28 јуни — Протестантизмот се обединува со папството

Мараната — Господ доаѓа
Протестантизмот се обединува со папството
28 јуни
„А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот. Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.“ (Откровение 17:12,13) {МАР 187.1}
„Како што се приближуваме кон последната криза, од најголемо значење е меѓу Господовите претставници да владее хармонија и единство. Светот е полн со бури, војни и судири. Меѓутоа, под едно раководство – под папската сила – светот се обединува против Бога во лицето на Неговите сведоци.“ (Сведоштва за црквата, том 7, стр. 182) {МАР 187.2}
„Кој е тој што ќе ѝ ја предаде својата власт на оваа сила? Протестантизмот — силата која, додека тврди дека го има карактерот и духот на јагне и дека е сојузник на небото, проговорува со гласот на змев. На тоа го придвижува и поттикнува силата од бездната.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 983) {МАР 187.3}
„’Тие имаат една мисла…‘ Тоа ќе биде сеопшто обединување, сојуз на сатанските сили. ’… и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот‘. На тој начин се пројавува истата тиранија и угнетувачка сила против верската слобода, против слободата да Му се служи на Бога според сопствената совест, каква што пројавувало папството кога во минатото ги прогонувало сите што не сакале да се приспособат на обредите и верските церемонии на римокатолицизмот. {МАР 187.4}
Во борбата што во последните денови ќе се води против Божјиот народ ќе се обединат силите на сите што се одвоиле од Бога преку непризнавање на Неговиот закон. Големата причина за спорот во тој судир ќе биде саботата од четвртата заповед, зашто токму во таа заповед големиот Законодавец се покажува како Создател на небото и земјата.“ (The SDA Bible Commentary, том 7, стр. 983) {МАР 187.5}
„Преку двете големи заблуди – бесмртноста на душата и светоста на неделата – сатаната ќе успее да го прелаже протестантскиот свет. Додека првата заблуда поставува темел за спиритизмот, втората создава врска на пријателство со Рим. Протестантите во Соединетите Држави ќе бидат први кои ќе подадат рака преку бездната за да ја прифатат раката на спиритизмот. Тие ќе ја прифатат раката на римската власт и под влијание на овој троен сојуз, оваа земја ќе појде по стапките на Рим во газење на правата на совеста.“ (Големата борба, стр. 588) {МАР 187.6}
