8 јули — Предадени од пријателите и роднините

Мараната — Господ доаѓа

Предадени од пријателите и роднините

8 јули

„И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.“ (Матеј 10:36) {МАР 197.1}

„Кога Божјиот закон ќе биде прогласен за неважечки, а црквата ќе биде просеана со огнените искушенија на кои ќе бидат подложени сите што живеат на земјата, голем број од оние што се сметаат за искрени ќе се свртат кон измамливи духови и ќе станат предавници на светите вистини. Ќе се покажат како нашите најлоши прогонувачи. ’а и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе‘; и мнозина ќе се свртат кон измамливи духови.“ (Review and Herald, 8 јуни 1897) {МАР 197.2}

„Оние што отпаднале во времето на неволјата ќе сведочат лажно и ќе ги предадат своите браќа за да си ја обезбедат сопствената сигурност. Ќе дојавуваат каде се кријат нивните браќа, доведувајќи ги волците на нивната трага. Христос нè предупредил за ова за да не бидеме изненадени од суровото, неприродно однесување на нашите пријатели и роднини.“ (Review and Herald, 20 декември 1898) {МАР 197.3}

„Треба да сфатиме дека мораме да се ослободиме од сите раце освен од раката на Исус Христос. Ќе се покаже дека сме имале лажни пријатели што ќе нè предадат. Роднините што непријателот ги измамил ќе мислат дека Му служат на Бога со тоа што ни се противат и вложуваат најголеми напори да нè доведат во тешки положби, надевајќи се дека ќе се откажеме од својата вера. Но можеме да ѝ веруваме на Христовата рака, која нè држи во мракот и опасноста.“ (Manuscript 21, 1889) {МАР 197.4}

„Христовите следбеници мораат да очекуваат дека ќе се соочат со потсмев. Ќе бидат исмевани. Нивните зборови и вера ќе бидат погрешно прикажувани. Студенилото и презирот можат да бидат потешки од самото мачеништво. … {МАР 197.5}

Родителите сурово ќе се свртат против своите деца што ќе ја прифатат непопуларната вистина. Оние што совесно Му служат на Бога ќе бидат обвинети за бунт. Имотот што со завештание им бил оставен на децата или на други роднини што веруваат во сегашната вистина ќе биде предаден во други раце. Старателите ќе го ограбат она што им припаѓа на сираците и вдовиците. Оние што ќе се одделат од злото ќе станат плен поради законите донесени за насилно влијание врз совеста. Луѓето ќе присвојуваат имоти на кои немаат право. Зборовите на апостолот ќе се исполнат во блиска иднина: ’А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети‘.“ (Letter 30а, 1892) {МАР 197.6}