топка. Сите кои ќе решат да ја вдишуваат таа животодавна атмосфера ќе живеат и ќе израснат до висината на растот човечки во Исуса Христа. Како што цветот се врти кон сонцето, за блескавите зраци да можат да му помогнат во усовршувањето на убавината и симетријата, така и ние мораме да се свртиме кон Сонцето на праведноста за да може небесната светлина да нè осветли и да го развие нашиот карактер по примерот на Христа.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 68.
