28 октомври — За верните се подготвуваат круни

Мараната — Господ доаѓа
За верните се подготвуваат круни
28 октомври
„Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив. Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување.“ (2 Тимотеј 4:7,8) {МАР 309.1}
„Кога Господ ќе ги собере Своите скапоцености, со задоволство ќе гледа на верните, искрените и чесните. Ангелите се задолжени да направат круни за таквите и од тие круни украсени со ѕвезди ќе отсјајува величествената светлина која блеска од Божјиот престол.“ (5. Сведоштво, стр. 96) {МАР 309.2}
„Зборувајте за небесните работи. Зборувајте за Исус, за Неговата убавина и слава, за Неговата бесмртна љубов кон вас, и вашето срце нека се исполни со љубов и благодарност кон Оној што умре за да ве спаси. О, бидете подготвени да се сретнете со својот Господ во мир. Оние што се подготвени наскоро ќе ја примат круната на животот, која не го губи својот сјај, и засекогаш ќе живеат во Божјото царство со Христос, со ангелите и со оние што се откупени со скапоцената Христова крв.“ (Sons and Daughters of God, стр. 362) {МАР 309.3}
„Круната на славата … е подготвена за нас, кои го очекуваме, се радуваме и копнееме по доаѓањето на Спасителот. {МАР 309.4}
Оние што чекаат треба да бидат крунисани со слава, чест и бесмртност. Не треба да зборувате … за почестите на светот или за славата на великаните. Сето тоа е само суета. Кога наскоро ќе ги допре Божјиот прст, повторно ќе се вратат во прав. Посакувам чест што е трајна, чест што е бесмртна, чест што никогаш нема да пропадне; круна што е побогата од која било друга што некогаш го украсувала челото на некој владетел.“ (Review and Herald, 17. август 1869.) {МАР 309.5}
„Во тој ден откупените ќе светат во славата на Отецот и на Неговиот Син. Небесните ангели, свирејќи на своите златни харфи, ќе Му посакаат добредојде на Царот и на трофеите на Неговата победа — оние што се измиле и обелиле во крвта на Јагнето. Ќе одекнува победничка песна, исполнувајќи го небото. Христос победил. Тој влегува во небесните дворови придружуван од Своите откупени, сведоци дека Неговата мисија на страдање и жртвување не била напразна.“ (Sons and Daughters of God, стр. 362) {МАР 309.6}
