27 јули — Пропаста на народот го следи неговото отпадништво

Мараната — Господ доаѓа

Пропаста на народот го следи неговото отпадништво

27 јули

„И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет.“ (Исаија 24:5) {МАР 216.1}

„Народот на Соединетите Држави е привилегиран народ, но кога ќе ја ограничи верската слобода, ќе се откаже од протестантизмот и ќе му даде поддршка на папството, мерката на неговата вина ќе се наполни, а ’отпадништвото на народот‘ ќе биде запишано во небесните книги. Последица на ова отпадништво ќе биде пропаста на нацијата.“ (Review and Herald, 2 мај 1893) {МАР 216.2}

„Со овој декрет со кој насилно ќе се наметне тој закон на папството и ќе се прекрши Божјиот закон, нашата нација целосно ќе се одрече од праведноста. Кога протестантизмот ќе ја испружи раката преку бездната за да се поврзе со римската сила, и кога таа ќе посегне преку бездната за да се поврзе со спиритизмот, и кога под влијание на овој троен сојуз нашата земја ќе го отфрли секое начело на нејзиниот устав, и кога ќе почне со подготовките да ги шири папските лаги и измами – тогаш знаеме дека е дојдено времето за сатанското дело на чуда и дека се приближува крајот.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 451) {МАР 216.3}

„Со помош на спиритизмот сатаната се појавува како добротвор на човечкиот род; тој ги лекува болестите на луѓето и се претставува како оној што донесува нова и повозвишена религија, а во исто време работи како рушител. … Додека сатаната им се претставува на човечките синови како голем лекар кој може да ги исцели сите нивни болести, во исто време тој ќе ги обремени со болести и несреќи и цели градови ќе претвори во урнатини и пустош. … И тогаш големиот измамник ќе се обиде да ги убеди луѓето дека причина за овие несреќи се оние што му служат на Бога.“ (Големата борба, стр. 589, 590) {МАР 216.4} {МАР 216.5} {МАР 216.6}

„Колку повеќе луѓето се оддалечуваат од Бога, толку поголема власт му е дозволена на сатаната над непослушните деца. Тој предизвикува уништување меѓу луѓето. Несреќи се случуваат и на копното и на морето. Пожари и поплави уништуваат имот и животи. Сатаната решава за ова да ги обвини оние што одбиваат да му се поклонат на идолот што го поставил. Неговите поданици посочуваат на адвентистите на седмиот ден како на причина за нивните неволји. ’Овие луѓе не го почитуваат законот‘, велат тие. ’Тие ја обесветуваат неделата. Кога би биле принудени да го почитуваат законот за неделата, би престанале овие страшни судови.‘“ (Review and Herald, 16 јули 1901) {МАР 216.7}