5 ноември — Благодарноста на откупените

Мараната — Господ доаѓа
Благодарноста на откупените
5 ноември
„А Царот ќе им одговори и ќе рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.‘“ (Матеј 25:40) {МАР 317.1}
„Секое наше дело со кое му помагаме на Божјиот народ ќе биде наградено како да Му е направено Нему.“ (Мојот живот денес, стр. 364) {МАР 317.2}
„Какво задоволство ќе има секој жетвар кога ќе се слушне ѕвонливиот, мелодичен Исусов глас кој вели: ’Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот‘. ’сподели ја радоста со својот господар!‘ {МАР 317.3}
Откупителот го величаат зашто не умрел напразно. Со весели, радосни срца, оние што биле Божји соработници го гледаат плодот на својата душевна мака за грешниците кои пропаѓале и умирале, и сега се задоволни. Заборавени се грижите низ кои поминале, замрсените околности со кои морале да се соочат, тагата во срцето поради оние што одбиле да го примат она што било за нивниот мир. Веќе не се сеќаваат на самоодрекувањето со кое работеле во делото. Кога ќе ги погледнат душите кои настојувале да ги придобијат за Исуса и ќе видат дека се спасени, спасени за вечноста — споменици на Божјата благодат и на љубовта на Откупителот — тогаш низ небесните сводови ќе одекнат извици на пофалба и благодарност.“ (Review and Herald, 10. октомври 1907.) {МАР 317.4}
„Пред нас е Небото, а меѓу неговите жители нема да има судири. … {МАР 317.5}
Ќе го поздравиме светото семејство на откупените и ќе ги слушнеме Христовите зборови: ’Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот‘. Ќе ги допреме своите златни харфи и Небото ќе одѕвонува со прекрасна мелодија. Ќе ги положиме своите блескави круни пред Неговите нозе и ќе Му оддадеме слава на Оној што победил заради нас. {МАР 317.6}
Можеби има нешта што тука не ги разбираме. Можеби некои нешта од Библијата ни изгледаат недостижни зашто се надвор од нашето ограничено разбирање. Но додека нашиот Спасител нè води покрај живата вода, ќе му го разјасни на нашиот ум она што не ни било сосема јасно.“ (Review and Herald, 8. август 1907.) {МАР 317.7}
