3 септември — Приготви се да Го сретнеш својот Бог

Мараната — Господ доаѓа

Приготви се да Го сретнеш својот Бог

3 септември

„Затоа вака ќе постапам со тебе, Израеле; и бидејќи така ќе постапувам со тебе, приготви се да Го дочекаш твојот Бог, Израеле.“ (Амос 4:12) {МАР 254.1}

„Мнозина не разбираат какви мораат да бидат во времето на неволјите, за да живеат пред Бога, без првосвештеник во светилиштето. Кај оние што ќе го примат печатот на живиот Бог и кои во времето на неволјите ќе бидат заштитени, мора потполно да се огледа Исусовиот лик.“ (Рани списи, стр. 71) {МАР 254.2}

„Нивната облека ќе мора да биде беспрекорна, а нивниот карактер очистен од гревовите со Неговата крв. Со Божја милост и со трудољубиво настојување, мора да бидат победници во борбата со злото. Додека на небото се врши истражен суд и додека од Светилиштето се отстрануваат гревовите на покајаните верни, меѓу Божјиот народ на земјата мора да се изврши посебно дело на чистење и отстранување на гревот.“ (Големата борба, стр. 425) {МАР 254.3}

„Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека ’освежувањето‘ или ’позниот дожд‘ ќе ги оспособи да опстанат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство. О, колку ли само сум видела од нив во времето на неволјите без Божја заштита! Тие ја занемаруваат потребната подготовка, па затоа нема да можат да го примат ’освежувањето‘ кое сите мораат да го примат за да можат да живеат во присуството на Светиот Бог.“ (Рани списи, стр. 71) {МАР 254.4}

„Оние кои одбиваат да бидат ’кастрени‘ од страна на пророците, и не ја чистат својата душа покорувајќи се на целата вистина, и кои се наклонети да веруваат дека нивната состојба е далеку подобра отколку што навистина е, ќе се разбудат дури во времето на седумте зла и ќе увидат дека тоа ’кастрење‘ и обликување било неопходно за нив за да бидат подготвени за Божјата градба. … {МАР 254.5}

Видов дека во ’освежувањето‘ ќе учествуваат само оние коишто ќе победат и ќе го оттргнат секој вкоренет грев: гордост, себичност, љубов кон светот и секој лош збор и постапка. Заради тоа мораме сè повеќе да се приближуваме кон Господа и сесрдно да настојуваме да извршиме неопходна подготовка којашто ќе ни овозможи да опстанеме во борбата во денот Господов. Да имаме сите на ум дека Бог е свет и дека никој со исклучок на светите битија не може да престојува во Негово присуство.“ (Рани списи, стр. 71) {МАР 254.6}