Да се биде ново создание

Сподели го ова:

2. ДА СЕ БИДЕ НОВО СОЗДАНИЕ

Понеделник, 10 август 2026

а. Каков плод донесуваат оние што се исполнети со Духот?

Галатјаните 5:22, 23.

„Оние кои стануваат нови суштества во Исуса Христа ќе донесуваат и плодови на Духот… Она што некогаш го мразеле, сега го сакаат, а она што некогаш го сакале сега го мразат. Горделивите и наметливите сега стануваат кротки и понизни. Суетните и дрските сега стануваат сериозни и скромни. Пијаниот станува трезен, а разузданиот чист. Суетните обичаи и световни стилови се отфрлени настрана. Христијаните нема да копнеат по ’надворешното украсување’, туку по ’скриениот човек на срцето, непропадливиот украс на кроткиот и мирен дух’ (1 Петрово 3:3, 4).“

Извор: Патот кон Христа, стр. 58, 59.

„Влијанието на Светиот Дух го претставува Христовиот живот во душата. Ние сега не Го гледаме Христа ниту разговараме со Него, но Неговиот Свети Дух ни е исто толку близок и пристапен на секое место. Тој делува во и преку секој кој Го прима Христа. Оние во кои престојува Светиот Дух, ги откриваат духовните плодови – љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, добрина, вера.“

Извор: The SDA Bible Commentary [E. G. White Comments], vol. 6, p. 1112

б. Што е доказ за вистинско покајание?

Езекиел 33:14,15.

„Нема никаков доказ дека покајанието е искрено ако не донесе реформа. Ако грешникот го обнови заветот, го врати она што го одзел, ги признае своите гревови, и почне да го сака Бога и своите ближни, може да биде сигурен дека преминал од смрт во живот. Кога како заблудени грешни суштества ќе дојдеме кај Христа и ќе добиеме простување и благодат, љубовта се раѓа во нашето срце. Секој товар ни е лесен; бидејќи е лесен јаремот што го нуди Христос. Должноста станува уживање, а жртвата задоволство. Патот кој порано ни се гледаше мрачен, сега е осветлен со зраците на Сонцето на Праведноста. Милноста на карактерот Христов ќе се види и кај Неговите следбеници. Нему му беше задоволство да ја исполнува Божјата волја. Љубовта кон Бога, ревнувањето за Неговата слава, тоа е силата што управувала со животот на нашиот Спасител. Љубовта ги разубавила и облагородила сите Негови постапки. Љубовта е од Бога. Таа не може да се зачне во непосветено срце, не може да се создаде. Таа се наоѓа единствено во срцето во кое владее Исус. „Ние имаме љубов кон Него, зашто Тој прво нè возљуби нас“ (1 Јованово 4:19). Во срцето кое е обновено со Божјата благодат, љубовта е правило на однесување. Таа го менува карактерот, управува со мотивите, владее со страстите, го отстранува непријателството, ги облагородува чувствата. Оваа љубов ако се негува во срцето, го разубавува животот и насекаде околу себе шири благородно влијание.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 59.

Сподели го ова:

Поврзани статии