28 декември — Христовото царство на љубовта

Мараната — Господ доаѓа
Христовото царство на љубовта
28 декември
„А царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите великодостојници ќе Му служат и ќе Му се покоруваат Нему.“ (Даниел 7:27) {МАР 370.1}
„Владеењето на Христовото царство не личи на земните владеења. Тоа ги претставува карактерите на оние што го сочинуваат царството. … Во Неговиот двор владее света љубов, а службите и должностите се украсени со милосрдно постапување. Христос им определува на Своите слуги да бидат сочувствителни и во сите свои работи да внесуваат љубов и добрина, Неговите особини. … {МАР 370.2}
Само Христовата сила може да ги промени срцето и умот, а тоа мора да го доживеат сите што сакаат со Него да го делат новиот живот во Божјото царство. … За да можеме правилно да Му служиме, мораме да се родиме од божествениот Дух. Тоа ќе го очисти срцето и ќе го обнови умот, и ќе ни даде нова способност да Го познаваме и да Го љубиме Бога. Ќе ни даде доброволна послушност кон сите Негови заповеди. Тоа е вистинско богослужение.“ (In Heavenly Places, стр. 372) {МАР 370.3}
„’Погледни го Сион, градот на вашите празнични собранија; очите твои ќе го видат Ерусалим, мирно живеалиште и непоколеблива скинија; столбовите нејзини никогаш нема да се помрднат, и ниедно од јажињата нема да се скине. Таму кај нас Великиот Господ ќе биде место реки, место широки канали … Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар: Тој ќе нѐ спаси … И ниеден од жителите нема да каже: ‘Болен сум’; а на народот што живее таму, ќе му бидат простени гревовите‘ (Исаија 33,20–24). {МАР 370.4}
’А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што Јас го создавам: зашто, ете, Јас ќе го создадам Ерусалим за веселба, а народот негов – за радост. Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам за Мојот народ; и нема повеќе да се чуе во него глас од плачење и глас од пискот … Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои … тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора, вели Господ‘ (Исаија 65,18–25).“ (In Heavenly Places, стр. 372) {МАР 370.5}
