23 јули — Запечатувањето и позниот дожд

Мараната — Господ доаѓа

Запечатувањето и позниот дожд

23 јули

„Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: ’Ги познава Господ оние кои се Негови‘ и ’Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!‘“ (2 Тимотеј 2:19) {МАР 212.1}

„Пред да заврши делото и да се доврши запечатувањето на Божјиот народ, Божјиот Дух ќе се излее врз нас. Меѓу нас ќе има небесни ангели.“ (Selected Messages, книга 1, стр. 111) {МАР 212.2}

„Нашиот небесен Татко не поставува пред нас барања што не можеме да ги извршиме. Тој сака Неговиот народ сериозно да работи за да ја оствари Неговата намера. Треба да молат за сила, да ја очекуваат и да ја примат, за да можат да растат како мажи и жени до полната висина на растот на Исус Христос. {МАР 212.3}

Не сите членови на црквата негуваат лична побожност. Затоа не разбираат која е нивната одговорност. Не сфаќаат дека нивна предност и должност е да го достигнат високото мерило на христијанското совршенство. … Дали му се радуваме на позниот дожд, очекувајќи со доверба подобри денови, кога црквата ќе биде дарувана со сила одозгора и подготвена за работа? Позниот дожд никогаш нема да ги освежи ниту да ги закрепне рамнодушните што не ја користат силата што Бог им ја дал. {МАР 212.4}

Навистина ни е потребна чиста, животворна атмосфера што го негува и закрепнува духовниот живот. Ни е потребна поголема ревност. Возвишената порака што ни е дадена треба да му ја објавиме на светот со поголем жар, дури со сила што ќе влијае врз неверниците да видат дека Највозвишениот работи со нас, дека Тој е изворот на нашето дејствување и сила. … {МАР 212.5}

Дали ги користите сите свои сили во напорот да ги вратите загубените овци во трлото? Има илјадници и илјадници што се во незнаење и што треба да бидат предупредени. Молете се како никогаш порано за силата што ја дава Христос. Молете се Неговиот Дух да ве вдахнови и да ве исполни со желба да ги спасите оние што гинат. Нека се издигнува кон небото молитвата: ’Боже, биди милостив кон нас и благослови нѐ; осветли нѐ со лицето Свое, за да се спознае на Земјата патот Твој, и меѓу сите народи спасението од Тебе‘ (Псалм 67:1,2).“ (In Heavenly Places, стр. 338) {МАР 212.6}