16 јули — Сатаната го имитира Христос — прв дел

Мараната — Господ доаѓа

Сатаната го имитира Христос — прв дел

16 јули

„Тој рече: ’Внимавајте да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат под Мое име и ќе зборуваат дека сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив!‘“ (Лука 21:8) {МАР 205.1}

„Во ова време антихристот ќе се појави како вистинскиот Христос, а тогаш Божјиот закон целосно ќе биде прогласен за неважечки меѓу сите народи во светот. Бунтот против Божјиот свет закон целосно ќе созрее. Но вистинскиот водач на сите овие бунтови е сатаната, облечен како ангел на светлината. Луѓето ќе бидат измамени и ќе го издигнуваат како Бог и ќе му се поклонуваат. Меѓутоа, Семоќниот ќе се вмеша, а отпаднатите цркви што се обединуваат во издигањето на сатаната ќе ги стигне казна: ’Затоа во еден ден ќе ја сполетаат казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Кој ја суди‘.“ (Testimonies to Ministers and Gospel Workers, стр. 62) {МАР 205.2}

„Преправен во ангел на светлината, сатаната ќе оди по земјата како чудотворец. Со прекрасен јазик ќе изнесува возвишени чувства. Ќе изговара мили зборови и ќе прави добри дела. Ќе го имитира Христос, а разликата ќе се гледа само во една точка. Сатаната ќе ги одвраќа луѓето од Божјиот закон.“ (Fundamentals of Christian Education, стр. 471, 472) {МАР 205.3}

„Ќе изјави дека саботата е променета од седмиот на првиот ден од седмицата. Како господар на првиот ден од седмицата, ќе ја прикаже оваа лажна сабота како испит на верност кон него.“ (Manuscript 153, 1902) {МАР 205.4}

„Невозможно е да се замислат доживувањата на народот Божји кој ќе се затекне жив на земјата кога во исто време ќе се појави небесната слава (доцниот дожд) и ќе се повторат прогонствата од минатото. Тие ќе чекорат во светлина која ќе доаѓа од Божјиот престол. Со посредство на ангелите ќе се одржува нераскинлива врска помеѓу небото и земјата. А сатаната, опкружен со злите ангели, ќе тврди дека тој е Бог, и ќе прави чуда од секаков вид за, ако е можно, да ги прелаже дури и избраните. Божјиот народ нема да наоѓа сигурност во правење на чуда, бидејќи сатаната ќе ги имитира чудата кои ќе се прават. Искушаниот и проверен Божји народ ќе ја најде својата сила во знакот за кој се зборува во Излез 31:12-18. Тие ќе мора да се потпрат на живата реч ’Пишано е‘. Тоа е единствен темел на кој ќе можат да стојат без опасност.“ (Сведоштва за црквата, том 9, стр. 16) {МАР 205.5}