17 јули — Сатаната го имитира Христос — втор дел

Мараната — Господ доаѓа
Сатаната го имитира Христос — втор дел
17 јули
„И не е за чудење! Па и самиот сатана се преправа во ангел на светлината;“ (2 Коринтјаните 11:14) {МАР 206.1}
„Сатаната ги подготвува своите измами така што во неговиот последен поход против Божјиот народ тој да не може да препознае дека всушност се работи за него. ’И не е за чудење! Па и самиот сатана се преправа во ангел на светлината‘ … Сатаната ќе ја употреби сета своја моќ за да го мачи, искушува и заведува Божјиот народ. Оној што се осмелил да го искушува и исмејува нашиот Господ, оној што имал сила да Го земе во своите раце и да Го одведе на врвот на храмот, на многу висока планина, ќе ја покаже својата моќ во најголема мера врз сегашното поколение, кое е далеку послабо од Господ во поглед на мудроста и кое речиси ништо не знае за неговата лукавост и сила. На зачудувачки начин ќе влијае врз телата на оние што по природа се склони да ги извршуваат неговите заповеди.“ (Messages to Young People, стр. 51, 52) {МАР 206.2} {МАР 206.3} {МАР 206.4}
„Тој ќе се претставува како Исус Христос, правејќи силни чуда, така што луѓето ќе паѓаат пред него и ќе му се поклонуваат како на Христос. И од нас ќе се бара да му се поклониме на тоа суштество што светот ќе го слави како Христос. Што ќе правиме тогаш? Ќе кажеме дека Христос нè предупредил да се чуваме токму од таков противник, кој е најлошиот човечки непријател, иако за себе тврди дека е Бог. Кога Христос ќе дојде, тоа ќе биде со голема слава и сила, придружуван од илјадници илјади и десет илјади по десет илјади ангели. Кога ќе дојде, ќе го препознаеме Неговиот глас.“ (The SDA Bible Commentary, том 6, стр. 1105, 1106) {МАР 206.5} {МАР 206.6}
„Доаѓа време кога сатаната ќе прави чуда токму пред вашите очи, тврдејќи дека е Христос, и ако не сте цврсто втемелени врз Божјата вистина, ќе се поколебате и ќе го напуштите своето стојалиште.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 911) {МАР 206.7}
„Сатаната е решен да војува до крај. Појавувајќи се како ангел на светлината и тврдејќи дека е Христос, ќе го заведе светот. Но неговата победа ќе биде краткотрајна. Никакви бури на искушенија нема да ги поместат оние чии стапала се утврдени врз начелата на вечната вистина. Тие ќе се одржат во тоа време на речиси сеопшто отпадништво.“ (The SDA Bible Commentary, том 6, стр. 1106) {МАР 206.8}
