30 август — Судот над живите

Мараната — Господ доаѓа
Судот над живите
30 август
„Спомни си за она што си го примил и чул, и послушај го, и покај се. Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе.“ (Откровение 3:3) {МАР 250.1}
„Во времето одредено за суд – на крајот од пророчките 2300 дни во 1844 година – почна истражното дело и бришењето на гревовите. Сите што кога и да е го признале Христовото име, ќе бидат предмет на истрагата. На живите и мртвите ќе им биде судено ’според запишаното во книгите, според делата нивни‘ (Откровение 20:12). {МАР 250.2}
Судијата вели: ’Сите ќе бидат оправдани преку својата вера и судени според своите дела‘. {МАР 250.3}
Гревовите за кои не сме се покајале и кои не сме ги напуштиле, нема да бидат простени и избришани од книгата, туку на денот на Божјиот суд ќе сведочат против грешникот. … {МАР 250.4}
Сите што сакаат да ги победат лошите склоности што настојуваат да завладеат со нив, ги чека уште потешка борба. Подготовката е лична работа. Ние нема да бидеме спасени групно. Побожноста и чистотата на едни не можат да ги надоместат овие доблести кај други. Иако сите народи мораат да дојдат на суд пред Бога, Тој сепак, случајот на секој поединец ќе го испита со таква точност како да не постои ниту едно друго суштество на земјата. Секој ќе биде испитан и ќе мора да биде пронајден без мана и недостаток. {МАР 250.5}
Сега заседава судот во небесното Светилиште. Ова дело е во тек веќе многу години. Наскоро – никој не знае кога – ќе се премине на случаите на живите. Нашиот живот ќе се испитува во свето присуство на Бога. Во ова време, повеќе од кога и да е, секоја душа треба да ја прифати опомената на Спасителот: ’Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот‘ (Марко 13:33). ’Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе‘ (Откровение 3:3).“ (The Faith I Live By, стр. 211) {МАР 250.6}
