25 јуни — Во градовите треба да се работи од надворешни центри

Мараната — Господ доаѓа
Во градовите треба да се работи од надворешни центри
25 јуни
„Затоа излезете од нивната средина и одделете се!‘ Вели Господ, и ’Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!“ (2 Коринтјаните 6:17) {МАР 184.1}
„Ние, како Божји народ кој ги држи заповедите, мораме да ги напуштиме градовите. Како и Енох, и ние мораме да работиме во градовите, но не да живееме во нив.“ (Живот на село, стр. 31) {МАР 184.2}
„Доколку е можно, нашите институции треба да се наоѓаат надвор од градовите. … Но, Божја волја не е Божјиот народ да се насели во градовите, каде што има постојани превирања и конфузија. Нивните деца треба да бидат поштедени од ова; бидејќи целото тело се расипува од брзањето и бучавата. Господ сака Неговиот народ да се пресели на места, каде може да се насели на земја и да одгледува сопствено овошје и зеленчук, и каде што нивните деца можат да бидат доведени во директен контакт со Божјите дела во природата. Изведете ги вашите семејства подалеку од градовите, тоа е мојата порака. … {МАР 184.3}
Вистината треба да биде објавена без оглед дали луѓето ќе сакаат да ја слушнат или ќе ја избегнуваат. Градовите се полни со искушенија. Ние треба да ја планираме нашата работа така што колку е тоа можно да ги оддалечиме нашите млади луѓе од расипаноста. {МАР 184.4}
Во градовите треба да се работи од надворешни места. Божјиот гласник рече: ’Зарем нема да бидат предупредени градовите? Да, но не од страна на Божјиот народ кој живее во нив, туку со тоа што ќе ги посетуваат, за да ги предупредат за она што доаѓа на земјата‘.“ (Живот на село, стр. 30) {МАР 184.5}
„Кога некој народ ќе изобилува со беззаконие, секогаш треба да се чуе еден глас кој предупредува и советува, како што гласот на Лот се слушал во Содом. Сепак, Лот можел да го сочува своето семејство од многу зла, ако не направел свој дом во овој злобен, расипан град. Сѐ што Лот и неговото семејство направиле во Содом, можело да биде направено од нив дури и ако живееле на некое место оддалечено од градот. Енох одел со Бога, но сепак не живеел среде некој град, осквернет со секаков вид на насилство и злоба, како Лот во Содом.“ (Evangelism, стр. 78) {МАР 184.6}
„Енох не избрал живеалиште меѓу злите. … Се населил со своето семејство таму каде што атмосферата била колку што е можно почиста. Потоа оттаму повремено одел меѓу жителите на светот, пренесувајќи им ја пораката што му ја дал Бог. … Откако ќе му ја објавел на светот својата порака, секојпат со себе во своето осамено и повлечено живеалиште водел и некого од оние што ја примиле опомената.“ (The SDA Bible Commentary, том 1, стр. 1087, 1088) {МАР 184.7}
