29 ноември — Христос е Судијата

Мараната — Господ доаѓа

Христос е Судијата

29 ноември

„Отецот не суди никого, туку целиот суд Му го предаде на Синот;“ (Јован 5:22) {МАР 341.1}

„Во Своето учење Христос настојувал да остави длабок впечаток врз луѓето, зборувајќи за сигурноста на претстојниот суд и за неговиот јавен карактер. Тоа не е суд за неколку поединци, па дури ни за еден народ, туку суд за целиот свет, за сите разумни суштества. Тој треба да се одржи во присуство на другите светови, за човечката љубов, чесност и служба на Бога да ја добијат најголемата награда. Славата и честа нема да изостанат. … Божјиот закон ќе биде откриен во сето свое величество, а оние кои упорно и дрско се бунтувале против неговите свети одредби ќе сфатат дека Законот што го отфрлале, презирале и газеле е Божјото мерило за карактерот. … {МАР 341.2}

Кон оваа точка во вселената небесата покажуваат најголем интерес, зашто Исус платил бесконечна цена за душите на нејзините жители. … Бог Му го доверил целиот суд на Синот, зашто несомнено Тој е ’Бог, Кој се јави во тело‘. {МАР 341.3} {МАР 341.4}

Бог определил Кнезот на страдањата, во човечки облик, да му суди на целиот свет. Оној што дошол од небесните дворови за да го спаси човекот од вечната смрт, … Оној што се согласил да биде изведен пред земен суд и што претрпел срамна смрт на крст — Тој самиот треба да ја изрече пресудата за казна или награда. Оној што ги поднел страдањето и понижувањето на крстот треба во Божјиот совет да ја добие заслужената награда и да се искачи на престолот, зашто целата вселена Го признава како Цар на светиите. Тој го презел делото на спасението и покажал пред непаднатите светови и пред небесното семејство дека може да го доврши делото што го започнал. … Во денот на конечната казна и награда, и светиите и грешниците ќе Го препознаат во Распнатиот Судијата на сите живи. … {МАР 341.5}

Свечен ќе биде денот на конечната одлука. … Времето на милоста ни дава можност и предност да ги утврдиме својот повик и избор. Колку треба да го цениме драгоценото време и да го умножуваме секој талант што Бог ни го дал, за да бидеме верни управители на самите себе!“ (Review and Herald, 22. ноември 1898.) {МАР 341.6}