9 јули — Под смртна закана

Мараната — Господ доаѓа

Под смртна закана

9 јули

„Ако ти премолчиш во ова време, тогаш слободата и спасението на Јудејците ќе дојде од друго место, а ти и домот на таткото твој ќе загинете. И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство?“ (Естира 4:14) {МАР 198.1}

„Наскоро пред светот ќе се одиграат величествени настани. Крајот на сè е близу. Врз Божјиот народ доаѓа време на неволја. Во тоа време ќе биде издаден проглас со кој на празнувачите на Господовата сабота ќе им се забрани да купуваат или да продаваат, под закана со казна, дури и со смрт, ако не го почитуваат првиот ден од седмицата како сабота.“ (Review and Herald, 19 ноември 1908) {МАР 198.2}

„Декретот кој ќе биде издаден против Божјиот народ ќе биде сличен на оној во времето на Естира кој го издал Артарксеркс против Евреите. … Сатаната го поттикнал овој план со намера да ги истреби од лицето на земјата оние кои во себе го чувале сознанието за вистинскиот Бог. Но неговите намери биле осуетени од една сила која владее меѓу синовите човечки. … Протестантскиот свет денес во малиот собир на оние кои ја празнуваат саботата гледа еден Мардохеј пред вратата. Нивниот карактер и живот во кои се огледа почитување кон Божјиот закон претставуваат постојан укор за оние кои Го отфрлиле Христа и Неговата сабота ја газат под нозете. Несаканиот натрапник кој го нарушува нивниот мир мора да биде отстранет по секоја цена. {МАР 198.3} {МАР 198.4}

Истиот мајсторски дух кој во минатите векови правел завери против верните и денес сѐ уште се труди да ги отстрани од лицето на земјата оние кои се бојат од Бога и го држат Неговиот закон. Сатаната копнее да предизвика огорченост против понизното малцинство кое доследно одбива да ги прифати популарните обичаи и традиции. Луѓето со високи положби и углед ќе се придружат на беззакониците и неугледните за заедно со нив да се борат против Божјиот народ. … Бидејќи против бранителите на саботата нема да можат да се повикаат на ’така вели Библијата‘, тие ќе прибегнат кон притисок за да го надоместат овој недостаток. … На тоа боиште ќе дојде до последната голема борба меѓу вистината и заблудата. И ние не сме оставени во незнаење во поглед на исходот на овој судир. Сега, како и во деновите на Мардохеј, Господ ќе ја одбрани Својата вистина и Својот народ.“ (Сведоштва за црквата, том 5, стр. 450, 451) {МАР 198.5}