1. ПРОСТУВАЊЕ И МИР
Недела, 2 август 2026
а. Кое е Божјото прекрасно ветување за простување и мир?
„Ќе разберете дека вашиот живот бил полн со себичност и грев. Ќе копнеете за простување, за очистување, за ослободување. Складност со Бога, сличност со Него – што би можеле да направите за да го постигнете тоа? Вам ви е потребен мир – небесно простување и мир и љубов во срцето. Тоа не може да се купи со пари, да се постигне со разум, до тоа не се доаѓа со мудрост; не можете да се надевате дека кога и да е, тоа ќе го обезбедите со своите сопствени напори. Но Бог тоа ви го нуди како подарок, ’без пари и без плаќање’ (Исаија 55:1). Сето тоа е ваше ако само ја подадете раката да го земете.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 49.
б. Кое е другото важно ветување за преобразување на целото битие во нов човек, кој ќе биде во согласност со Бога?
„Вие сте ги признале своите гревови и во срцето сте решиле да ги отфрлите. Сте донеле одлука да му се предадете на Бога. Појдете сега кај Него, молете Го да ги измие вашите гревови и да ви даде ново срце. Потоа верувајте тогаш дека Тој тоа го прави затоа што така ветил. Тоа е лекцијата што Исус ја поучувал додека бил на Земјата; ние мораме да веруваме дека навистина го примаме дарот што Бог ни го ветил и тогаш тој е наш.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 49, 50.
