18 јули — Чудата на сатаната — прв дел

Мараната — Господ доаѓа

Чудата на сатаната — прв дел

18 јули

„Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните.“ (Матеј 24:24) {МАР 207.1}

„Непријателот се подготвува да го измами целиот свет со својата моќ да прави чуда. Ќе се осмели да имитира ангели на светлината и Исус Христос.“ (Selected Messages, книга 2, стр. 96) {МАР 207.2}

„Во границите на неговата моќ, тој ќе прави вистински чуда. Светото писмо вели: ’И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши‘ (Откровение 13:14), не само оние за кои тој се преправа дека ги прави. Со овие зборови Светото писмо укажува на нешто повисоко од проста измама. Меѓутоа, има граница после која сатаната не може да направи ништо. И тогаш тој се користи со измама и ги фалсификува делата за кои нема моќ да ги прави. Во последните денови тој ќе се појави на таков начин што луѓето ќе поверуваат дека е Христос кој по втор пат доаѓа на земјата. Тој ќе се претвори во ангел на светлината.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 698) {МАР 207.3}

„Ќе дојде имитирајќи го Исус Христос и правејќи силни чуда. Луѓето ќе се поклонуваат и ќе го обожаваат како да е Исус Христос. И нам ќе ни биде наредено да му се поклонуваме на ова суштество што светот ќе го велича како Христос.“ (Review and Herald, 18 декември 1888) {МАР 207.4}

„Токму пред нас е ’часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата‘ (Откровение 3:10). Сите оние чијашто вера не е цврсто втемелена на Божјото слово, ќе бидат измамени и совладани. Сатаната се труди ’со секакво неправедно измамување‘ целосно да загосподари со човечките синови. Но тој својата цел може да ја оствари само тогаш кога човекот доброволно се потчини на неговите искушенија. Оние кои сериозно сакаат да ја спознаат вистината и се стремат преку послушност да ја исчистат својата душа, правејќи сè што е во нивна моќ да се подготват за овој судир, ќе најдат сигурна заштита во Бога, кој е извор на вистината. ’Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам‘ (Откровение 3:10), гласи ветувањето на Спасителот. Тој побргу ќе ги испрати сите небесни ангели за да го заштитат Неговиот народ, отколку да му дозволи на сатаната да совлада една душа која се надева на Него.“ (Големата борба, стр. 560) {МАР 207.5}