5. НЕ БИДЕТЕ СО ТВРДО СРЦЕ
Четврток, 16 јули 2026
а. Каква опасност постои во игнорирањето на осведочувањето или во одложувањето на одговорот?
2 Коринтјаните 6:2; Евреите 3:7,8; Лука 12:20,21.
„Мнозина ја умируваат разбудената совест со мислата дека можат да се вратат од својот лош пат секогаш кога ќе посакаат; дека можат да си играат со повиците на милоста, а сепак да останат трајно чувствителни кон нивното влијание. Иако му пркоселе на Духот на благодатта, иако своето влијание го ставиле во служба на сатаната, тие мислат дека сепак ќе можат да ја променат насоката на животот во мигот кога ќе настапи страшната криза. Но тоа не е така лесно да се стори. Искуствата и воспитувањето во текот на целиот живот толку темелно го формирале карактерот, што тогаш само ретки посакуваат да бидат слични на Исуса.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 33.
б. Што треба да направиме кога ќе сфатиме дека нашето срце и живот не се во склад со Бога?
„Проучувајте го Божјото слово со молитва. Тоа слово, во Божјиот закон и во Христовиот живот, ви ги изнесува големите начела на светоста… Кога ќе ја видиме должината на веригата што ни е подадена, кога донекаде ќе ја сфатиме големината на жртвата што Христос ја сторил заради нас, тогаш нежноста и понизноста ќе го омекнат и нашето срце.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 35.
„Ние сме биле големи грешници, но Христос умрел за да може да ни биде простено. Било доволно да му ги изнесе на својот Отец заслугите на својата жртва во наша корист. Оние на кои најмногу им простил, ќе го љубат најмногу и ќе стојат најблизу до Неговиот престол да го слават заради Неговата голема љубов и неизмерна жртва. Токму тогаш, кога најпотполно ќе ја сфатиме Божјата љубов, најдобро ја увидуваме и злобата на гревот. Кога ќе ја видиме должината на веригата што ни е подадена, кога донекаде ќе ја сфатиме големината на жртвата што Христос ја сторил заради нас, тогаш нежноста и понизноста ќе го омекнат и нашето срце.“
Извор: Патот кон Христа, стр. 35.
