20 јули — Божјиот народ на испит

Мараната — Господ доаѓа

Божјиот народ на испит

20 јули

„Мнозина ќе Ми речат во оној ден ‚Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме?‘ И тогаш Јас ќе им кажам: ‚Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!‘“ (Матеј 7:22,23) {МАР 209.1}

„Нема потреба да бидеме измамени. Наскоро ќе се одиграат чудесни сцени со кои сатаната ќе биде тесно поврзан. Божјото слово објавува дека сатаната ќе прави чуда. Ќе предизвикува луѓето да се разболат, а потоа одеднаш ќе ја отстрани од нив својата ѓаволска сила. Тогаш ќе бидат прогласени за здрави. Овие наводни исцелувања ќе ги стават адвентистите на седмиот ден на испит. Мнозина што имале голема светлина нема да успеат да одат во неа, зашто не станале едно со Христос.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 53) {МАР 209.2}

„Го видов нашиот народ во голема тегоба, плачејќи и молејќи се врз основа на сигурните Божји ветувања, додека безбожниците беа насекаде околу нас, исмевајќи нè и заканувајќи се дека ќе нè уништат. Ја исмеваа нашата немоќ, тоа што сме малубројни; ни се подбиваа со смислени зборови што длабоко навредуваа. Нè обвинуваа што сме зазеле независна положба во однос на целиот останат свет. Ни го запреа снабдувањето, така што не можевме ни да купуваме ни да продаваме, и посочуваа на нашата сиромаштија и бедни услови. Не гледаа како би можеле да живееме без светот; зависни сме од светот, па мораме да им се покориме на обичаите, практиките и световните закони или да излеземе од него. Ако сме биле единствениот народ во светот на кој Господ му укажува наклоност, надворешните околности силно зборувале против нас. Тие изјавуваат дека ја имаат вистината, прават чуда, ангели од небото разговараат и одат со нив, дека поседуваат голема сила, а знаци и чуда се случуваат во нивната средина. Тоа бил земниот милениум што толку долго го очекувале. Целиот свет се преобратил и се усогласил со законот за неделата. А овој мал и слаб народ им се спротивставувал на законите на земјата и на Божјите закони, тврдејќи дека единствено тој на земјата е во право.“ (Letter 6, 1884) {МАР 209.3}

„Божјиот народ нема да најде сигурност во правење чуда, зашто сатаната ќе имитира кое било чудо што ќе биде направено. … Тој треба да заземе цврст став заснован врз живото Слово — ’Пишано е‘.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 55) {МАР 209.4}