2 декември — Историските личности на судот

Мараната — Господ доаѓа

Историските личности на судот

2 декември

„Се колнам во Себе Самиот: од устата Моја излегува правда, збор неизменлив, дека пред Мене ќе се преклони секое колено, во Мене ќе се колне секој јазик. Само во Господ, ќе велат за Мене, има правда и сила; при Него ќе дојдат и посрамени сите, што непријателствувале против Него.“ (Исаија 45:23,24) {МАР 344.1}

„Среде откупената толпа се наоѓаат и Христовите апостоли: храбриот Павле, ревниот Петар, саканиот и возљубен Јован и нивните верни и искрени браќа, и со нив големиот број маченици; додека надвор од ѕидовите, заедно со сите злобни и одвратни, се наоѓаат оние кои ги прогонувале, затворале и убивале. Тука е Нерон, чудовиште на суровоста и злосторството, кој сега ја гледа радоста и возвишеноста на оние кои некогаш ги мачел и во нивните најтешки маки наоѓал сатанско задоволство. Тука е и неговата мајка да ги види последиците на своето дело; да го види лошиот печат што го пренела врз карактерот на својот син, да види како страстите што ги поттикнувала и ги развивала во него со своето влијание и пример, донеле плод во злосторствата од кои целиот свет се грозел.“ (Големата борба, стр. 667,668) {МАР 344.2}

„Таму … е гордиот, славољубив Наполеон, од чие приближување трепереле царства.“ (Рани списи, стр. 293) {МАР 344.3}

„Тука се папските свештеници и прелатите кои тврделе дека се Христови пратеници, но сепак употребувале направи за мачење, затвори и клади за да владеат со совеста на Неговиот народ. Тука се горделивите папи кои се издигале над Бога, осмелувајќи се да го менуваат Законот на Севишниот. Овие таканаречени црковни отци мора да дадат отчет пред Бога, кој толку би сакале да го избегнат. Премногу доцна увидуваат дека Сезнајниот ревнува за Својот закон и никого нема да го ослободи од вината. Сега согледуваат дека Христос Своите интереси ги изедначува со интересите на Својот изнамачен народ; и тие ја чувствуваат силата на Неговите зборови: ’доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле‘ (Матеј 25:40). {МАР 344.4}

Сиот грешен свет стои пред Божјиот суд обвинет за велепредавство против небесното владеење. Тие немаат никого кој би се залагал за нив; тие се без оправдување и над нив се изрекува пресуда за вечна смрт.“ (Големата борба, стр. 668) {МАР 344.5}