25 октомври — Опустошената земја

Мараната — Господ доаѓа

Опустошената земја

25 октомври

„Ја гледам земјата – и ете, таа е разорена и пуста, – небесата, и нема на нив светлина. Ги гледам горите – и ете, тие треперат, и сите ридови се нишаат. Гледам – и ете, нема човек и сите небески птици одлетале.“ (Еремија 4:23,24,25) {МАР 306.1}

„При Христовото доаѓање грешниците ќе бидат избришани од лицето на целата земја – убиени со духот на Неговата уста и уништени со светлината на Неговата слава. Христос Својот народ ќе го поведе во Божјиот град и земјата ќе остане без своите жители. ’Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; ја изобличува и ги распрснува оние што живеат на неа‘. ’Земјата ќе опустоши до крај и целата ќе биде ограбена, зашто Господ го изрече тоа слово‘. ’И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет. Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се намалени жителите земни, малку луѓе останаа‘ (Исаија 24:1,3,5,6). {МАР 306.2}

Цела земја се претвора во ненаселена пустина. На површината на земјата лежат расфрлени урнатини од градовите и селата разурнати од земјотреси, искорнати дрвја, карпи исфрлени од морето или одронети од планините, додека огромни бездни ги обележуваат местата каде што стоеле планините. {МАР 306.3}

И сега се одвива настанот кој симболично бил претставен со последната свечена служба на Денот на помирувањето. Откако била завршена службата во светињата над светињите, а гревовите на Израел отстранети од неа со крвта на жртвата за грев, тогаш бил доведен јарецот жив пред Господа, и во присуство на народот, првосвештеникот ги исповедал над него ’сите беззаконија на синовите израилски, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови‘ (Левит 16:21), и ги пренел врз главата на јарецот. Исто така, кога ќе заврши делото на помирување во небесното Светилиште, во присуство на Бога, на светите ангели и на мноштвото откупени, гревовите на Божјиот народ ќе бидат пренесени врз сатаната. Тој ќе биде прогласен за виновен за сите зла кои ги навел да ги извршат.“ (Големата борба, стр. 657) {МАР 306.4}