12 септември — Завршува времето на милоста

Мараната — Господ доаѓа
Завршува времето на милоста
12 септември
„Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.“ (Откровение 22:11) {МАР 263.1}
„Кога ќе заврши истражниот суд, ќе биде решена судбината на сите луѓе — за живот или за смрт. Времето на милоста завршува непосредно пред Господовото појавување на небесните облаци.“ (Review and Herald, 9. ноември 1905.) {МАР 263.2}
„Подбивачите укажувале на природните појави: на непроменливиот ред на годишните времиња, на синиот небесен свод од кој уште никогаш не паѓал дожд, на плодните полиња, кои биле натопувани со блага ноќна роса; и бидејќи со презир изјавиле дека проповедникот на правдата е само обичен занесеник, продолжиле уште посилно од кога и да е да уживаат во развратот и во злото. Сепак, нивното неверство не можело да го спречи претскажаното зло. Бог долго го трпел нивното безбоштво и им дал доста време да се покаат, но во одреденото време праведниот Божји суд ги стигнал оние што ја отфрлиле Неговата милост. {МАР 263.3}
Христос рекол дека луѓето ќе покажат исто неверство во врска со Неговото второ доаѓање. Како Ноевите современици што ’не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ‘, според Христовите зборови, ’така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки‘ (Матеј 24:39). Кога верниот народ ќе се соедини со светот и ќе почне да се изедначува со него и да ужива во неговите сетилни забави, кога световниот раскош ќе стане раскош на црквата, кога ќе ѕвонат сватовски ѕвона и кога сите ќе се надеваат на уште долги години напредок – тогаш одненадеж, како гром од ведро небо, ќе дојде крај на нивните илузии и лажни надежи.“ (Големата борба, стр. 338,339) {МАР 263.4}
„Настаните што се поврзани со крајот на времето на милоста и со делото на подготовката за времето на неволјата јасно ни се изнесени. Но постојат илјадници такви кои не ги сфаќаат овие важни вистини, како никогаш да не им биле откриени. Сатаната будно внимава за да спречи секакво влијание кое би можело да ги вразуми на спасение; и така времето на неволјата ќе ги најде неподготвени.“ (Големата борба, стр. 594) {МАР 263.5}
