1 октомври — Посебното воскресение на неправедните

Мараната — Господ доаѓа

Посебното воскресение на неправедните

1 октомври

„Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!“ (Откровение 1:7) {МАР 282.1}

„’И оние што Го прободоа‘ (Откровение 1:7), како и оние што му се потсмевале на Христа во Неговите претсмртни маки, и најогорчените противници на Неговата вистина и на Неговиот народ, стануваат да Го видат во Неговата слава и да ги посматраат почестите што ќе им се дадат на верните и послушните.“ (Големата борба, стр. 637) {МАР 282.2}

„[На судењето на Исус] Кајафа ја подигнал својата десна рака кон небото и се обратил на Исуса со зборови на свечена заклетва: ’Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?‘ … {МАР 282.3}

Секое уво било напрегнато да слушне и сите погледи биле вперени во Неговото лице, кога одговорил: ’Ти рече!‘. Изгледало дека небесна светлина го осветлувала Неговото бледо лице, кога додал: ’Ви велам отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци‘. {МАР 282.4}

За миг низ Неговата човечка природа блеснало Христовото божество. Првосвештеникот се тресел пред проникливиот поглед на Спасителот…. За миг видел страшна сцена: гробовите ги враќаат своите мртви со тајните за кои мислеле дека засекогаш ќе останат скриени. {МАР 282.5}

Сцената исчезнала пред очите на свештеникот. … Кинејќи ја својата облека … барал … затвореникот да биде осуден за богохулење. ’Каква потреба имаме повеќе од сведоци?‘, рекол. ’Ете, сега го чувте Неговото хулење! Како ви се чини?‘ И сите Го осудиле.“ (Копнежот на вековите, стр. 706—708) {МАР 282.6}

„Така еврејските старешини го направиле својот избор. Нивната одлука е забележана во книгата што ја видел Јован во раката на Оној кој седи на престолот, во книгата што не може да ја отвори ниту еден човек. Со сета своја обвинувачка сила оваа одлука ќе се појави пред нив оној ден кога книгата ќе ја отвори Лавот од племето на Јуда.“ (Христовите параболи, стр. 294) {МАР 282.7}

„Кога Христос ќе дојде по вторпат, нема да Го видат како затвореник опкружен со толпа. Ќе Го видат како небесен Цар. … Тогаш свештениците и владетелите јасно ќе се сетат на сцената во судницата. Секоја подробност ќе се појави пред нив како напишана со огнени букви.“ (Signs of the Times, 17. јануари 1900.) {МАР 282.8}