28 јули — Светот против Божјиот народ

Мараната — Господ доаѓа
Светот против Божјиот народ
28 јули
„И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос.“ (Откровение 12:17) {МАР 217.1}
„Луѓето го сметаа нашиот народ за премногу безначаен за да му посветуваат некакво внимание, но ова ќе се промени. Во христијанскиот свет сега се појавуваат движења кои неодминливо ќе предизвикаат да се истакне народот кој го држи Божјиот закон.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 546) {МАР 217.2}
„Целиот свет ќе стане непријателски расположен кон адвентистите на седмиот ден затоа што нема да сакаат да му оддадат почит на папството со празнување на неделата, таа установа на силата на антихристот. Намерата на сатаната е да ги избрише од лицето на земјата за да не може да биде оспорена неговата надмоќ над светот.“ (Testimonies to Ministers and Gospel Workers, стр. 37) {МАР 217.3}
„Секоја точка на вистината што ја застапува нашиот народ ќе може да се одбрани од критиката на најсилните умови. Најголемите луѓе на светот ќе дојдат во допир со вистината и затоа секое свое стојалиште да го испитаме критички и да го провериме врз основа на Светото писмо. Засега изгледа дека никој не нè забележува, но нема секогаш да биде така. Определени случувања ќе нè изнесат во преден план, и ако историчарите и големите луѓе на светот можат да ја урнат нашата вистина, ќе го направат тоа. {МАР 217.4}
Мораме, секој за себе, да знаеме што е вистина и да бидеме подготвени да ја дадеме причината за својата надеж, кротко, понизно, во Христовиот дух, а не со горделива, надуена самоувереност. Се приближуваме кон времето кога секој ќе стои сам и ќе ја дава причината за својата вера.“ (Evangelism, стр. 69) {МАР 217.5}
„Ќе бидеме напаѓани во секоја точка, искушувани до крајните граници. Не сакаме да се држиме за нашата вера само затоа што сме ја примиле од нашите татковци. Таквата вера нема да го издржи страшниот испит што е пред нас. Сакаме да знаеме зошто сме адвентисти на седмиот ден и која е вистинската причина што сме се одделиле од светот како поинаков народ. … {МАР 217.6}
Силите на темнината ќе го отворат својот оган врз нас, и сите што се рамнодушни и безгрижни, што својата љубов ја насочуваат кон земното богатство и не сакаат да го разберат Божјото дејствување, ќе бидат нивни жртви. Не моќта, туку познавањето на вистината каква што е во Исуса ќе нè направи цврсти; и со таа вистина еден ќе може да изгони илјада, а двајца да натераат десет илјади да отстапат.“ (Review and Herald, 29 април 1884) {МАР 217.7}
