Живот преку христа

Сподели го ова:

2. ЖИВОТ ПРЕКУ ХРИСТА

Понеделник, 3 август 2026

а. Што му рекол Исус на парализираниот човек кај Витезда да направи, и што можеме да научиме од ова искуство?

Јован 5:1–9.

„Да го разгледаме извештајот за парализираниот во Витезда. Сиротиот страдалник бил сосема беспомошен; не се служел со нозете околу триесет и осум години. Сепак Исус му наредил: ’Стани земи ја својата постела и оди’ (Јован 5:8). Болниот можел да каже: ’Господе, ако ме излечиш, ќе го послушам Твојот збор’. Но, не, тој им верувал на Христовите зборови, верувал дека веќе е излечен и веднаш се обидел да оди; сакал да оди и одел. Го сторил тоа според зборовите на Христа, и Бог му дал сила. Бил излечен.“

Извор: Патот кон Христа, стр. 50.

„Исус не му ветил божествена помош. Болниот би можел да се посомнева и на тој начин би ја пропуштил единствената можност да оздрави. Меѓутоа, тој верувал во Христовите зборови и постапувајќи според нив, добил сила. Со истата вера и ние можеме да стекнеме духовно исцелување. Гревот не одвоил од животот во Бога. Нашите души се парализирани. Сами по себе, ние не сме во состојба да живееме свет живот, како што немоќниот човек не бил способен да оди. Многу луѓе увидуваат дека се беспомошни и копнеат по оној духовен живот, кој ќе ги доведе во склад со Бога; тие попусто се обидуваат да го постигнат тоа. Во очај, тие викаат: ’Беден човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова смртно тело?’ (Римјаните 7:24) Нека тие луѓе, кои очајуваат и кои се борат, го подигнат својот поглед. Спасителот се наведнува над оние, кои ги откупил со Својата крв и со неискажана нежност и сочувство вели: ’Сакаш ли да оздравиш?’ Тој те повикува да станеш во здравје и мир.“

Извор: Копнежот на вековите, стр. 203.

б. Што му е ветено на грешникот преку Христа?

2 Летописи 7:14; Осија 14:4.

„Вие не можете да се покаете за гревовите од минатото, не можете да го промените своето срце, не можете себеси да се направите свети. Но Бог ветува дека сето тоа ќе го стори за вас преку Христа. Вие морате да верувате во тоа ветување. Морате да ги признаете своите гревови и да му се предадете на Бога. Мора да сакате да Му служите. И штом го направите тоа, Бог ќе го исполни зборот што ви го дал. Ако верувате во ветувањето – верувате дека гревовите ви се простени и дека сте чисти – Бог така прави; вие сте излечени, исто како што Исус му дал сила на парализираниот да оди кога тој поверувал дека е излечен. Така е штом верувате во тоа. Не чекајте да почувствувате дека сте излечени, туку речете: ’Верувам, тоа е така, не затоа што јас тоа го чувствувам, туку затоа што Бог така ветил’“

Извор: Патот кон Христа, стр. 50,51.

Сподели го ова:

Поврзани статии