29 август — Пораки од небесното Светилиште

Мараната — Господ доаѓа

Пораки од небесното Светилиште

29 август

„Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очистиме срцата од зла совест со попрскување и откако ќе го измиеме телото со чиста вода.“ (Евреите 10:22) {МАР 249.1}

„’А тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред Него.‘ (Даниел 7,13) … Христовото доаѓање што е опишано овде не е Неговото второ доаѓање на земјата. Тој доаѓа пред Старецот на небото да прими власт, слава и царство што ќе му бидат дадени на крајот на Неговата посредничка служба. Ова доаѓање, а не Неговото второ доаѓање на земјата, според пророштвото ќе се случи на крајот од 2300 години, односно во 1844. година. Во придружба на небесните ангели, нашиот голем Првосвештеник влегол во светињата над светињите и таму се појавува пред Бога … да го изврши делото на истражниот суд и да изврши помирување за сите што се најдени достојни за Неговата милост.“ (The Faith I Live By, стр. 209) {МАР 249.2}

„Нека ни даде Господ да ја видиме потребата од водата на животот од живиот извор. Нејзините чисти потоци ќе нè освежат и исцелат, а ќе ги освежат и оние што доаѓаат во допир со нас. О, кога нашите срца би Му биле потчинети на Божјиот Дух! Кога нашиот поглед би бил насочен единствено кон Божјата слава, каква буица небесна светлина би се излеала врз душата! Оној што зборувал како ниеден човек бил Учител на земјата. По Своето воскресение им бил Учител на осамените, разочарани ученици што оделе за Емаус, и на собраните во горната соба. Им укажал на Светото писмо што зборувало за Него и им ги исполнил срцата со света и нова надеж и радост. {МАР 249.3}

Од светињата над светињите доаѓаат пораки. Божјите ангели комуницираат со луѓето. Христос ја извршува службата во Светилиштето. Ние не Го следиме таму како што треба. Христос и ангелите дејствуваат во срцата на луѓето. Црквата на небото, соединета со онаа на земјата, ја води добрата борба на земјата. Мора да дојде до чистење на душите овде на земјата, во согласност со Христовото чистење на Светилиштето на небото.“ (Letter 37, 1887) {МАР 249.4}

„Божјиот народ сега треба да го насочи својот поглед кон небесното Светилиште, каде што … нашиот Првосвештеник … посредува за Својот народ.“ (The Faith I Live By, стр. 209) {МАР 249.5}