10 јули — Маченици во последните денови

Мараната — Господ доаѓа
Маченици во последните денови
10 јули
„Ќе ве исклучуваат од синагогите. Па уште и ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.“ (Јован 16:2) {МАР 199.1}
„Секој поединец во нашиот свет ќе се подреди под едно од двете знамиња.“ (In Heavenly Places, стр. 48) {МАР 199.2}
„Ќе се одделат две различни војски, а оваа разлика ќе биде толку видлива што мнозина, осведочени во вистината, ќе преминат на страната на оние што го почитуваат Божјиот закон. Бидејќи ова големо дело треба да се одигра за време на битката, пред последниот и завршен судир, мнозина ќе бидат уапсени, мнозина ќе побегнат од големите и помалите градови за да си ги зачуваат животите, а мнозина ќе бидат маченици за Христос, стоејќи во одбрана на вистината.“ (Manuscript 6, 1889) {МАР 199.3}
„Со овој декрет со кој насилно ќе се наметне тој закон на папството и ќе се прекрши Божјиот закон, нашата нација целосно ќе се одрече од праведноста. … {МАР 199.4}
Како што приближувањето на римската војска за учениците на Христа било знак дека му претстои пропаст на Ерусалим, така и ова отпадништво за нас ќе биде знак дека е помината границата на Божјото трпение, дека нашата нација ја наполнила чашата со неправда и дека ангелот на милоста се подготвува да замине и никогаш повеќе да не се врати. Божјиот народ тогаш ќе западне во маки и неволи кои пророците ги опишувале како време на Јакововите маки. Лелекањето на прогонетите верници ќе стига до небото. Како што крвта на Авел викала од земјата, така и гласовите на мачениците од гробовите, – од морските длабочини, од планинските пештери и под манастирските темели ќе викаат кон Бога: ’До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата?‘ (Откровение 6:10).“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 451) {МАР 199.5}
„Кога бил отворен петтиот печат, Јован во Откровението видел под жртвеникот група што била заклана за Божјото слово и за сведоштвото на Исус Христос. Потоа му биле покажани сцените од 18. глава, кога оние што се верни и вистинити ќе бидат повикани да излезат од Вавилон.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 968) {МАР 199.6}
„Христос ќе ги обнови животите на оние што загинале, зашто Тој е Животодавецот. Тој ќе ги награди праведниците со бесмртен живот.“ (Review and Herald, 7 декември 1897) {МАР 199.7}
