5 август — Високата духовна состојба е достижна

Мараната — Господ доаѓа

Високата духовна состојба е достижна

5 август

„А на Оној, Кој може да ве запази да останете безгрешни и без порок, и да ве постави пред славата Своја во радост –“ (Јуда 1:24) {МАР 225.1}

„Христос бил послушен кон сите барања на законот. … Со својата совршена послушност Христос на секое човечко суштество му овозможил да ги слуша Божјите заповеди. Кога ќе му се покориме на Христа, срцето се соединува со неговото срце, волјата се слева со неговата волја, умот станува едно со неговиот ум, мислите му се покоруваат нему; ние живееме негов живот. Тоа значи дека сме облечени во облеката на неговата праведност. И тогаш, кога Господ нѐ гледа нас, не гледа престилка од смоквини лисја, не ја гледа голотијата или изопаченоста на гревот, туку облеката на неговата праведност со која е означена совршената послушност кон Господовиот закон.“ (The Faith I Live By, стр. 113) {МАР 225.2} {МАР 225.3}

„Преку планот на откупувањето Бог обезбедил средства за совладување на секоја грешна особина и за победа над секое искушение, колку и да е силно.“ (Selected Messages, книга 1, стр. 82) {МАР 225.4}

„Ни најсилното искушение не е изговор за грев. Колку и да е голем притисокот врз нашата душа, престапот е наше сопствено дело. Ниту земјата ниту пеколот немаат власт да присилат некого да згреши. Волјата мора да се потчини и срцето мора да дозволи; инаку страста не може да го совлада разумот, ниту расипаноста да ја победи праведноста.“ (Signs of the Times, 15. април 1913.) {МАР 225.5}

„Ако застанете под знамето на Кнезот Емануел, облеано со крв, верно извршувајќи ја Неговата служба, никогаш нема да мора да му се предадете на искушението, зашто на ваша страна стои Оној што може да ве запази од паѓање.“ (Our High Calling, стр. 19) {МАР 225.6}

„Не мораме да задржиме ниту една склоност кон гревот. (Ефесјаните 2,1-6) … {МАР 225.7}

Како учесници во божествената природа, ќе ги отфрлиме сите наследени и стекнати склоности кон злото и ќе станеме жива сила за добро. Учејќи постојано од божествениот Учител, учествувајќи секојдневно во Неговата природа, соработуваме со Бога во совладувањето на искушенијата што сатаната постојано ни ги подметнува. Бог работи и човекот работи, и така човекот станува едно со Христа, како што Христос е едно со Отецот. Така седиме заедно со Христа на небесата. Умот почива во мир и сигурност во Исуса.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 943) {МАР 225.8}